ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВОТО ПРЕКРИЕНО СО МАСКИ
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Петок, 01 Јули 2011 01:00
Низ историјата човекот постојано си ги поставувал прашањата за причините за неговото постоење.
Која е нашата улога во севкупниот универзум? Кое е значењето на нашето постоење? Што ќе се случи по нашата смрт? Многубројни збунувачки прашања секојдневно го оптоваруваат нашиот мозок.
Така, од дамнешни времиња човекот продолжувал да го бара одговорот на овие прашања и се трудел подобро да ја разбере неговата внатрешна природа. Надворешно гледано, ние сме успеале да ги задоволиме нашите потреби преку материјалното уживање. Со цел да се сфатиме себеси како и надворешниот свет кој не опкружува преку нашите пет сетилни органи: очите (вид), носот (мирис), кожата (допир), јазикот (вкус), ушите (слух), ние постојано собираме информации за околината околу нас. Кога ќе ги собереме сите овие информации преку нашите органи, нашиот мозок истите ги анализира и на тој начин ние го збогатуваме нашето знаење и искуство, со што одиме уште еден чекор напред во корист на сопствената еволуција и усовршување. Нашиот процес на учење и усовршување во текот на историјата бил многу долг и тежок. Историјата докажала дека човекот, со цел да ги задоволи своите емоционални потреби како завист, моќ, слава, гордост, себичност, љубомората итн, истиот научил како да убие. Меѓутоа, човекот истовремено научил и како да сака . . .
НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ОД ВИСТИНАТА, ТАА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИЗЛЕЗ
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Вторник, 31 Мај 2011 18:54
По одредено време поминато со Чи Кунг медитацијата, набрзо ќе сватите дека има и некој друг свет (духовен свет), кој обичните луѓе не се ни свесни ниту пак можат да го допрат. Овој свет воопшто не е ни сватен целосно од денешната наука. Се вели дека во колку бидете во можност да го практикувате чи кунгот, вие можете да станете пионеер во спиритуалната наука. Споредено со материјалната наука која секако во денешно време многу добро развиена, духовната наука се наоѓа многу назад. Затоа ние денес сме сведоци на многу кризи (економски, политички, елементарни и други).
Од една страна човекот го има развиено материјалниот свет кој се граничи со уништување на целиот свет, а од друга страна духовната наука воопшто не мрднала од мртвата точка која е неопходна за контрола на човековите желби и контрола на неговиот темперамент.
Ова тврдење најмногу се огледа во Западниот свет. На запад, најверојатно поради општествениот систем основни цели кои човекот си ги поставува се славата, авторитетот, моќта и желбата за прекумерно богатење. Од овие причини, на запад луѓето што имале вграден инстинкт за духовно водство, во колку се спротиставувале на политиката на одредена групација од богатите слоеви, веднаш биле прогонувани и егзекутирани...ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ ЗНАЧИ ПРАВИЛНО ЖИВЕЕЊЕ
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Недела, 01 Мај 2011 16:50
ДИШЕЊЕТО Е ПРОЦЕС НА ЖИВИОТ СВЕТ
Зборот чи - кунг многу често се преведува како “вежбање на дишењето”. Ова секако дека има смисла, поради тоа што буквалниот превод на “чи” е воздух или дишење. Тоа всушност претставува процес, каде што со внесување на воздухот во нашето тело преку дишењето, ние всушност ги снабдуваме нашите клетки со кислород, кој со согорување на храната дава енергија потребна за одвивање на сите животни функции. Свесното и правилно дишење е основа во активното и пасивно чи кунг вежбање. При вдишување, свеж воздух од околината се внесува во белите дробови во кои настанува врзување на кислородот со црвените крвни зрнца (хемоглобинот), и истиот преку крвта се носи до клетките и ткивата. При издишување на јаглерод диоксид, кој исто така се носи преку крвта до белите дробови, се ослободува и исфрла како нечист производ надвор од телото. Една од главните цели при вежбањето на “чи-кунгот” е одржување на непречен баланс на оваа размена, така што целото тело ја прима енергијата која му е неопходна. Многу е важно да се напомене дека ефикасното здраво дишење во исто време не подразбира длабоко дишење . . .ТАОИСТИЧКА МЕДИТАЦИЈА
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Четврток, 31 Март 2011 20:03
Во таоистичката медитација познати се две основни насоки за успешно практицирање: смиреност и концентрација. Причината за смиреност, како ментална, така и физичка, се огледа во враќање на вниманието кон себе и раскинување со надворешните влијанија кои предизвикуваат емоционален дисбаланс. Во состојбата на смиреност, практикантот многу лесно може да го фокусира своето внимание, најчесто на дишењето, со цел да се развие свесност на „една работа“. Со ова се постигнува состојба на смирена свест ...
8-КА, ИСХРАНАТА И ТАОИЗМОТ
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Недела, 02 Јануари 2011 13:10
Многумина од моите пријатели со кои сум зборувал, покрај прашањата за чи-кунгот, ми поставуваат прашања од типот дали јас применувам посебен режим на исхрана и колку истиот е битен во чи-кунгот. Други пак, бараат совет за тоа како да го подобрат своето здравје со помош на чи-кунг вежбите. Мојот одговор кон сите соговорници е: доколку сакате да бидете здрави, или да го вратите изгубеното здравје, ќе мора да го промените животниот стил. На почетокот луѓето се збунети, некои прашуваат што значи промена на животниот стил, други пак воопшто не прашуваат (најверојатно не сакаат да знаат што значи тоа). И упорно го бараат одговорот на прашањето што наумиле да го добијат.
Имајте здрав животен стил, следете го патот на таото, одете по природниот пат и дозволете и’ на природата да ве води. Сè ова се однесува на една иста работа: доколку сакате да имате здрав и среќен живот, ќе морате да ги вратите изгубените природни и да ги отфрлите стекнатите лоши навики, бидејќи сè што е природно, е и здраво. И не само тоа, половичните промени носат слаби или половични резултати. ...Повеќе Артикли...
Страница 1 од 8






