logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА ЧУВСТВАТА

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Сабота, 17 Април 2010 22:24

425
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(9 гласа, просек 4.89 од 5)

Животот е многу побогат за оние кои богато чувствуваат...

Можеби е најдобро интуицијата да се опише како чувство на цревата или стомачен сигнал; можеби мешавина на сензорните перцепции и искуството од минатото при исти ситуации; кога внатрешното ќе се спои со емоциите постои можност интуитивно да ги распознаете работите во дадена ситуација. Интуицијата може да биде измешана со инстинктите, кои многу повеќе претставуваат телесни сензации поврзани со рефлексите на „попримитивните зони“ на мозокот...

Интуиција е збор кој потекнува од латинскиот израз intueri, што значи поглед внатрe. Тоа е начин да се препознае, да се почувствува вистината без никакво објаснување. Поинаку може да се дефинира како: моментално препознавање на нешто без користење на свесното резонирање.

Интуицијата е многу често присутен феномен и може да биде користена од секого. Таа често се нарекува шесто сетило. Интуицијата е неопходно потребна за да се живее хармоничен внатрешен и надворешен живот. Морам да споменам дека најновото време во кое живееме, сè повеќе внимание посветува на будење на човечката духовност. Има многу доктори кои укажуваат на значењето на човечкото нематеријално битие за здравјето на секој човек поединечно и заеднички. Хармонијата на нашата внатрешност е резултат на нашата способност да ја спознаеме интуитивно добрата или лошата страна на настаните кои следат...

 

„Да се размислува преку интуицијата. Базата на правилното мислење е интуицијата. Тоа не е интелигенција, туку интуиција која го унапредува човештвото. Не може да се погреши ако се следат чувствата. Не мислам емоциите, туку мислам чувствата, затоа што чувствата и емоциите се едно“ – објаснува Алберт Ајнштајн.

 

Силата на интуицијата и способноста на човекот да ја следи истата е услов за беспрекорно живеење и успех. Колку денешниот човек е способен да ја користи својата природна интуитивна моќ? Сè помалку и помалку... Начинот на кој живее, современото општество, материјалните вредности со кои се мери човечката моќ и способност, сè повеќе го оддалечуваат човекот од неговата природна суштина.

Дали луѓето ја заборавија својата интуиција и зошто? Еден напис објавен во Национална географија во 2005 година објаснуваше како животните кои ја следеле својата интуиција успеале да се засолнат навреме пред невремето што подоцна се случи на брегот на Шри Ланка и Индија. Слоновите рикале и бегале што подалеку од брегот, кучињата не сакале да излезат надвор, птиците летале високо над земјата. Многу животни потоа се појавиле неповредени на местата каде многу луѓе настрадале. Дали животните се поинтелигентни од луѓето? Не, туку животните ја следеле својата природна интуитивна моќ.

Многу луѓе денес сè повеќе се информираат и се трудат да ги разбудат своите интуитивни способности. Морам да кажам дека сè повеќе информации околу таквата потреба прострујуваат меѓу луѓето и тоа е можност човештвото конечно да почне да се буди и да ја разбира смислата на животот и можностите кои ги поседува за правилно креирање на сопствената иднина. Но како да се направи таквиот напредок?

Најпрво, направете го сопственото „прочистување“. Примерот кој погоре го наведов со животните не е случајно одбран. Животните многу повеќе можат да ги следат своите интуитивни информации затоа што живеат најблиску до природата на својот организам. Тие живеат во природна средина и се хранат со природна храна. Јас го почитувам напорот на луѓето и на многубројните духовни учители кои сакаат да им помогнат на луѓето да достигнат нивно „духовно прочистување“. Но она што на многумина им недостасува во тоа е вистински здравиот начин на исхрана. Во еден од поранешните броеви на 8-КА пишував за лекувањето на целиот човечки организам, и тоа телесно, односно материјално и психичко, односно духовно. За да се постигне вистинско духовно излекување, односно за да се постигне вистинско духовно будење, мора да се среди материјалното или барем она што го доживуваме како материјално. Тоа значи дека метаболично и енергетски, човечкиот организам, односно човечкото тело мора да биде на иста фреквенција со природата. Тоа најбрзо се постигнува ако се помине на природна храна за човекот, а тоа е чистата (органска) растителна храна. Значи, за вистинско духовно будење, денешниот современ човек мора да почне со материјално пречистување. Не се случајно ставени постите или други начини на исхрана во различните религиски верувања, само што тие многу погрешно се сфатени и погрешно се интерпретираат од различните припадници на верските учења. Па, можам да кажам дека некои од нив и многу погрешно се спроведуваат. Ова е премногу широка тема за дискусија и сигурна сум дека многумина од читателите сакаат да коментираат на ваквите мои ставови. Со оглед на тоа дека овде просторот е ограничен, ветувам дека овој текст ќе го објавам на веб сајтот на 8-КА (www.8ka.com.mk ), па повелете, посетете го и дискутирајте.

(Објавен текст од најновиот број на списанието 8-КА , Април 2010) 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.