КАКО СЕ ГРАДИ ЗДРАВО ТЕЛО
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 06 Јуни 2010 20:57
За да прифатите програма според која треба да го изградите или реизградите здравјето на вашиот организам, морате да ја разберете суштината на организмот. Мислам дека современата медицина, која е многу поправилно да се нарекува „фармако-медицина“, не посветува доволно внимание на суштината на градбата на човечкиот организам и не го разгледува и организмот како целина. За таквиот став на современата медицина многу придонесе начинот на нејзиното изучување, и се разбира, нејзиното практикување преку различните специјалности кои го разгледуваат телото по делови, а така и го лекуваат. На пример, специјалистот за очи ги прегледува и лекува очите, специјалистот за уши ги лечи ушите, гинекологот ги лечи матката и јајниците, хирургот ги сече и отстранува или „поправа“ оштетените делови од телото, кардиологот го лечи срцето, нервниот лекар мозокот и нервите, нефрологот бубрезите и т.н. Сите тие органи се делови од еден сложен систем и системот во целост не функционира кога се јавува манифестација и на само еден орган. Значи, телото е составено од клетки и ткива, а тие прават органи кои го чинат целиот организам. Ова е сложен енергетски систем, кој за да манифестира здравје, односно правилно функционирање, мора да биде во комплетен енергетски баланс, односно да осцилира во потполна хармонија. Сè додека организмот не почне да се разгледува како систем од енергии, медицината нема да има успех во лекувањето и спречувањето на хроничните, па и другите болести.Секоја клетка од нашиот организам содржи информации од целиот организам, а не само од органот на кого припаѓа. Тоа е многу позната работа, одамна докажана од науката, па се знае дека секоја клетка има информации за коските, белите дробови, црниот дроб, мускулите, мастите, циркулацијата, жлездите... Така, болестите можат да се манифестираат на кој било дел од телото, а всушност се работи за болест на целото тело. На пример, тумор на матката не е болест на матката, туку болест на целото тело, па затоа, ако се отстрани матката, нема да се излекува болеста, туку само ќе се отстрани еден од симптомите на болеста. Енергетското нарушување кое довело до болеста останува на ниво на целиот организам. Процесите на енергетски дисбаланс најпрво се симптоматизираат на едно ткиво, па на целиот орган и на крајот на целиот организам.
Ако сакаме да го дефинираме здравјето, би требало да го објасниме како комбинација од хармонично функционирање, вибрирање на ткивата од целиот организам. Стабилното осцилирање на секое ткиво мора да биде во хармонија со вибрациите на сите ткива во организмот. Секое нарушување на осцилациите на едно ткиво мора да има рефлексија врз стабилноста на останатите ткива во телото. Тоа е една совршена природна хармонија. Како можеме да ја одржиме таквата хармонија или да ја вратиме повторно во совршен баланс? Сигурно не со лекување на само еден орган, туку со лекување на целиот систем.
За уште поубаво да се разбере системот, ќе анализираме постепено:
- Ткивните сокови се течности кои учествуваат со најголем процент во градбата на телото. Тие ги исполнуваат телесните празнини, односно сите клетки на организмот. Телесните течности се во постојано движење. Течностите се всушност подвижни ткива и се наоѓаат насекаде во телото. Значи, ги поврзуваат сите делови од телото. Ткивните сокови се енергија која се пренесува насекаде. Мисловната енергија се пренесува така во сите делови од телото. Така, ако имате лоша мисла која ве вознемирува, тогаш фреквенцијата на таквата мисла се пренесува насекаде низ „материјалното тело“ и енергетски го дестабилизира. Вибрациите на добрата мисла која ве прави среќни и задоволни, исто така се пренесуваат во целото тело и делуваат стабилизирачки на ткивните осцилации.
