КОЈ САКА ДА Р`ЃОСАМЕ ???
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 31 Август 2010 21:03
Повторно некој сака да не спасува... Сега не се работи за свински грип, ниту за пилешкиот грип кој некаде исчезна така спонтано, туку се работи за анемија, кај нас возрасните но особено кај малите деца. Цели проекти се во подготовка за да „откривале“ зошто сме биле анемични. Колку да викаме на цел глас дека не сме анемични повторно никој нема да не слушне, затоа што проектот мора да се реализира, исто онака како што беше работата со флуорот кој недостасувал за децата да имаат здрави заби, па успешно го додадоа во млекото по градинките. А зошто го додадоа баш во млекото...? Искрено не знам... Најверојатно за да го направат млекото позначајна храна... Не знам како природата не се сетила на такво нешто: за да направи нешто значајно и неопходно за нашето здравје, можела да му додаде флуор. Ама ете таа не го одбрала млекото за тоа. Згрешила...?
Но да се вратиме на нашата анемија. Замислете таа земала силен замав особено кај децата. Па дури целиот здравствен систем за тоа се мобилизира, новинари, доктори професори, нутриционисти. И што излезе заклучокот: децата биле анемични затоа што не јаделе месо. Па дури и врвните професори се загрижија околу тоа и посочија дека децата требало повеќе да јадат црвено месо. Само 50% од децата кај нас јаделе месо (ова беше истакнато во неколку медиуми). Но јас навистина не разбрав дали другите 50% од децата кои не јаделе месо имале анемија или оние 50% кои јаделе месо имале анемија???
Но, како и да е, заклучокот беше дека децата за да ја победат анемијата треба да јадат месо, а не зеленчук затоа што железото од зеленчукот не било добро туку само она од месото. Е сега, за да контроверзноста биде уште поголема, одлуката најверојатно ќе падне – да се додаде железо во лебот. Ова ти се вика шах – мат позиција на човечкиот ум!Ако децата или возрасните имаат анемија која е поврзана со начинот на исхрана, тоа не е така затоа што денешниот човек не јаде месо. Денешниот човек јаде месо многу повеќе отколку што можете да си замислите. Анемијата се јавува затоа што денешниот човек не јаде зеленчук и затоа што денешниот човек јаде рафинирана храна, бел леб, бели и мрсни пецива... Анемијата кога е поврзана со храната се јавува заради тоа што рафинираната храна која зазема можеби и 80% од исхраната на денешниот човек содржи цел куп адитиви, „подобрувачи на вкусот“, стабилизатори и којзнае уште што, а сето тоа ја „осакатува храната, ја осиромашува и го уништува нашиот ензиматски систем, што резултира со намален внес на железо, намалена апсорпција и искористување на железото во организмот. Значи вкупниот начин на исхрана на денешниот човек е одговорен за евентуалната анемија. И уште нешто: ако анемијата е изразена кај децата, тоа е затоа што родителите ги тераат да пијат многу млеко кое ја оневозможува апсорпцијата на железо во цревата. Е сега дали видовте зошто природата не го вградила флуорот во млекото и зошто не го направила многу значаен дел од исхраната на луѓето?
Ако „надлежните“ и оние кои ќе ги тераат проектите вака размислуваат, тогаш нема да има потреба да ни го р`ѓосуваат лебот. Нека ни овозможат да јадеме здрав и исправен леб, без адитиви, од нерафинирано и од неоштетено житно зрно, одгледано по органски пат, така како што предвидела природата. Нека ни овозможат да јадеме зеленчук кој не е третиран со стотици пестициди и кој расте на соодветна почва која нема да се испоснува секоја година и да се третира со вештачки ѓубрива.
Нека не ги учат децата да јадат многу месо. Железото во месото не го создаваат животните туку и тие го добиваат од надвор, преку храната која ја јадат. Наспроти ова, со вакви совети за јадење месо за да сме се справеле со анемијата, ги навлекуваме децата на нездрави навики во исхраната кои многу брзо ќе им наплатат со масти во крвта, артериосклероза, дијабет, висок крвен притисок, дебелина.
Затоа, треба да гледаме со широко отворени очи кога е во прашање нашето здравје. Денешниот човек можеби има малку повеќе среќа од луѓето во минатиот век кога индустријализацијата на земјите и борбата за брз профит доведоа до рафинирање и осакатување на храната и воведување на чудни стандарди во исхраната на луѓето. Денешниот човек има среќа што може многу побрзо да се информира и да разменува мислења и знаења. Тоа ни овозможува подобро да размислиме што се случува околу нас. Да согледаме дали вистински има свински грип или птичји грип или дали навистина некој комарец долетал од Западен Нил директно во Солун...
Определбата на денешниот човек е здравата храна, затоа што тука лежи клучот кој ги отвара сите досега затворени врати за лечење на неизлечивите болести. Здравата храна и обновената и незагадена почва треба да се нашата иднина. Заштитата на водата за пиење и на воздухот кој го дишеме, сето тоа ќе не ослободи од стравот од болестите и ќе ни ја подари слободата вистински да избираме.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
Nazalost edukacijata na narodot e na mnogu
nisko nivo,a i ako nesto se slusni kako pozitivno odma se naogja opravduvanje ot
tipot:"ma ajde toa nema vrska,kako porano
mozelo se da se jade".Da, no togas gi nemalo OTROVNO-UBITACNITE aditivi koi denes ja pravat "taka vkusna i nerasipliva"hranata.
A da prasam denes koi znae za tie aditivi?kogo sme videle vo prodavnica da drzi livce,da ja pogleda taja brojka vo koja se krie ubieco?Ke konstatiram,
skoro NIKOI!!!!!!!!!!
Posakuvam na ovaj tim na celo so pocituvanata BIBAN SREKNA NOVA GODINA i mnogu uspesi vo educiranjeto na narodot,a posebno dobro zdravje