ЗАВИСНОСТ, ОДНОСНО РОПСТВО, НАСПРОТИ СЛОБОДА . . .
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 10 Јануари 2012 00:28
Пред Новогодишните Празници бев повикана да гостувам во утринската програма на ТВ Алфа и да зборувам на тема „Храната за време на празниците“. Моето излагање беше во правец на тоа дека празниците не треба да значат губење на способноста да се контролираме себеси и своето здравје и да јадеме се и тоа во преголеми количини... Мојот став во однос на темата беше остро искритикуван од страна на еден гледач, но морам да го кажам и тоа дека на мое големо задоволство во програмата се вклучија и други гледачи кои го подржаа моето излагање и сугестиите кои ги дадов...
На 1-ви Јануари бевме сведоци на извештаите во ТВ дневниците кои укажуваа на преголемиот број луѓе кои заради преголема консумација на храна и алкохол завршиле на Клиниката за Токсикологија и на Ургентниот Центар во Скопје и другите градови во Македонија. Некако по правило луѓето знаат дека алкохолот е нешто кое создава зависност кај луѓето, но многу помалку луѓе знаат дека и храната создава зависност, исто онака како и алкохолот, па оттука воопшто не ме изненадува негативната реакција на некои луѓе кон моите ставови за тоа дека без разлика на тоа за каква прилика се работи, подобро е да се „остане трезен“, односно да се има контрола над она што се внесува во устата. Но со ова не сакам да кажам дека не ги разбирам луѓето кои ја изгубиле таквата контрола ...
За да ја разбереме таквата состојба, да видиме што е она кое го повредува човечкото здравје.
Постојат многу фактори кои го уништуваат здравјето, но генерално јас би ги поделила во четири групи и тоа:
1 - Исхраната и животниот стил
2 - Неконтролирано растурање на животната енергија
3 - Внесување на разни токсини во организмот
3 - Повреди на телото, односно телесни трауми
Овие четири групи на опасности кои го уништуваат здравјето на луѓето не се ништо непознато, но прашањето е зошто и покрај тоа што луѓето го знаат ова, свесно одат кон уништување на себеси? Еве зошто:
Секоја навика со која не можете да расчистите а која го нарушува вашето здравје, односно го нарушува балансот меѓу телото и духот, се вика ЗАВИСНОСТ.
Општеството во кое живееме постојано не турка во живот со забрзано темпо, темпо кое значи постојано „трчање“ кон нешто, како што е кариерата, уживањето, парите, врските, титулите... Сето тоа изгледа како нешто неопходно, нешто без кое животот не би бил можен, не би бил вистински...Креативните работи, но и сите други работи како што се музиката, уметноста, филмот, балетот, книгите, спортот, парадите, парфемите, храната, вежбањето, па и сексот, сето тоа е ставено буквално во функција на достигање на „моментот на животот“. Имено, начинот на живот се создава онака како што на работите им се дава приоритет. А за луѓето претежно приоритет значи достигање статус во општеството кој ќе се мери со висока титула, многу пари, углед... Ако на луѓето им се советува дека не треба да „трчаат“ по таа работа затоа што така ќе го изгубат здравјето, сигурно нема да прифатат, затоа што така на животот ќе гледаат како на бесцелна, безсмислена епизода, затоа што таквиот живот за нив нема задоволство. Не е точно дека таквиот живот нема задоволство. Но она што луѓето го бараат е „брзото и силно“ задоволство, какво што пружа животот, односно животниот стил кој го избрале. А тоа е животен стил кој значи брзи пари, брза и вртоглава кариера, брза кола, брза храна, „интензивни вкусови“, пијалок кој веднаш „ќе те одведе во рајот“...