- Проблемите со крвното ткиво можат да се манифестираат на два начина, и тоа во врска со нашиот темперамент, и во врска со физичките проблеми поврзани со прегрејување на телото и честите инфекции. За да го доведеме енергетски во стабилна состојба крвното ткиво, во такви услови, мораме буквално да го ладиме однадвор. Така, кожата треба да се оладува однадвор, но и однатре преку ладна храна и течности. Кога мислиме да го ладиме или загреваме телото, не мислиме само во однос на температурата, туку и во однос на храната која затоплува, односно лади. На тој момент источните народи посветуваат особено внимание, класифицирајќи ја храната во јин и јанг. Ако од друга страна сте премногу ладни однатре, треба да се загревате, за да постигнете обнова на нарушениот баланс на енергии.
- Мускулите, во услови на енергетско нарушување, манифестираат грч и стврднатост, што резултира со нивна намалена исхранетост и болка. Притисокот во мускулните крвни садови е покачен. Тогаш често се препорачува истегнување, блага масажа и лесно загревање на мускулите. Може да се јави и обратна состојба на мускулна млитавост и слабост, како што се јавува при долготрајно недвижење и неупотреба на мускулите. Тогаш треба да се примени обратен процес на поинтензивна, подлабока масажа и вежби за да се врати мускулното ткиво во нормален енергетски баланс.
- Мастите во организмот се дел од органскиот систем на ткивни енергии. Мастите се потребни, но само онолку колку што ги создава нормалниот, енергетски ненарушен метаболизам. Ако внесувате повеќе од таа количина, се разбира, преку храната, тие веднаш, буквално се таложат под кожата. Вишокот на масти ја нарушува енергетската стабилност на ткивата и тој вишок треба да се елиминира. Дебелиот организам е енергетски нестабилен.
- Коските се цврсти ткива кои секојдневно се губат и се обновуваат преку одвивање на целиот метаболичен ланец. За тоа е потребно умерено движење или умерено вежбање. Екстремното оптоварување на коскеното ткиво води до намалување на нивната цврстина, што се одразува на целокупниот метаболизам. Телото има потреба од природни дневни движења, а не од напорен спорт.
- Нервниот систем, може да се каже, е најтежок да се доведе во хармонија кога еднаш ќе се наруши неговиот хармоничен баланс. Неговото енергетско нарушување води до ланчано нарушување на целата база на податоци во организмот. Ребалансот на нервниот систем никако не може да се постигне со хемиски фармацевтски средства. Со користењето на ваквите средства, односно лекови, доаѓа до подлабоко оштетување на целиот организам, а не до лекување. Со нарушувањето на нервниот систем се поврзуваат почетоците на скоро сите болести. Процесите на разболување се на ниво на сите клетки во организмот.
- Сексуалното ткиво – според многумина е дури повлијателно од нервното ткиво, а јас би рекла силно конектирано со функцијата на нервното ткиво. Нарушувањето на функцијата на сексуалното ткиво води до комплицирање на целиот систем и ребалансирањето на истото мора да биде во корелација со стимулирање на среќата и задоволството на организмот, но не и со енергетска експресија. Со други зборови кажано, енергетското обновување на сексуалното ткиво бара многу љубов и нежност кон организмот, но не и буквални сексуални задоволства, односно оргазам. Според холистичкиот пристап на многу традиционални правила на лекување, доживувањето на оргазам води до експресија, односно губење на енергија. Според нив, оргазмот е во функција на создавање на идеални услови за почеток на градење на нов живот исполнети со изобилство на подарена животна енергија. Затоа, обновата на сексуалното ткиво и ребалансот на енергии не бара оддавање на животна енергија, туку само создавање на истата преку изразување на нежност и љубов, што ќе овозможи проток на енергија низ ткивата. Се разбира дека околу оваа тема има многу спротивставени мислења во сферата на психологијата, психијатријата и медицината воопшто. Како и да е, мислам дека вистинскиот одговор и правилното решение може да се донесат само со холистичко разгледување на енергетскиот систем – организмот.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
Одговор на Д-р Бибан:
Здраво Маја,
идејата за 10 дневен одмор заедно со 8-КА,потекна од неколку практиканти на програмата на 8-КА, но кога ќе се реализира секако дека зависи од бројот на заинтересирани кандидати и од условите кои ќе ги понудат угостителските објекти. Тоа значи дека треба да се обезбедат услови за исхрана според пвидената програма.
Поздрав