ЈАДЕТЕ СО ВНИМАНИЕ
Вторник, 03 Март 2009 02:14
Работата не завршува само со тоа. Од храната ќе имаме најголема корист ако ја јадеме на истиот начин, придавајќи и внимание, чувствувајќи и го вкусот. Додека го земаме оброкот, го одбегнуваме она што може да нè вознемири или што ни го зема вниманието, како ТВ, весници или разговор за непријатни теми. Ако сме нервозни и уморни, најдобро е прво да се одмориме, па потоа да го земеме оброкот. Да се обидеме да јадеме во тишина и со пријатни мисли, и со благодарност за оној што се потрудил да го направи. Тивко уживајте во храната и повремено сетете се дека таа е дар од природата. Така храната подобро ќе се свари и ќе се искористи и некои проблеми со дигестијата спонтано ќе се повлечат.
| < Пред | Следно > |
|---|








