logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ПАЗАР НА ВИТАМИНИ

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 14 Март 2010 20:18

386
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

Кога луѓето ќе се разболат од некоја болест, без разлика на тоа за каква болест станува збор, сите посегаат по витамини како лекови за кои се надеваат дека ќе им помогнат да ја совладаат болеста. Продавачите на витамини секогаш на полна уста ги фалат своите производи и буквално се расфрлаат со нив нудејќи, ги преку ТВ екраните како производи кои „е дозволено да се рекламираат“.

8-КА веќе неколку пати пишуваше дека витамините не се земаат така како што луѓето навикнале да ги употребуваат, заради тоа што и тие можат да предизвикаат несакани ефекти.

Но, дали луѓето навистина имаат потреба од витамински лекови? Се разбира дека оние кои вистински здраво се хранат, немаат потреба од витамини. Но, од друга страна, повеќето луѓе не знаат вистински што значи здрава исхрана.

Кога на пациентите ќе им советувам здрава исхрана, најголемиот број од нив ми потврдуваат дека здраво се хранат, а кога ќе побарам да ми опишат што значи тоа здраво хранење, скоро сите ми посочуваат дека редовно пијат млеко, земаат риба најмалку еднаш неделно, јадат овошје во големи количини и слично. Тоа не е здрав начин на исхрана.

 

Она до што дојдов како заклучок е дека поимот „здрава и балансирана храна“ воопшто не е дефиниран. Па така, секој буквално изнесува секакви информации кои се базираат само врз комерцијалната заработка на производителите на храна, медиумите, фармацевтите...

Во последно време постојат цели ТВ проекти преку кои се продаваат одредени лекови-витамини или пак таканаречени ТВ ординации, преку кои одредени продавачи на такви суплементи им укажуваат на луѓето зошто е добро да го купат и да го консумираат нивниот производ. Ако ги анализирате сите тие медиумски активности и проекти, како што се разни емисии од областа на здравото живеење, ќе забележите дека секоја од нив буквално продава некаков производ. Значи, сè е за пари. Емисијата 8-КА, која одеше на телевизија, не продаваше ниту еден производ, и затоа телевизиите немаа мотив за нејзино продолжување. Од друга страна, оние кои продаваа свои производи под мотото „купете здрава храна“, 8-КА почна да ги разоткрива, па така се уплашија и направија сè за да проектот 8-КА не оди во јавност. Затоа сега гледаме само ТВ проекти кои само продаваат „здрави производи“. Како резултат на таквата маркетинг измама, многу луѓе се подвргнуваат на „испитување“ за да се види дали во нивниот организам има или нема доволно витамини, кои, во случај да ги нема, ќе можат да ги набават од оној кој ги продава, а во исто време , токму тој што ги продава таквите лекови, има апарат за да го направи испитувањето. Скоро и да нема некој пациент кој после „испитувањето“ не дознал дека му недостасува некој витамин, или како што се вели со медицински израз, дека има витамско-дефицитен синдром.

Колку луѓе, меѓу кои и доктори, се заинтересирале за тоа како и кој ги прави бројките за потребни количества витамини, според кои се одредува дали некој е дефицитарен со витамини или не е? Со други зборови, како ние можеме да ја „измериме“ дефицитарноста? Што е всушност таа?

Сето ова се базира на таканаречената РДА програма (Recommended Dietary Allowances) која ја направија здравствените авторитети на Запад уште во 1941 година, со цел да се дефинираат нутрициските потреби на луѓето во склоп на програмите за исхрана, а кои имале за цел да обезбедат минимални потреби од храна кај населението, без да се јават дефицитарни состојби на организмот.

Како биле воспоставени таквите норми за исхрана и потребни количини на храна? Прво, количеството од одреден вид храна кое било потребно, било дефинирано според тоа колкаво е минималното количество од храна која би ја јадело целокупното население, а кое кај половина од населението нема да предизвика дефицитарни проблеми, додека кај другата половина од населението ќе предизвика такви проблеми. Според резултатите при примена на методите на две стандардни девијации, РДА успеале да ги одредат минималните количини од нутритиентите потребни да ги задоволат потребите за околу 98% од населението. Значи, за 2% од луѓето сепак не може да се каже дека се безбедни ако ги следат препораките на РДА. Настрана од дискусијата за тоа како се одредени минималните потребни количини на храна кои би требало да се консумираат за да се избегнат дефицитарните состојби на организмот,  постојат повеќе моменти за кои треба сериозно да се размислува.

