logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

МИТОТ ЗА ЈАЗИКОТ ОБЛОЖЕН СО ШЕЌЕР

Напишано од 8ka Вторник, 31 Мај 2011 18:35

515
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(6 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Природата во процесот на создавање на човекот посветила високо внимание на важноста од задоволства, односно психичкиот момент на релаксираност на организмот. Кај човекот, природниот механизам на психочка релаксација е поврзан со метаболизмот на јагленитехидрати.

Јадењето шеќер предизвикува брзи хемиски промени во мозокот – слични на промените кои се гледаат кога се консумира наркотик – предизвикувајќи високо задоволство. Не е никакво чудо што вкусот на шеќерот за луѓето е неодоллив. Но од друга страна, според многу истражувачи постојат многу факти кои укажуваат дека шеќерот го уништува здравјето. Како да се живее ако она што го сакаш и те прави среќен и задоволен, го уништува твојот живот. Луѓето го сакаат вкусот на шеќерот, но го сакаат и својот живот.

Што треба да направат? ...

Најпрво треба да се информираат.  Затоа, 8-КА ќе им понуди некои важни информации:

 

Постојат неколку форми на прости шеќери. Тоа се:

САХАРОЗА, ФРУКТОЗА, ГЛИКОЗА, ЛАКТОЗА, МАЛТОЗА, МЕД, НЕКОИ СИРУПИ ОД ПЧЕНКА И ДРУГИ РАСТЕНИЈА.

Сите од овие шеќери содржат по 2,5 до 4 калории по грам и тоа се воглавно таканаречени „празни калории“.

 

Кога помислуваме на шеќер секогаш пред очите имаме слика на бели мали кристалчиња. Овој јаглехидрат се користи како заблажувач на јадењата но и како конзерванс. Главен природен извор на релативно прост шеќер е медот – кој е всушност микс од гликоза и фруктоза – а го прават пчелите. Помалку концентриран, но сепак и понатаму многу сладок шеќер е шеќерот во овошните плодови. Земјоделски производи кои се главен извор на шеќер се шеќерната трска и шеќерната репка, кои фабрички се обработуваат и се произведува рафинираниот шеќер, кој е мешавина од 50% глукоза и 50% фруктоза.

 

Јаглените хидрати се наоѓаат само во растителната храна со исклучок на млекото и медот. Па дури и во овие два производи (млекото и медот), јаглехидратите водат потекло од растенијата – од тревата која животните ја пасат и од цветовите од каде пчелите собираат полен.

Како и да е, зборот шеќер се користи за сите видови јаглехидрати почнувајќи од скробот кој се наоѓа во скробните растенија, па до неапсорбирачкиот шеќер кој е создаден во лабараторија (лактулоза) кој се користи како лек против хронична опстипација.

 

ПРОСТИ ШЕЌЕРИ (МОНО ИЛИ ДИСАХАРИДИ)

За нив обично се користи ознаката на нездрави шеќери и тука спаѓа белиот шеќер – сахароза, или фруктозните сирупи. Но простите шеќери исто така ги има во големи количини во овошните плодови кои имаат особено сладок вкус, а се истовремено дел од здравиот начин на исхрана.

 

КОМПЛЕКСНИ ЈАГЛЕХИДРАТИ

Тоа се шеќери кои се составени од прости шеќери меѓусебе хемиски поврзани во долги ланци. Нивното име е познато како скроб или скробни шеќери. Овие шеќери се наоѓаат во изобилство во растенијата како што е компирот, пченката, оризот, целозрнестата пченица, гравот. Зелениот и жолтиот зеленчук исто така синтетизираат и складираат комплексни јаглејидрати но во многу помала количина.

 

НУТРИТИВНИ ВЛАКНА

И тие се форма на комплексни јаглехидратни ланци, но тие не можат да се преработуваат во дигестивниот тракт на луѓето. Но иако овие форми на јаглехидрати не се извор на енергија, сепак се многу важни за здравјето на луѓето, односно за правилна работа на дигестивниот тракт и метаболните функции на организмот.

 

ГЛИКОГЕН

И тоа е форма на комплексен шеќер, создаден од гликозни ланци. Него го создава самиот организам на човекот и го складира во мускулите и во црниот дроб како резерва и извор на енергија.

 

НЕ АПСОРБИРАЧКИ ШЕЌЕРИ

Тие се нарекуваат и шеќерни алкохоли, имаат сладок вкус, но не се апсорбираат преку дигестивниот тракт. Иако мали количини од нив може да се најдат во природата, сепак најголемите количини се синтетички добиени и се користат за комерцијални цели. Пример за нив се некалоричните засладувачи (сорбитол, манитол) и слично кои се користат во гумите за џвакање, бомбоните и слично. Бидејќи нивната апсорпција преку дигестивниот тракт е неможна, тие делуваат и како лаксативи. Најчесто во таа смисла се препишува лактулозата.

