logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЈАТКИТЕ ДОАЃААТ ВО ТВРДО ПАКУВАЊЕ

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 24 Март 2010 01:02

393
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 3.67 од 5)

Можеби овој текст требаше да го напишам уште на почетокот на зимата кога почнуваа празнувањата на зимските празници. Сепак, никогаш не е доцна да се дознае нешто кое би требало да влијае на навиките на денешните луѓе и да придонесе за изградба на нивните здрави животни навики.

Зошто ги споменувам зимските празници? Затоа што моето сеќавање на нив уште од времето на моето детство е поврзано со радосни моменти на подготовка на вкусна храна, игра и забава и бескрајна река од детски желби. Тоа беа денови на „посебни задоволства“ и „игри на кршење оревчиња, лешници, бадеми“. Тие всушност беа таканаречената „специјална храна“ која секогаш доаѓаше во цврсто пакување. Ние децата моравме да ги кршиме тврдите оревчиња со камен или кршачка за ореви. Тоа бараше труд и време, за да се дојде до вкусот на јатката...

Но, денес децата и нивните родители немаат толку многу работа. Доволно е само да се отвори капакот на кутијата со лешници, бадеми, кикиритки или да се скине ќесичката со веќе излупени јатки и да се истури директно во устата, и после седум, осум џвакања, да се голтнат веднаш околу 120 калории. Така, само за неколку секунди, па нека бидат и минути, организмот се обезбедил со енергетски наслаги во поткожно масно ткиво кои би требало да му се најдат во услови на гладување...

Дали знаете дека семињата, растителните семиња, се всушност „депонирана енергија“? Тие треба да се засеат напролет за од нив да никне ново растение. Имено, семињата, мешунките, житата и јатките имаат иста функција за растенијата на кои им припаѓаат. Овие четири групи се разликуваат по количеството на масти и јаглехидрати кои се складирани во нив во облик на енергија. Јатките и семките се главно масни резерви. Житата се складирани јагленихидрати. Мешунките како гравот, грашокот и леќата се исто така јаглехидратни резерви. Кикиритките, иако се во вид на мешунки, се јатки со масни резерви. Сите овие складишни органи на растенијата содржат и други хранливи состојки, како што се протеини, витамини, минерали и многу други фитонутритиенти, кои се важни за нивно ’ртење.

Човечката популација е дизајнирана така што функционира на енергијата која главно треба да се обезбеди од комплексните јаглехидрати кои се содржат во скробните растенија, и тоа житата, компирот, оризот. Овие растенија содржат малку масти. Човечкиот организам е создаден така што најпрво ги согорува јаглехидратите, а не мастите. Уште еден доказ за тоа е фактот кој 8-КА постојано го посочува: на врвот на човечкиот јазик се наоѓаат рецепторите за благо. Рецептори за масти воопшто нема на јазикот. Примарните дигестивни ензими – амилазите, кои се наоѓаат во дигестивниот тракт на човекот, се за разградба на јаглехидратите, односно скробот, а не за разградба на мастите. Се разбира дека постојат и ензими за разградба на мастите, но ензими за разградба на скробот има уште во усната шуплина и уште оттука најпрво започнува нивната разградба и искористување. Главните и најголеми органи во човечкиот организам, како што се мускулите, срцето, црниот дроб, функционираат на енергијата која се добива од јаглехидратите.

Во текот на животот човекот треба да функционира правилно, и тоа како физички, така и умствено. Законите на преживување покажале дека во текот на човечката историја многу подобро поминале оние народи и луѓе кои енергијата за своето функционирање ја обезбедувале од „адекватни извори“. Имено, оние народи и луѓе кои енергетските потреби ги задоволувале од скробни производи, секогаш имале оптимални изгледи за успешно преживување и во периоди на кризи.

