ПАРАДОКСОТ НА КРАЛСКАТА СРЕЌА
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Петок, 01 Јули 2011 01:00
Приказните за убавината на кралскиот живот се обични бајки. Затоа немојте да сонувате за тоа како би било убаво да живеете кралски живот и немојте да се воодушевувате на некои наводни Пепелашки кои имаат среќа да станат принцези. Кралевите и членовите на кралските семејства отсекогаш скоро по правило биле болежливи луѓе. Дури и во приказните за најмладите често може да се прочита за болната принцеза или болежливиот принц. Дури и цртежите во детските сликовници го отсликуваат изгледот на таквите владетели, односно на кралевите и царевите кои заради дебелина не можат да се „одлепат“ од столот. Тоа не се само приказни, тоа се и научни сознанија. Имено, извештаите од најновите истражувања покажаа дека срцевите болести, атеросклеротичните промени на крвните садови, биле присутни кај египетските кралеви односно кај фараоните уште пред 3500 години. Овие истражувања се обидоа да ги доведат во прашање тврдењата дека храната е поврзана со модерните хронични болести како што се срцевите болести, бидејќи парадоксално изгледаат сите податоци кои зборуваат дека болестите кај луѓето од пред 3500 години би биле последица на храна, со оглед на фактот дека старите Египќани се хранеле претежно со растителна храна како што е овошје, зеленчук, житарка . . .
Така, според таа логика, дијабетесот, срцевите болести, атеросклерозата, па и карциномите и некои други современи болести можеби не се резултат на мастите туку на големата количина на јаглехидрати во исхраната. Ова одеше во прилог на заговарачите на протеинските диети како што се Аткинсовата протеинска диета, Дукановата и сл. Тие на цел глас повикаа на воочување на наводната вина на јаглехидратите и тоа оние од оризот, компирот, и другиот зеленчук и житарките, како на вистински виновници за појавата на модерните болести.
Од друга страна заговараа подршка на месната, млечната и друга протеиска храна како јајца, риба и сл. како храна која е совршена за заштита на здравјето. Всушност промоцијата и подршката на протеинската исхрана трае можеби повеќе од педесет години наназад, и за цело ова време податоците од бројни истражувања со кои се докажува штетноста на животинските масти и протеини во исхраната се занемаруваат или буквално се затскриваат.
Во поставување на вистинските заклучоци може да одиме по ред:
Парадоксот со исхраната на старите Египќани се базира врз основа на истражувања кои се направени врз мумиите кои датираат од пред 1500 до 3500 години наназад. Во тоа време просечниот век на живеење бил мегу 40 и 50 години дури и меѓу највлијателните лица во општеството. Постарите мумии (околу 45 годишни), покажувале повеќе траги од болести за разлика од помладите (просечни 34,5 годишни). Кај три тела се најдени коронарни промени, кај две се покажани потешки форми на заболувања на артерискиот систем. Меѓу 25 мумии од кои можел да се детерминира социјалниот стсус, 10 биле свештеници. Најстарата мумија кај која се докажани артериски атеросклеротични промени била мумијата на принцезата Амоз-Мејрет-Анон. Таа живееле меѓу 1580 и 1550 година ПНЕ и таа е всушност најстариот познат случај со атеросклероза.
Според историските податоци кои датираат од пред 2000 години наназад, во тоа време не постоеле ресторани за брза храна, ниту фрожидери за складирање на храна. Луѓето биле физички многу поактивни со оглед на потребата од движење во услови на неразвиен сообраќај, а исто така и тутунот не бил познат како билка која се одгледувала во тоа време. Хипократ (469-377), има опишан случај на изненадна срцева смрт, а Ерасистратос (300 година ПНЕ), има опишано случај на оштетување на периферниот артериски состем (Клаудикацио Интермитент). Преку Египетските хиреоглифи може да се дознае за постоење на симптоми како ангина пекторис, акутен миокардиален инфаркт и конгенстивна срцева болест. Атеросклерозата не е единставената болест опишана кај старите народи. Кај мумијата на Хетсепсат, една од најпознатите египетски кралици која живеела пред околу 3000 години, докажано е дека се работело за исклучително дебела жена со заболувања на забите и непцето. Мумифицирани масти се најдени во нејзиниот гроб, што е доказ за богата и мрсна храна која била консумирана од страна на кралицата и другите египетски кралеви. Оштетувања на забите од типот на кариес и други ерозии се најдени кај мумиите исто така.