 

ЧОВЕЧКАТА СРЕЌА Е ПОВРЗАНА СО ВКУСОТ НА ШЕЌЕРОТ...

Човекот е анатомски и физиолошки така создаден, што постојано ќе биде во потрага по слаткиот вкус на храната и на задоволството. Врвот на јазикот кај човекот е резервиран за слаткиот вкус на шеќерот. Затоа, во животната средина на човекот јаглехидратите се наоѓаат во мноштвото растенија кои растат природно или се одгледуваат од страна на човекот како компирот, гравот, оризот, овошјето и зеленчукот.

 

Но внимавајте, од природна храна за човекот, шеќерите станаа храна – непријател, заради тоа што прехрамбената индустрија најде начин како да ги извлече чистите шеќери од плодовите да ги пречисти односно да ги рафинира и да добие производи со премногу интензивен сладок вкус, кој ќе биде примамливата, вкусна причина за продажба на тој производ!!! Така, концентрираниот, рафиниран шеќер делува како дрога, односно по брзи патишта за задоволство...

 

Кога слаткиот вкус за прв пат ќе се почуствува на врвот на јазикот, автоматски како преку запчан пренос, информацијата се пренесува по целиот дигестивен тракт надолу и целиот систем се подготвува за преработка на максимални количини од внесените јагленихидрати.

Испитувањата покажаа дека консумирањето на јаглехидрати е пратено со наградување на човекот со задоволство кое се одвива преку поттикнување на лачење на супстанции во мозокот кои водат до чуство на задоволство (опоидни, допамин – хемиски реакции). Слаткиот вкус на шеќерот предизвикува ефект на опојно чувство на задоволство, слично како опиумот. Затоа оние кои се фатени во „стапицата на слаткото задоволство“ веднаш знаат дека уште со првиот сладок залак дека го прават она вистинското што за момент ќе ги „вивне во облаците“ а сепак нема да бидат отруени. Тоа е процес на „навлекување“ на вкусот на концентрираните шеќери.

 

Некои ткива на човечкото тело како што се црвените крвни клетки и бубрезите (гломеруларните клетки) веднаш ги согоруваат јаглехидратите. Атлетичарите и другите спортисти знаат дека нивната издржливост е многу поголема ако јадат зашеќерена храна или ако пијат слатки напитоци пред трката, пред натпреварите. Па ако знаеме дека шеќерите се клучни за опстанокот на нашиот организам, зошто тогаш да се двоумиме...? Па размислете:

 

Главна причина за тоа зошто шеќерот доби лоша репутација е затоа што стана жртва на прехрамбената индустрија. Луѓето кои јадат рафинирана храна, многу месо, млеко, истовремено примаат и многу рафинирани прости шеќери, едноставно затоа што на тој начин „компензираат“ за хендикепот на организмот од останатата нездрава храна. Во таквиот „казан“ на лоша храна улогата на шеќерот е неразјаснета... Затоа кај многу луѓе, шеќерот стана основниот виновник или би се рекло жртвено јагне за да се објасни пореметениот метаболизам на шеќерот односно да се оправда појавата на дијабетесот.

 

Фокусирајќи се на шеќерот, практично вниманието се дефокусира од главниот и вистински виновник а тоа е животинската храна и слободните и чисти масла, кои се многу поопасни од шеќерот. Ваквата заблуда оневозможува да се добие можност за враќање на изгубеното здравје на луѓето. Затоа, 8-КА секогаш посочува дека обновата на здравјето не зависи само од нашиот однос кон една или два вида храна, туку зависи од целокупниот стил на исхрана. Ако исфрлиме еден вид храна или ако додадеме во исхраната само една или две „здрави компоненти“, успехот никогаш нема да биде целосен. Целосно здравје, значи целосна промена, половичното гледање на работите никогаш не носи добри резултати.

 

Затоа јас секогаш напоменувам дека здравите вкусови не се лишени од слатките задоволства. И јас сакам понекогаш да јадам слатки, па тоа е сосема нормално и воопшто не се стеснувам да го направам тоа, затоа што со сигурност ги познавам вистинските слатки задоволства и потребата на организмот од нив.

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+7 # Julijana Trajkovik 02.06.2011 20:10
Sekoja cest , ednostavno i jasno objasnuvanje, inaku ne sum mnogu po sekerot , no mesoto go obozuvam, a znam deka i toa ne e mnogu zdravo.
???Kako da se oddolee, i kako da se zameni?

Pozdrav, i ve citam i ponatamu.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.