logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ОСОЗНАВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИ ОБЕДИНУВАЊЕ А НЕ РАСЦЕПКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 31 Јануари 2012 21:45

545
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(21 гласа, просек 4.86 од 5)

 

Можеби и друг пат сум зборувала на оваа тема, но сепак чувствувам дека е време повторно да се навратам на некои моменти од медицинската наука кои мислам дека се клучни да се разберат од страна на пациентите но се разбира и од страна на докторите, за да се постигне вистински успех во заштита на здравјето на современиот човек. На потребата уште еднаш да се навратам на темава ме поттикнаа секојдневните јавувања во центарот на 8-КА од страна на пациенти кои имаат проблем со најразлични хронични болести и кои бараат објаснување од 8-КА дали можеби може да се помогне нешто во врска со нивната состојба.

„Дали програмата на 8-КА може да ми помогне нешто околу дијабетот?“

„Дали според исхраната на 8-КА може да се помогне нешто околу проблемите со опстипација?“

„Дали ми гарантирате дека ќе ослабам ако се хранам според препораките на 8-КА?“

„Моето дете има анемија, па дали може да се помогне нешто околу тоа?“

„Имам висок крвен притисок, дали исхраната може да ми помогне да го регулирам истиот?“

Ова се само дел од прашањата кои ги добивам по меил или по телефон од гледачите на ТВ серијалот „8-КА Ѕвезди“ кој се емитуваше на ТВ Алфа. Се разбира дека сите кои се интересираат за програмата на 8-КА добиваат целосни објаснувања за начинот на кој таа функционира, но сепак, и покрај тоа што и самиот серијал „8-КА Ѕвезди“ во детали ја опиша целата програма на лекување со храна и со здрави животни навики, мислам дека некои работи треба да се потенцираат уште еднаш.

Секој кој страда од некоја болест, мора да сфати дека неможе да ја совлада болеста и да го обнови своето здравје, ако на болеста гледа како на изолирана работа од која страда само еден или два од неговите органи ...

Така, ако имате дијабет, не треба да мислите дека тоа е болест на панкреасот кој недоволно лачи инсулин или пак излачениот инсулин не може да си ја заврши работата од некои „непознати причини“. Дијабетот е болест на целиот организам а не само на панкреасот! Или на пример ако страдате од срцева болест, не треба да мислите дека тоа е болест само на срцето, туку треба да знаете дека тоа е болест на целиот организам која довела до срцева слабост. Ако мислите спротивно, тогаш сте на погрешен пат, а тоа значи дека се фокусирате само на срцето како изолиран орган, го третирате со лекови или некои други препарати не осврнувајќи се на вистинските причини кои довеле до негова слабост, кои причини патем сеуште се тука присутни и ја подгреваат болеста се повеќе и повеќе без разлика на тоа колку многу лекови односно срцева терапија сте вклучиле во таканареченото лекување на срцето... Но и покрај се, јас можам да го сфатам однесувањето на пациентите кои без нивна вина се упатуваат од клиника на клиника, од специјалист на специјалист каде „лекуваат еден по еден од своите органи“, и на крајот од целата таа одисеја повторно се на почетокот... Така функционира современата медицина, дел по дел, одвоено, односно специјалистички па дури и субспецијалистички. Со години докторите ја изучуваат медицината и нивното врвно достигнување во медицинското образование е специјализација и субспецијализација во одредена област на медицината, односно се здобиваат со специјалност да лекуваат одредена проблематика која е сврзана со одреден орган во телото на луѓето. Мислам дека тоа е многу погрешен пристап во лекување на болестите, затоа што не можете да бидете специјалист само за срце или специјалист за црн дроб или специјалист за нерви...така, наместо да се обединува, човечкото тело се повеќе се расцепкува, а на тој начин личноста веќе не постои, постојат само деловите, одделени едни од други... Да, и јас сум впрочем специјалист за гинекологија и акушерство, но морам да признаам дека сфатив дека не може да се биде специјалист за женски гениталии изолирано од се друго, и воопшто не сте гинеколог - специјалист додека не станете специјалист за целото тело, односно за целиот човечки организам. Женските гениталии не постојат надвор од човечкото тело, ниту пак можат да функционираат изолирано без здравјето на сите други органи на човекот. Тие се дел од целината, а за да деловите функционираат совршено, целината мора да функционира синхронизирано и многу хармонично. Така, за да женските гениталии функционираат добро, мора и бубрезите и срцето и нервите и ендокрините жлезди и дигестивниот тракт и црниот дроб и панкреасот и кожата, впрочем се друго да функционира беспрекорно. За да една бременост биде успешна мора целиот организам на жената да функционира синхронизирано. Ако во текот на бременоста се јави висок крвен притисок укажува на нарушена синхронизација на целиот организам на жената, а не само на циркулаторниот апарат или бубрезите... Затоа не секогаш таблетите за висок крвен притисок кај трудниците кои страдаат од гестоза не помагаат. Она што многу малку се третира при сите овие состојби е психолошкиот момент, кој буквално се маргинализира и потценува, и на тој начин пациентот станува само тело кое се „поддотерува“ со овој или со оној лек, со ваква или таква интервенција, операција и сл.

Медицината мора да престане да го разделува човекот на се помали и помали делови. Ако сака да има успех во заштита на здравјето кај луѓето, време е медицинската наука да го обединува во една целина сето она што последните век и половина го раздвои, го расцепка на мали делови. Не постои медицина за срце, медицина за дијабет, медицина за гениталии, медицина за нерви, медицина за црн дроб, медицина за дебело црево, медицина за карциноми, медицина за бубрези... Таква медицина не може да даде резултати затоа што е нецелосна, половична, осакатена. Човечкиот организам е систем од енергии кои заедно чинат енергетска целина, а таа целина не е само тело, туку многу повеќе од видливото. Затоа не постои исхрана која е добра за срце а е лоша за бубрези или исхрана која е добра за дебело црево а не е добра за црн дроб и сл. Здравата исхрана е добра за целиот организам за целината на телото и духот. Затоа ако на пациентот му советувале исхрана која наводно е добра за бубрезите а потоа специјалистот за срце му каже дека таа исхрана не е добра за срцето, тогаш со сигурност таа исхрана не е добра ниту за бубрезите. Токму ова неразбирање и двоење на човечкиот организам на се помали делови ги збунува и пациентите и докторите, па никако да се сфати суштината и потребата од целовит третман на човечкото битие. Мора да се погледне многу подалеку од својата специјалност или субспецијалност, мора да се погледне во целовитоста на постоењето, мора да се погледне во вистината дека неопходна е промена во пристапот на лекување на современите хронични болести. Здравиот начин на исхрана значи терапија која го обновува целиот организам. Здравиот начин на исхрана е дел од здравиот животен стил. Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е првиот чекор кон вистинското осознавање за тоа од каде доаѓаат болестите и каде е клучот за нивно совладување. Хранејќи се здраво и правилно, доаѓа до „прочистување“ на целиот метаболизам и целиот систем од енергии почнува да функционира синхронизирано, па така и срцето и бубрезите и панкреасот и гениталиите и нервите и се друго ќе започне да ја обновува својата функција. Растенијата мора да имаат здрав корен ако сакаме да растат и да даваат плодови. Телото е нашиот корен и тој мора да се негува, мора правилно да се храни и да се вежба. Тогаш почнува да се враќа и осознава природата во телото, и истовремено се буди духот кој станува вистински господар на таквото сознание...

А тоа сознание се дефинира како здравје...

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.