Кај мумиите се пронајдени и жолчни камења кои се резултат на суперсатурација на жолчните патишта со холестерол кој потекнува од консумирање на таканаречена холестеролска храна како што се месо, јајца и млеко.
Вродените аномалии како што е Спина Бифида која значи нецелосно затворање на спиналниот (кичмениот) канал, исто така се откриени кај испитуваните мумии. Тие аномалии се последица на недостаток на некои компоненти во исхраната како што е фолна киселина која се наоѓа во зелениот зеленчук. Мумија на дете која датира од пред 4000 години покажува постоење на таква аномалија. Мајката на детето била жена која исто така припаѓала на високото општесво односно на аристократијата и се хранела со храна во која недостасуваат фолати а тоа е месо, јајца, млеко.
За да не дојде до забуна и да помислиме дека вистински традиционалната храна не е здрава храна, треба да го земеме во предвид фактот дека мумификацијата била процес на конзервирање на телата на оние кои имале висок статус во општеството како што се кралеви и членови на кралските семејства, свештеници и слично. Храната која ја консумирале елитите била многу поразлична од храната на обичните луѓе, односно робовите, земјоделците, работниците.
Хиреоглифите кои се испишани на зидовите на кралските дворци покажуваат дека кралската храна се состоела во месо, и тоа говедско, овчо и козјо, месо од диви животни и птици, леб и слатки. Откритијата од истражуваните пирамиди покажуваат дека заедно со погребаниот крал биле складирани и намирници кои биле наманети за исхрана на кралот и тоа биле, гуски, патки, говедско, јагниња. Рибите сепак биле храна која била резервирана за посиромашните, но и таа се наоѓала доста често во гробовите на богатите.
Според старите записи, свештениците ги чистеле, ги облекувале и ги „хранеле “ боговите три пати на ден. Тоа се правело со оставање на храна пред камените боговски статуи. Навечер свештениците дел од таа натрупана храна од пред олтарите ја носеле дома и ја јаделе со своите фамилии. Според преводите од овие записи се дознава дека боговите биле понудувани со исклучително богата и мрсна храна, холестеролска, како што е месо, и тоа говедско, овчо, козјо, гускино и сл. Лебот кој бил понудуван бил правен со животински масти, млеко и јајца. Всушност храната која се понудувала а потоа се консумирала од свештениците била со 63% масти од кои над 20% заситени масти. И солта била доста користена бидејќи во тоа време таа била позната најмногу како конзерванс.
Истражувањата направени на косата на старите египетски кралеви покажува дека тие имаат многу слична композиција на составни елементи со косата на современите луѓе од развиените општества. Композицијата од јаглеродни, сулфурни и азотни супстанции кај косата на старите египетски кралеви е иста со онаа на современите луѓе од Запад. Со истата метода е покажано дека Замрзнатиот Човек кој во 1991 година е пронајден во глечерот на Отзалските Алпи, датира од пред 5200 години и бил веган во однос на исхраната.
Кога сите овие досегашни податоци ќе се земат во предвид, тогаш станува многу појасно дека старите египетски кралеви страдале од истите болести како и современите луѓе од развиениот свет денес, како резултат на консумирање на мрсна, животинска калорична храна. Затоа, појавата на траги од современите болести кај истражуваните мумии воопшто не може да се нарече парадокс, туку потврда дека тоа е последица од скапата таканаречена кралска храна, која била достпна тогаш само за богатите фамилии. Привилегираните аристократски фамилии од минатао живееле со кралска храна секој ден, за разлика од пониските слоеви кои само за празници и исклучителни прилики можеле да се послужат со таканаречената кралска храна.
Што се променило во последните 4000 години? Можеби до пред еден до два века немало многу големи промени, но во последните два века почнува забрзана индустриска револуција која носи исклучително големи промени во развојот на општеството. Така, многу „обични“ фамилии кои немаат кралско потекло своите доручеци ги заменија со пржени јајца со сланина, или со мрно сирење. Своите посни ручеци и вечери ги заменија со богати трпези со пилешко, мрсна риба, сланина. Родеденденските торти веќе не се само за родедендени туку се јадат секојдневно. Дури и маркетинг пораките кои ги слушаме секојдневно на медумите ја нудат храната како кралска храна, буквално како храна која е сега достапна за сите а не само за кралевите.
Затоа, нема никаков парадокс во исхраната на египетските кралеви. Храната која ги разболувала богатите кралеви многу оддамна, е истата онаа која денес разболува милиони луѓе, припадници на современите општества.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари