logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • Наскоро :
    ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА“
    на ТВ АЛФА
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • СЕМИНАР :
    10-12 Декември 2010
    „Програм Д-р Бибан“
  • 10 - дневен ЛЕТЕН ОДМОР
    Јуни - 2011
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“


во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНАТА ХРАНА ЗНАЧИ ОТРОВ ВО СЕКОЈ ЗАЛАК

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 30 Јуни 2010 20:44

449
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

Џефри Смит, авторот на делото „Семе на Измамата“, зборува за големата опасност од генетски модифицираната храна по здравјето на луѓето и по здравјето на целата планета. И во својата втора книга „Генетски рулет: документирани ризици по здравјето од генетски модифицираната храна“, дава опсежни податоци кои зборуваат за тоа дека овој вид на храна не смее никогаш да биде произведуван.

Џефри Смит е извршен директор на Институтот за одговорна технологија, кој води активна кампања за правилна исхрана во Америка, чии главни поенти се едукација и поттик на населението да ја одбиваат ГМО храната...

Дали знаете што значи да се јаде генетски модифицирана храна? Можеби многумина не ги интересира потеклото на храната... можеби е важен само добриот вкус и ништо повеќе. Проверете дали претходниов месец имате купено и консумирано храна која е генетски модифицирана. Да видиме како ќе се чувствувате ако знаете неколку работи за генетски модифицираната храна, за кои порано не сте се интересирале ...

За студијата која е работена во врска со исхраната на луѓето и влијанието на генетски модифицираната храна врз нивното здравје, седум доброволци јаделе „роундап-реди сојабинс“ (Roundup-ready soybeans). Тоа е генетски модифицирана соја, која со генетски инженеринг е трансформирана во соја која поседува гени за отпорност кон хербицид, со цел да стекне отпорност кон преголеми дози од „роундап“ хербицидот.

Кај тројца од седумте доброволци, гените кои биле вградени во сојата се трансформирале во генетскиот систем на нивните цревни бактерии, односно во ДНК на бактериите од цревната флора, и продолжиле да функционираат како такви долго време по престанувањето на консумирање соја од страна на доброволците!

Ова се податоци кои се единствено јавно публикувани, а се во врска со исхраната на луѓето и генетски модифицираната храна.

Според Џефри Смит, илјадници фармери и земјоделски работници кои работеле на полињата засеани со памук во Индија, каде се користел хербицидот БТ-токсин, се жалеле на кожни болести, односно црвенило по целото тело. Животните кои биле хранети со стеблата после жетвата на памукот, пцовисале многу брзо, некои дури во рок од еден ден.

Ова треба да зборува нешто! Не дека луѓето би требало да умираат како покосени кога јадат ваква храна, но сепак, не треба да се занемари фактот дека големи количини на испасена ваква храна од страна на добитокот, резултира со акутна смрт кај животните. Тоа сепак би требало да биде показател дека во човечките црева, но и во другите органи од човечкото тело, полека, но сигурно, непријателски делува генетски модифицираната храна. Таа можеби кај човекот делува во мали порции, но тие се континуирани и сигурни во постигнување на целта, односно во уништување на здравјето.

На пример, Смит го наведува случајот со италијанската научна студија, каде се користени испитни стаорци (за жал, уште еднаш повредени се правата на животните, со што 8-КА не се согласува), кои биле хранети со ГМО пченка. Кај стаорците се развиле различни видови на имунолошки пореметувања, кои се манифестирале со различни форми на симптоми, односно болести, како што се:

-         Ревматоиден артритис;

-         воспалителна болест на цревата, Кронова болест;

-         остеопороза;

-         артериосклероза;

-         различни видови на карциноми;

-         алергии.

Во своите анализи, Џефри Смит наведува неколку сериозни здравствени пореметувања, поврзани со консумирање на ГМО храна. Меѓу нив се:

стаорците кои биле хранети со ГМО храна, покажале петпати поголема стапка на смртност, мала родилна тежина, и неспособност за репродукција.

Мажјаците стаорци покажале значителен степен на оштетување на спермата.

Кај ембрионите се најдени сериозни пореметувања на ДНК.

Неколку фармери од Америка се пожалиле на стерилитети и неможност за размножување кај свињите и кравите кои биле хранети со ГМО сточна храна.

Истражувачите во Индија репортирале за проблем со инфертилитет, абортуси, предвремени раѓања и други сериозни здравствени пореметувања, вклучително и смрт кај биволите кои биле хранети со ГМО храна.

Генетски модифицираната храна е еден од најголемите опасности кои се појавиле и делуваат спротивно на одржливоста на човечката раса. Во некои од претходните броеви 8-КА пишуваше за опасноста од ГМО храната и одлучноста на профитерите кои ја произведуваат таквата храна, без разлика на сè, да продолжат со нејзиното производство и дистрибуција. Тие компании, меѓу кои водечка е Монсанто компанијата, заслепени од кратковидоста која им досега само до профитот кој го остваруваат, не можат да го видат и препознаат сето зло што го прават, труејќи ја и уништувајќи ја човечката раса.

Кај нас, за разлика од разбудениот свет, многу малку се зборува за опасноста од ГМО храната. Пред неколку години, тогашната директорка на бирото за храна, Станислава Лазаревска, на голема врата ја најави слободната политика за увоз и производство на ГМО храна кај нас. Благодарение на блоговите и интернет форумите, луѓето можеа да разменуваат мислења и да изнесуваат свои ставови во врска со таквата одлука. Но сепак, јавни спротивставени мислења околу тоа, не можеа многу да се слушнат. Според мене, многу смешни беа фактите кои тогашната директорка на Бирото за безбедност на храна, и воедно професорка на Земјоделскиот факултет, ги изнесе во врска со таквата одлука. Таа имено, во интервјуто дадено за дневниот весник Вест од 20.8. 2007 година,  кажа:

„Кај луѓето постои отпор кон генетски модифицирана храна, затоа што не знаат зошто тоа се прави. Но, кога тоа е контролирано, се подобруваат квалитетот и квантитетот на храната што се произведува. Во земјоделството, на пример, може да се направи растението да биде отпорно на ниски температури, да биде одгледувано и на површини кои се загадени со тешки метали, да стане имуно на инсекти, вируси и на пестициди. Се олеснува производство и се зголемува приносот",

Професорката, најверојатно, не го бендисува квалитетот на природно дизајнираната храна, па сега мисли дека треба да изигрува Господ и тоа да го подобри. Таа мислела дека не е толку практично да се исчисти ѓубрето, туку да се „пикне под тепих“. Можеби мислела дека така ќе се подобри квантитетот на храната, па ќе можат да се нахранат многу луѓе, демек ќе се делува во смисла на намалување на гладот на планетата Земја, и се разбира, и кај нас во Македонија, затоа што и ние сме дел од планетата. Но, таа можеби заборави дека луѓето не се вреќи кои треба само да се наполнат, па ако треба и со ѓубре. Тоа се луѓе, живи организми кои треба да јадат здрава храна, за здраво да функционираат. Да ја прашам професорката, дали можеби оние кои се нарекуваат ВИП луѓе по светот и кај нас, јадат ГМО храна? Пред година или две, кралицата од Британија изјави дека во кругот на палатата каде што живеела (не знам многу околу тоа како живее таа, во која палата, зграда или стан, можеби повеќето луѓе кои се интересираат околу тоа знаат), дозволила да се одгледува органска храна. Се прашувате зошто не дозволила да се одгледува ГМО храна? Професорката наведува колку позитивно може да биде дејството на ГМО храната врз здравјето на луѓето, и наведува некои производи:

„Тоа е златниот ориз. Имаме кикирики на кои им се става антиалергиски ген. Тие ќе можат да ги јадат луѓето кои инаку се алергични на кикирики. Има генетски модифицирани компири кои, кога ќе се пржат, не го впиваат маслото. Најчесто генетски се модифицираат пченката и сојата, додека кај пченицата, во Европа немаме регистриран генетски модифициран вид".

Голема работа, ако оние кои се алергични на кикирики не можат да јадат кикирики, па сега ќе им обезбедиме кикирики на кои не се алергични! Небаре се работи за алергија на вода или воздух. Па, тие кои се алергични на кикирики, поисплатливо им е воопшто да не јадат кикирики и нема ништо да им недостасува. Што се однесува до компирот кој можел да се пржи, поголема глупост немам слушнато. Тој не мора и не треба да се пржи, тој се јаде варен или печен. Да не зависи случајно здравјето и животот на луѓето од пржениот компир?
Опа, на крајот од интервјуто се гледа вистинската цел:
„Ова не се прави случајно. Ова се нови технологии што ги прави човекот за да си обезбеди храна. Нашата популација континуирано расте. Сега сме 6,5 милијарди луѓе, но проекциите кажуваат дека за 100 години ќе бидеме од 10 до 17 милијарди. А нашите површини се ограничени. Копното не се зголемува", објаснува Лазаревска.

Така, Лазаревска и компанија, се дрзнале да ја уредуваат и да ја водат светската демографска политика...

 

< Пред   Следно >

Коментари 

 
0 # Agro 05.08.2010 22:04
Вака,имам една забелешка во врска со вашиот текст за ГМО храната(го читав во весникот 8ка),а тоа е следново:

Bt токсинот не е хербицид,туку тоа е ген-изолат од почвената бактерија Bacillus thuringiensis и е вграден во културното растение.

Имено,тој ген дава информации за производство на токсин кој има негативно дејство врз инсектите(т.е.штетниците,след ејќи го агрономскиот речник) и со самото хранење,односно смукање на растителниот сок,првенствено од врвната меристема(богат со фитохормони,вит амини,биостимул атори...) штетникот умира.

Тој Bt токсин,односно ген е вметнат се со цел одбрана од штетнциите,кои и те како се вирулентни(трип си,белокрилка), а најмногу поради развивање на висока резистентност кон конвенционалнит е инсектициди.

Значи,да не настане некоја забуна на некои од читателите,го пишам овој коментар,за да објаснам што всушност е Bt токсин,т.е. дека не се работи за никаков хербицид.

Поздрав до Вас и вашата редакција
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

РЕДОВНИТЕ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ (ПРОВЕРКИ) :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;