logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЛОШИОТ ЗДИВ ИМА ВРСКА СО СТОМАКОТ, А НЕ САМО СО СТОМАТОЛОГОТ

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 04 Април 2010 18:04

421
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(7 гласа, просек 5.00 од 5)

Купете ваква или онаква паста за заби! Ќе имате убава насмевка и свеж здив! Тоа се пораките од секојдневните реклами наменети за производите кои треба да ги купите за да го избегнете лошиот здив од вашата уста.

Но, покрај сè,  јас тврдам дека ако сè уште не сте го смениле вашиот начин на исхрана, и понатаму ќе испуштате издувни гасови (и одозгора и одоздола), кои многу ќе придонесуваат за загадување на животната средина. Во меѓувреме можете да одите на стоматолог секој ден, да користите најскапа паста за заби, да џвакате ментол постојано, и повторно, нема да се „одмирисате“.

Кога ќе му се пожалите на вашиот стоматолог дека имате непријатен здив, дали ве запрашал за тоа дали имате смрдливи гасови кои ги испуштате анално? Колку безобразно?! Како може такви прашања да се поставуваат?

Ако размислувате вака, од аспект на „срамотните муабети“, тогаш треба да знаете дека никогаш нема да се ослободите од лошиот здив. Затоа, 8-КА ја разбива табу темата: да зборуваме за гасовите! Но слободно, а не ограничени од малиот фонд на зборови со кој нема да можеме да му ја доближиме темата на секого ...

Затоа, предлагам да зборуваме непосредно, односно да зборуваме за флатусите... пардон, да зборуваме за цревните гасови. Дали има човек кој нема гасови? Се разбира дека нема. Зборот флатуленција доаѓа од латинскиот збор флатус, кој во превод значи цревен гас. Просечен човек кој е на вообичаено прифатената исхрана, дневно испушта по 15 до 20 пати цревен гас, значи може да привлече внимание од околината по толку пати во денот, во вкупен волумен од околу 705 мл.

Најголем извор на цревен гас кај луѓето е работата на цревните бактерии кои се наоѓаат во дебелото црево и ја довршуваат дигестијата на храната. Јаглехидратите кои тенкото црево не успеало да ги дигестира во целост, се транспортираат во дебелото црево, каде се доразградуваат од страна на цревните бактерии преку процесот на ферментација. Тие недигестибилни јаглехидрати кои се разградуваат на таков начин во дебелото црево, се познати како фибер. Кога фиберот се разградува преку процесот на ферментација, се создаваат гасови од типот на азот, кислород, јаглен диоксид, водород и метан. Овие гасови не смрдат или немаат непријатна миризба.

Смрдливиот гас кој потсетува на расипани јајца, се создава заради присуството на сулфур кој се создава кога се јаде храна која создава сулфур. Која е таа храна? Петнаесет пати поголема количина на сулфур се создава кога се јаде месо и млеко, отколку кога се јаде вегетаријанска храна. Најголемиот број растителни хранливи продукти имаат многу мала количина на сулфур, со исклучок на брокула, карфиол и лук.

Но, кога зборуваме за недигестибилни јаглехидрати кои ќе треба да се доразложат во дебелото црево, треба да се спомене лактозата од млекото и млечните производи, и таа е еден од најголемите причинители на гасови во дигестивниот тракт. Млечните производи, вклучително сирењата, содржат и големи количини на смрдлив сулфур. Од овие сулфурни супстанции не се засмрдуваат само гасовите, туку се засмрдува и здивот, затоа што тие супстанции како гасови се апсорбираат повторно во крвотокот и се носат до белите дробови, од каде се „издувуваат“. Дали сакате да подарувате „сулфурен“ бакнеж? Колку и да е нежен таквиот бакнеж, ги убива емоциите на тој на кого му го подарувате...

Сите нерафинирани растителни производи, вклучително и житарката, овошјето, зеленчукот, содржат недигестибилни јаглехидрати, кои ќе треба да се разградуваат во дебелото црево под дејство на цревните бактерии, преку процесот на ферментација. Така ќе се создаваат гасови, исто така. Но, од нив нема да се засмрдува просторијата во која престојувате, а нема да смрди ниту здивот.

Белиот ориз е еден од прехранбените продукти кој скоро целосно се разградува во тенкото црево, како и белите рафинирани брашна. Тие многу малку се доразградуваат во дебелото црево и не создаваат флатуси. Но, од друга страна овие рафинирани производи имаат многу негативни особини со кои го компромитираат здравјето на луѓето. Затоа преземете паметни чекори и тоа, ако сакате да го избегнете создавањето на смрдливи гасови и смрдлив здив, ќе морате да избегнувате храна богата со сулфур. Првиот чекор кој ќе биде и најпродуктивен во таа работа е да ја исфрлите целата животинска храна од вашето мени, со што ќе го намалите за повеќе пати внесот на храна од која се создаваат сулфурни гасовити супстанции. Веднаш ќе забележите и самите како ви се освежува здивот и без ментол, освежителни пасти или бонбони. Но, немојте да заборавите дека во првите денови на вашата десулфуризација, ќе почувствувате поинтензивна работа на цревата и поголема количина, на среќа, несмрдливи издувни гасови – помодерно – флатуси. Тоа значи дека организмот се навикнува на новиот начин на исхрана и таквата промена ќе почне да се намалува, односно, да се смирува за време од околу две недели. Кај некои луѓе таквиот процес може да трае и подолго, затоа што е потребно време за „рекомпонирање“ на бактериската флора во дебелото црево.

Како и да е, некогаш е потребно да знаете како да ја избегнете храната која има способност да создава поголема количина на цревни гасови. Така, мешунките (грав, грашок, леќа), содржат два вида на потешко сварливи јаглехидрати (рафиноза и стахиоза) кои се одговорни за популарниот „подуен стомак“. Во тој период би требало да се намали внесот на оваа храна. Кај некои луѓе се создаваат поекстремно цревни гасови и од брокула, зелка, карфиол, па дури и од моркови, целер, компир, банани, житарки и сл. Секоја индивидуа треба самата да „забележи“ кој е тој производ кој придонесува за тоа, а со тоа самиот може да одлучи која храна ќе ја консумира повеќе или помалку. Но сепак, треба постојано да се има на ум дека растителната храна е храна која не создава гасови со супстанции опасни по здравјето, како што е сулфурот.

 

На крајот, еден научно-готварски совет: КАКО ДА ГО „ДЕГАСИФИЦИРАТЕ“ ГРАВОТ

 

Дваесет и четири часа пред да го варите, гравот потопете го во вода и оставете го така дванаесет часа. Потоа истурете ја водата од гравот и оставете го гравот на водена хартиена салфетка уште дванаесет часа. Кога ќе забележите многу мали бели ’ркулци, тогаш гравот е подготвен за варење. Времето за варење на гравот е многу пократко од вообичаеното, заради претходната подготовка. Вака подготвениот грав е „онеспособен да создава флатуси.“

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.