logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

КОЈ ГО УКРАДЕ МАГНЕЗИУМОТ?

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 06 Јуни 2010 21:29

435
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 3.75 од 5)
Децата со аутизам и со друг спектар на болести, имаат значително пониски нивоа на магнезиум во крвта, за разлика од децата кои немаат здравствени проблеми. Тоа се истражувачки резултати кое се објавени во „Американ журнал оф епидемиолоџи“, (American Journal of Epidemiology), уште во 2002 година, а кои се базираат врз испитувањето на 2 566 деца на возраст од 11 до 19 години. Според тие истражувања, само 14% од момчињата и 12% од девојчињата имаат адекватни количини на магнезиум во крвта. Намалените количини на магнезиум се должат на намаленoто внесување на магнезиум во организмот, а неадекватната количина на магнезиум се доведува во врска со намалениот капацитет на белите дробови (намалената функција и капацитет на белите дробови).

„Дефицитот на магнезиум го потенцира алергискиот одговор на организмот“ – вели Тери М. Филипс – доктор и директор на Лабораторијата за имуногенетика при Медицинскиот центар  на Универзитетот Џорџ Вашингтон (George Washington University Medical Center). Во врска со ова се доведува појавата на таканаречениот синдром на зголемена цревна пропустливост (Leaky gut syndrome), или синдром на „дупнато црево“. Тоа е состојба на екстремно зголемена пропустливост на цревата, која се карактеризира со зголемени меѓуклеточни простори.

Се смета дека исхраната е голем фактор кој доведува до појава на дефицит на магнезиум во организмот. Дефицитот на магнезиум се поврзува и со некои други „бихејвиорални“ нарушувања. Така, аутизмот и други невролошки нарушувања се карактеризираат со знаци на намалени количини на магнезиум.

Зошто количините на магнезиум кои се примаат со исхраната се мали и доведуваат до вакви нарушувања? Затоа што начинот на производство и преработка на храната која ја консумира денешниот човек е таква што води до комплетно енергетско нарушување на истата.

Прво, почвата на која се одгледува храната е осиромашена со минерали и испоснета заради нерационално користење на истата.

Второ, храната која се консумира во најголем процент е рафинирана, односно преработена и осиромашена со минерали.

Трето, многу деца не се способни да го апсорбираат магнезиумот, дури и да е присутен во цревата, заради тоа што процесот на апсорпција во цревата е нарушен. Апсорпцијата на магнезиум зависи од здравјето на цревниот тракт, а оние кои имаат синдром на зголемена пропустливост на цревата не се способни да обезбедат адекватни количини на магнезиум. Тоа е најчесто случај со аутистичните деца.

Четврто, суплементите кои се даваат како надокнадувачи на магнезиум не се апсорбираат во количини кои се навистина потребни, бидејќи тоа се неприродни форми на магнезиум, кој не е лесно да се надокнадува орално.

Синдромот на зголемена цревна пропустливост повлекува по себе цела низа на минерални недостатоци. Тоа е затоа што во самиот процес на воспаление на цревата доаѓа до оштетување на протеините – носачи на магнезиумот, како и на протеините, носачи на други минерали. Така, иако во организмот се внесуваат поголеми количини на магнезиум или други минерали, нивната апсорпција нема да може да се изврши заради непостоење на протеини – носачи. Значи, целата работа влегува во еден магичен круг и се продлабочува постојано. Така доаѓа до недостаток и на цинк, бакар, калциум, и уште многу голем број на други микронутритиенти, како што се витамините и есенцијалните аминокиселини. Кое е решението за ваквиот проблем? 8-КА постојано напоменува дека проблемите, односно болестите се решаваат на суштински начин, а не само со маскирање на симптомите. Така, овој проблем нема да се реши ако болниот се „затрупа“ со она што му недостасува, како на пример магнезиум, калциум, цинк, витамини, аминокиселини и сл. Проблемот ќе се реши ако се појде во отстранување на причините кои довеле до појава на синдромот на зголемена пропустливост на цревата. Тој синдром се карактеризира со воспаление на цревниот ѕид, оток и воспаление, кое е предизвикано најчесто од употреба на антибиотици, некои паразити, екстремно консумирање на рафинирани шеќери и други рафинирани јаглехидрати, таблети за контрацепција, аспирини, жива и други штетни метали, вакцини. Живата има способност да го заземе местото на неколку други минерали кои треба да се најдат во клетката, како што се магнезиумот, бакарот, цинкот, и на тој начин води до комплетно ензимско нарушување на процесите.  Затоа организмот најпрво мора да се ослободи од сите фактори кои довеле до таква состојба на дигестивниот тракт. Со отстранување на факторите кои довеле до состојбата, процесите ќе се придвижат во обратна насока, па би требало да се очекува повлекување на симптомите на болеста. И во овој текст сакам да потсетам дека не треба да се потпаѓа под комерцијалното влијание, односно рекламирање на „чудесниот лек“ кој треба да го купите и едноставно да го испиете за да се излекувате. Такво нешто нема. Тоа има само на телевизија во термините за реклами или други емисии каде вешто се провлекуваат таквите понуди на производи.

Треба да знаете дека постои начин на исхрана, начин на однесување, начин на перцепција на работите, кој ќе ви помогне да ги отстраните причините кои ве довеле до несакана состојба.

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+1 # 19.08.2010 10:12
Ubavo objasneto megutoa ne e kazano vo koj prehrambeni proizvodi ima Magnezium i kkao da go nadoknadime vo dovolna kolicina?
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.