logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

НЕПРИРОДНО ДИШЕЊЕ: ХИПЕРВЕНТИЛАЦИОНЕН СИНДРОМ

Среда, 25 Март 2009 04:49

278
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Релаксираното абдомeнално дишење, за несреќа, не е норма во нашето „модерно“ општество. Многу научници кои се занимавале со дишењето и респираторната терапија го увиделе негативниот ефект врз здравјето на луѓето, како последица на таканаречениот хипервентилационен синдром.

Хипервентилациониот синдром се карактеризира пред сè со доминантно торакално (градно) дишење, мала употреба на дијафрагмата, дишење со нарушен ритам, брз респираторен циклус и потреба за повеќе воздух. Овие знаци укажуваат на слаб квалитет на дишењето и најчесто ваквото дишење го вклучува подигањето и паѓањето на стернумот со мала латерална експанзија на градите.

 

Хипервентилацијата е вообичаен синдром во седум психосоматски заболувања: астма, хипертензија, улцерус, реуматски артритис, колитис, хипертироидизам и неуродерматитис. Исто така, овој вид на дишење е забележан и во случаите со мигрена, хронични болки од секаков вид, нарушување на работата на срцето и кај пушачите. Кај болните од хроничен замор, градното дишење само може да ја влоши состојбата, каде дишењето се зголемува и до 18,3 дишења во минута, па и повеќе. Паничните реакции кај пациентите можат да го зголемат бројот на вдишувања и издишувања и до 30 пати во минута. Спротивно на ова, истражувачите откриле дека доколку биде регулирано дишењето кај пациентите со различни здравствени проблеми, нивната здравствена состојба видно се подобрува. Хипервентилациониот синдром можеби претставува еден од најбројните нарушувања кај човечката популација. Според некои проценки, половина од вкупната популација е зафатена од овој синдром. Болестите имаат комплексна природа на нивното појавување, како физичка траума, вируси, бактерии, животниот стил, психичка состојба, исхраната, генетски предиспозиции, како и животната средина. Во некои од случаите, правилното дишење едноставно може да придонесе во лечење на пациентот.

Со цел  подобро сфаќање на поврзаноста на дишењето со здравјето на човекот, најважно е да се разбере физичкиот механизам на хипервентилацијата. За да се изврши вдишување, белите дробови треба да бидат во можност да се рашират. Од претходните броеви на 8-ка беше опишано дека најделотворно дишење е дијафрагминото, со што стомачните мускули треба да бидат релаксирани, и при тоа стомакот се шири. Доколку дијафрагмата е под тензија, тогаш градите треба видно да се рашират. При овој случај абдоменот воопшто не се помрднува. Ваквото дишење е познато како градно дишење. Градното дишење нема толку голем капацитет како стомачното дишење. Како компензација, бројот на респирацијата треба да се зголеми со цел да се задоволат потребите на метаболизмот. Здивот е рапиден, плиток и примарно се одвива во градите: главна карактеристика на хипервентилациониот синдром. Здивот можеби изгледа како целосен и длабок, поради видното движење на градите, меѓутоа ова е обратно од она што навистина се случува во организмот.

Хипервентилацијата има многу штетен ефект на ph вредноста на крвта. Ваквото дишење предизвикува прекумерно трошење на јаглероден диоксид во крвта. Бидејќи јаглеродниот диоксид е неопходен за создавање на киселост во крвта, прекумерното губење на CO2 доведува до нарушување на ph вредноста и крвта добива алкална ph вредност. Оваа промена ја намалува можноста на хемоглобинот да го ослободува кислородот врзан за него. Задача на хемоглобинот е да го врзува кислородот за себе и преку крвта да го носи до сите клетки каде што се одвива метаболен процес, и притоа се ослободува енергија. За време на хипервентилација, врската помеѓу кислородот и хемоглобинот е премногу „силна”, и како последица на ова оневозможено е ослободување на кислородот од хемоглобинот. Така, се јавува ситуација каде иако кислородот е доволно присутен во крвта, истиот многу малку стига на предвиденото место (до ќелиите), што значи помалку енергија и нарушување на метаболичките процеси во организмот.

Намаленото ниво на кислород во ткивата, особено брзо се манифестира во нарушувањето на функцијата на срцето и мозокот, поради фактот што овие два органа се најголеми „консументи” на кислород. Секако дека постои директна врска помеѓу хипервентилацијата и грчењето на артериите кои ги хранат ткивата со кислород. При медицинските истражувања пронајдено е дека хипервентилацијата го намалува количеството на кислород во миокардот (срцевиот мускул) и со тоа предизвикува тахикардија и абнормално работење на срцето. Исто така е откриено дека хипервентилацијата е еден од главните причинители на појава на оштетување на срцето, висок крвен притисок, срцева аритмија, коронарна слабост  и ангина.

Мозокот, од друга страна, иако учествува само со 2% во вкупната маса на телото, сепак користи 20% од кислородот потребен за организмот. Хипервентилацијата ја редуцира циркулацијата на крвта во мозокот, додека спорото длабоко дишење ја подобрува. Дури и некои форми на мигрена се јавуваат како последица на грчењето на артериите при рапидното дишење. Намаленото количество на кислород во мозокот може да предизвика хроничен замор, мозочен удар и епилептични напади. Уште еднаш, хипервентилацијата води до грчење на крвните садови, со што се намалува циркулацијата на крвта, а најбрзо се манифестира со ладење на екстремитетите.

Како што нагласивме, при хипервентилација хемијата на крвта се пореметува, и од благо алкална (ph 7,4), истата преминува во премногу алкалозна. Во овој случај повеќе калциум влегува во нервите и мускулните ќелии. Оваа појава придонесува за нивен побрз и појак “одговор”. Всушност ваквата појава придонесува за појава на нервоза и мускулна тензија. Оваа состојба е природна во одредени ситуации, најчесто кога човекот се наоѓа во ситуација кога му е загрозен животот (и човекот е дел од природата). Меѓутоа оваа состојба го нарушува здравјето, доколку истата премине во навика (секојдневна). Всушност, оваа состојба во денешно време кај „модерниот” човек е наречена стресна состојба (можеби повеќето неурози кои се манифестираат кај умот и телото, а се предизвикани од хипервентилациониот синдром, не се индуцираат поради моменталната опасност, туку како реакција на фиксираното верување во опасноста, кое најчесто е во потсвеста на „современиот” човек). И овде може да се види тесната врска помеѓу хипервентилацијата и психосоматските заболувања. Состојбите на нервоза и тензија можат да доведат до главоболка, улцерус, болка и замор во мускулите, зголемен крвен притисок, срцебиење и многу други здравствени проблеми кои се предизвикани од стрес.

Добрата вест е дека природното чи-кунг дишење може да ги излечи овие состојби. Со правилна примена на чи-кунг дишењето мускулите се релаксираат, крвните садови се опуштаат, со што се зголемува циркулацијата и снабденоста со кислород во целиот организам. Постојат клинички докази дека луѓето кои страдаат од мигрена, со правилно дишење (чи-кунг) можат да ја контролираат, па дури и да ја излечат, а оние со висок крвен притисок и со висок ризик од кардиоваскуларно заболување, да го намалат истиот. Кога дишењето е релаксирано, човекот е повеќе фокусиран на сегашноста и способен е да пронајде поздрав начин за решавањето на своите секојдневни проблеми.

 

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+1 # Anonimen 15.07.2011 21:11
Може ли да објасните подетално како да правилно да дишеме, т.е. да го употребиме чи-кунг дишењето ?
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.