Денешните спортисти кои се правилно едуцирани за тоа, знаат дека за вистински успех треба да се обезбедат со скробен извор на енергија. Има и такви кои пред натпревари јадат претерано концентрирани масни производи, мислејќи дека со тоа ќе се обезбедат со големи енергетски резерви. Таквите спортисти не покажуваат добри резултати. Исто така, позната е и една група на вегетаријанци кои се организирале во планинарска експедиција со цел да го освојат највисокиот врв на светот Монт Еверест. Но, не успеале. Во нивниот извештај стоеше дека нивните главни резерви на храна биле јатки и суво овошје, што е многу погрешно (8-КА во повеќе наврати пишуваше за вегетаријанци со погрешни навики на исхрана).

Оние луѓе кои се хранат со високо протеинска или високо масна храна, а треба да бидат физички и умствено активни, во првите два до три дена ги трошат своите јаглехидратни резерви, а потоа нагло ги губат своите физички и психички способности. Овде сум сигурна дека некој од читателите ќе сака да ми опонира, тврдејќи дека кога ќе изеде парче добар стек или нешто помрсно, чувствува поголема физичка сила и покажува добри резултати. На тие читатели им препорачувам повторно да ја прочитаат претходната реченица и ќе им стане јасно од каде им е таквата сила. Истата препорака важи и за оние читатели кои сметаат дека чувствуваат голема енергија откако ќе се најадат многу јатки (особено пржени во зејтин), па дури тоа го поврзуваат со зголемена сексуална способност. Поврзаноста на мрсните јатки со зголемената сексуална способност, особено кај мажите, постои, но не како што тоа повеќето го замислуваат. Потсетете се дека 8-КА јатките ги вбројува во здрава храна и добра навика да се изгрицкаат неколку јатки во текот на денот, но повторно сетете се: јатките доаѓаат во цврсто пакување. Дали тоа нешто ви значи во однос на тоа колку јатки треба да се изгрицкаат? Значи малку, умерено. Кога таквата навика на грицкање јатки ќе ја искомбинирате со останатите здрави навики во исхраната, тогаш очекувајте го и вашиот вистински сексуален успех. Ако постапите поинаку, нема да го доживеете Монт Еверест...

Дали сега се сетивте за уште една полемика со мене? Можеби ви текна на познатата секси салата која ја препорачуваат и многу нутриционисти. Да, и тоа е точно, но 8-КА ви препорачува начин на исхрана според кој нема да имате потреба од дополнитетелен „допинг“ во одредено време, односно вашите способности ќе бидат на високо ниво во секое време. Инаку, секси салатата е јадење кое придонесува за брза „инфузија“ на јаглехидрати и се поврзува со таканаречениот висок гликемичен индекс. Гликемичен индекс кај еден организам е мерење на покачувањето на шеќер во крвта во период од два до три часа по јадењето.

Јадењето на поголеми количини на јатки е поврзано и со здебелување. Ако јадете по триесетина грама јатки секој ден, што значи по околу 150 калории само од нив, тогаш имате можност да покачите околу 750 грама телесна тежина месечно, изразено како наслага на маст. Можеби сепак треба да се земат предвид „олеснителните околности“ при јадењето на јатки, и тоа: фактот дека се тие богати со незаситени масни киселини кои организмот подобро ги согорува или фактот дека може полесно да се исфрлат со фецесот ако не се добро соџвакани. Но, дури и тогаш треба да се знае дека триесетина грама јатки дневно (што би се рекло една уста јатки) е премногу за организмот. Но чекајте, дали можете да си верувате дека сигурно ќе застанете само на количина од „една уста јатки“, со огледот на тоа дека тие се прогласени за „заразно јадење“...?

Како и да е, јатките треба да се дел од здравата исхрана. Тие се вклучени во исхраната и на мојата програма „Д-р Бибан“ и ги препорачувам да бидат застапени во „одредени количини“. Но, што значи тоа, одредени количини? За да се потсетите, прочитајте го повторно почетокот на овој текст, но овој пат читајте со јазикот на природата. Природното пакување за овој вид храна значи порака од самата природа: за да се дојде до јатката, треба повеќе труд и повеќе време за да се скрши цврстата обвивка. Тоа значи  дека треба помалку да изедете...затоа што тоа е специјална храна за специјални пригоди.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.