За да се почуствува целото тоа задоволсво, мозокот продуцира хемиски супстанции на задоволството и луѓето го доживуваат бараниот ефект. Но кога стимулацијата постојано се повторува, се исцрпува целиот организам и способноста на нервниот систем за продукција на супстанции на задоволството се намалува, па затоа луѓето бараат други извори на стимулација или внесуваат односно применуваат поголеми количества од стимулаторите. Така се земаат дроги и големи количества храна, за да се достигне првичното чувство на задоволство. Тоа е причината зошто многу луѓе не можат да се откажат од храната за која и тие самите знаат дека не е добра за нивното здравје. Тие се буквално интоксицирани со таквата нездрава храна. Затоа многумина празнувањето го поврзуваат со екстремно пиење на алкохол и јадење нездрава храна. Тие мислат дека празнувањето е нецелосно ако не го консумираат тоа. Консумацијата на нездравата храна им асоцира на задоволство, на прослава, на нешто „возвишено“ кое го доживува телото. И така, како што кажав, колку почесто се повторува таа работа, толку поголеми мора да стануваат количините на храната, алкохолот, дрогата...за да и чувствата на задоволство бидат посилни...
Ваквата зависност неминовно води до губење на здравјето и појава на болест, затоа што целиот процес на зависност е поврзан со растурање на животната енергија и полнење на телото со токсини. Тоа е процес на растргнување на телото од духот, тоа е процес на деградација на личноста.
Што треба да се направи? Најпрво мора да се престане со потребата од тоа да се слушаат убави работи за своите лоши навики. Колку и да се лутат некои, јас неможам да кажам поинаку, освен вистината, а тоа е дека навиката да се јаде нездрава храна и да се пие екстремно количство алкохол или нешто друго е лоша навика, без разлика дали се работи за празник или за обичен ден! Точно е и тоа дека јас секогаш велам дека за специјални прилики може да се земе покалорична храна, но тоа не треба да биде екстремна количина. Но исто така знам дека одвикнувањето од лошите навики е многу тешка работа, која кај многумина започнува со изјават „Можам да престанам кога сакам“, но тоа „кога сакам“ никако да се случи па по цена и на здравјето. Се разбира дека постојат методи на одвикнување од лошите навики, како што е на пример подготвување вкусна но здрава храна, применување на вежбање на телото и на умот и слично, впрочем програма која 8-КА ја препорачува и која дава одлични резултати. Ако се јаде вегетаријанска храна воопшто не се станува тажен како што многумина сакаат да кажат за вегетаријанците. Вегетаријанците воопшто не се тажни луѓе, туку напротив тоа се премногу среќни и исполнети луѓе, затоа што се чувствуваат многу поздраво и многу посвесно во секоја ситуација. Јас кога одам на веселба или било каква прослава, не одам да се најадам, туку одам да се провеселам, а за тоа не ми треба „дотур на гориво“ од надвор, како храна, алкохол и слично. Дали има поголемо задоволство од тоа чувство, кое значи всушност чувство на здравје и слобода. Кога ќе се постигне таквото чувство и ќе се оствари таквата слобода, тогаш никој нема да може да ве намами на некоја си „прослава – масакр“ каде се печат цели стада волови и прасиња...
Можеби е крајно време отворено и многу посвесно да се погледне во себеси и да се согледа можноста за сопствена промена, промена на подобро најпрво за своето здравје. Така ќе можете да го откриете скриениот непријател во себеси, кој се нарекува зависност, и кој перманентно го уништува вашето здравје. Тогаш мислам дека многу подобро ќе можете да се разберете самите себеси, но и оние кои предходно успеале во тоа, и почувствувале дека здравата храна не е невкусна храна туку дека таа го има најприродниот вкус кој човекот може да го почувствува.
Зависност, односно ропство наспроти слобода, секој треба да го направи сопствениот избор.
Каков ќе биде Вашиот избор, можеби е само Ваша работа и на никој друг. Но секогаш размислете: Последиците од Вашиот избор ќе го почувствуваат сите околу Вас, а околу Вас не се само Вашите најблиски, туку околу Вас е целиот Свет ...
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
Mnogu ubav i korisen napis. Za zal opsto nas lugeto postojniot sistem na edukacija nedovolno ne educiral za ovie taka za ovie taka vazni prasanja kako se shranata, duhovnoto zdravje i sl. Nie verovatno profesionalno sme dovolno educirani no za ovie prasanja za koi stanuva zbor nedovolno i valvite bi rekol obrazovni programi se poveke nego neophodni za celata populacija. Se voshituvam na avtorot za hrabrosta i odlucnosta za unapreduvawe i menuvawe na nasite nesoodvetni naviki i podobruvawe na fizickoto i duhovno zdarvje, toj proces e makotrpen i dolg i privilegija da uspeat e samo na upornite.
Apos
Pozdravi