  1. Човечкиот организам е сложен комплекс, биохемиска машина која има посебни специфични потреби за да се обезбеди здравје, вклучително и нутритивни потреби. Но покрај храна, човекот има потреба од воздух, топлина, засолниште, сонце, меѓусебно дружење. Недостаток на кој било од овие потреби може да резултира со нарушено здравје. Современиот начин на исхрана се карактеризира со екстремни недостатоци или екстра количини од одредени видови на нутритиенти, и тие состојби предизвикуваат нарушување на биохемиските процеси и појава на болест.
  2. Разликите во начинот на исхрана се екстремно различни во одделни делови од светот. Популациите во светот се разликуваат по должината на животот, по квалитетот на животот, по гладот или по прејаденоста.

Ако мислите дека со постојано земање на витамини во вид на таблети ќе ги задоволите потребите на вашиот организам, тогаш премногу грешите. Витаминските таблети се само делумно витамини, а остатокот од таблетата содржи и други хемикалии кои никако не се истите фитохемикалии кои се наоѓаат во плодовите каде се наоѓаат и витамините. Така, овие таканаречени синтетички витамини не можат никако да се прогласат за „невини“ во однос на предизвикување на некои несакани ефекти врз организмот, меѓу кои и појава на дегенеративни болести. Всушност, можеме да зборуваме за повеќе проблеми во однос на синтетичките витамини од кои би се издвоиле четири:

 

1)Природата предвидела човекот да консумира интегрална храна, преку јадење на цели, интегрални плодови, каде сите витамини, минерали, антиоксидантски и ензими се наоѓаат заедно во пакет. Тие делуваат и функционираат заеднички, синхронизирано, обезбедувајќи ја потребната хранлива вредност за организмот, оптималното здравје.

 

2) Организмот користи само многу мал процент од синтетичките витамини и минерали кои се во изолирана форма. Најдобра биоискористеност на витамините и минералите има кога тие се внесуваат преку целата, интегрална храна.

 

3) Синтетичките витамини можат да доведат до нарушување на рамнотежата меѓу витамините, така што од витаминот кој се зема во синтетичка форма, може да му се „наметнат“ на организмот многу поголеми количини, за разлика од другите кои организмот ги има во доволна количина, па така да се дојде до витаминско-минерален дисбаланс на организмот.

 

4) Ако создадете навика витамините да ги консумирате во синтетичка форма, тогаш сте далеку од водење вистински здрав живот. Тогаш вашите животни навики, кои се надвор од природниот тек на животот, ќе ве одведат до комплицирање на здравјето, односно негово нарушување, затоа што со неземањето на витамините во нивна природна форма, вие истовремено не ги обезбедувате и другите хранливи материи на природен начин.

 

Откога ќе го прочитате овој текст, мислам дека ќе знаете што треба да направите. Треба да ги смените вашите навики за исхрана и да се свртите кон целата, интегрална, природна храна. Направете го тоа уште денес затоа што денес ви е првиот ден од остатокот на вашиот живот, во кој можете да доживеете комплетна обнова на вашиот организам. Мултивитаминските дневни дози уште денес почнете да ги обезбедувате со јадење на цели свежи плодови, со умерена физичка активност и изложување на дневна светлина. Тоа е паметен животен стил, стил на исхрана и стил на однесување кон себеси и околината.

 

МАЛИ, НО ВАЖНИ СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

За да изградите комплетно здрав животен стил, не заборавајте да обратите внимание на следново:

  1. избегнувајте храна на која пишува дека содржи какви било синтетички адитиви;
  2. внимавајте од кој производител е храната која ја купувате, односно како ја произведува, каква опрема поседува и каква технологија користи;
  3. кога набавувате храна од зелените пазари, секогаш информирајте се од каде потекнува таа храна. Најдобро е да купувате храна од познати индивидуални производители за кои знаете од каде наводнуваат и дали користат некакви хемикалии со кои ги прскаат  производите;
  4. најдобро е да купувате органски произведена храна, што значи храна во чие производство не се користат пестициди и вештачки ѓубрива и се наводнува со чиста и исправна вода.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;