logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ДИСЦИПЛИНА И ПРИ ЈАДЕЊЕТО

Четврток, 05 Март 2009 02:30

260
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(5 гласа, просек 5.00 од 5)

Зенот е јапонска духовна традиција која плени со уникатните обичаи во уредувањето на градините, подготовката на чај, земањето на оброците. Правилата при земањето на оброците во нивните манастири биле толку рафинирани што биле внимателно објаснети во специјални прирачници. Едно од правилата било да се рецитираат одредени сутри во текот на оброците, за повторно да се освежи сфаќањето на монасите за значењето на јадењето и да се продлабочи нивното внимание, а со крајна цел да се постигне соединување во совршено единство со самото земање на оброкот. Било важно: кога мислат на храната да мислат од каде дошла таа; да ја прифатат како понуда; за да се заштитат од замките на својот ум и за да се одвојат од своите грешки, пред сè требало да ја совладаат лакомоста; ако чувствуваат телесна слабост, го земаат оброкот како лек.

Гледајќи во оваа традиција, веројатно повеќето ќе сфатат дека најчесто јадат механички, само за да се заситат, и со брзање. Не може секогаш да се вадиме на недостигот на време, и ако не секогаш, зошто повремено да не помислиме и ние за тоа колку луѓе биле ангажирани за да може да го имаме тоа јадење? На пример, оризот, зеленчукот, житото, и она што во мигот го имаме на трпезата некаде биле одгледани, некаде растеле, биле собирани и обработени. Колкав човечки напор бил вложен во сето тоа? Освен тоа, какви сè природни сили учествувале во тој процес: сончевата топлина, хранливите материи од земјата, влијанието на ветерот и водата, промената на сезоните. Методите на одгледување на културите и на производството на храната, што не се само плод на современите луѓе, туку и на напорите на луѓето од минатите времиња. Како таа храна била транспортирана за да можеме да ја купиме во продавница? Кога ќе помислиме на сето тоа, ќе видиме дека бројот на оние што учествувале и се грижеле за неа е речиси бескраен. На ова зен - монасите се потсетувале на секој оброк.

Се разбира дека тоа е дел од нивната практика за стекнување на контрола над умот и за исцелување од трите основни зли болести: пред сè лакомоста, а потоа лутината и незнаењето. Овој подвиг е голем и вреден за почитување, од кој барем малку може да научи и да го примени секој, да има почит кон храната, да помисли на другите човечки суштества што можеби гладуваат, и да посака сите да го добијат она што им е потребно.  

Центар за јога и личен развој

Курсеви за почетници, средни, напредни, за деца и возрасни

www.yogacentar.org.mk

тел. 32 33 533

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.