logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

БУНТОВНИШТВО ВО МЕДИЦИНАТА

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 06 Јуни 2010 21:18

433
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(6 гласа, просек 3.50 од 5)

За докторите да  имаат било каков јавен кредибилитет , тие мора да ја испочитуваат својата  медицинска заклетва и одговорно  да ја следат медицинската вистина .

Изворот од каде се добивааат информациите и секако односот на лекарите кон истите е од суштинско значење за медицината . Фармацевтската пракса е евидентна не само во медицинските училишта, туку и во медицински организации, и во владините институции, кои ја  надгледуваат медицината и јавното здравство. Сите овие медицински организации се во бизнис на силно вооружување доктори, како војска за остварување профитабилни практики за индустријата.

Според Асошиејтед Прес, еден од четири американски родители верува дека некои  вакцини предизвикаа аутизам  кај здрави деца. Сојузната американска влада ја оспори оваа идеја  силно, толку многу што комплетно ги поби овие родители и ја изигнорира медицинската наука која покажува силна асоцијација помеѓу нервниот отров Thimerosal (живино соединение кое го има во вакцините) и невролошките оштетувања.

Некои  лекари пак во светот, но и кај нас, заземаат тврд  став за корисноста на вакцината и вршат притисок  врз родителите кои одбиваат вакцини за своите деца. Некои родитетли пак, иако се свесни дека нема стопроцентна гаранција за безбедноста на вакцините, се плашат да одбијат вакцина за нивните деца заради законските норми со кои се заплашуваат. Нејасно е како може да се сносат последици од одлуката за невакцинирање на детето во услови на нецелосна безбедност од вакцините, и тоа дотолку повеќе што ширењето на информациите за опасноста на вакцините и профитирањето на фармацевтските компании во последниве години е незапирлив процес. Во вакви услови никој не може одлуката за невакцинирање на своето дете од страна на родителот да ја окарактеризира како негрижа на родителот или неодговорно родителско однесување.

Мислам дека ова е најсоодветно време за лекарите да го откупат својот кредибилитет во лицето на нивните пациенти, нивните професионални организации, и човештвото, барем за едно важно прашање кое прави сериозни пукнатини во темелите и интегритетот на современата медицина. Станува збор за една од најтоксичните супстанции за човекот а тоа е живата. Живата е најстариот токсичен не-радиоактивен елемент на Земјата, а Светската здравствена организација вели дека не постојат нивоа на жива што може да се сметаат за безбедни. Живата ја минува крвно-мозочната бариера лесно, веројатно поради формирање на сложени соединенија со амино киселина цистеин. Тоа се елиминира од организмот бавно, затоа и има тенденција да биоакумулира. Во форма на dimethylmercury на помирисување може да убие. .

Зарем тоа не е доволно силен факт за докторите да се охрабрат и да формираат вистинско сопствено мислење? Ние како медицински професионалци секојдневно работиме и ги советуваме нашите пациенти дека не треба да консумираат храна која води до пореметување на организмот, не треба да се консумира алкохол или да се пушат цигари. Секојдневно даваме совети за штетноста на дрогите и ги советуваме пациентите да не подлегнуваат на искушенијата на истата. Но дали истовремено не треба да ја посочиме опасноста од штетните материи кои се содржат во вакцините? Дали не треба да кажеме колку големи последици по здравјето може да има Тимерасолот кој е во голем процент жива? И не се работи само за вакцините. Станува збор за уште многу лекови чии несакани ефекти стануваат нови болести за пациенитите. Се работи и за процедури на испитување кои повеќе повредуваат отколку што помагаат. Дали докторите и понатаму мора да се прават глуви и слепи за работи кои очевидно не се во склат до вистинската медицинска етика? Мислам дека е време за вистинска докторска етика. Тоа можеби некој ќе го нарече бунтовништво само за да заплаши или за да се закани. Но верувам дека најголемиот број медицинари во светот веќе гледаат со широко отворени очи и разбудена свест, се поврзуваат и разменуваат информации. Затоа процесот на преобразба на целата наука и на секој доктор поединечно е практично незапирлив. Оние доктори кои сеуште се со затворени очи и не сакаат да излезат од заспаната матрица на лажната безбедност, ризикуваат да станат единствените жртви на сопствената измама, затоа што ќе бидат буквално прегазени од разбудената свест на целата човечка раса.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.