ЕМБРИОНАЛНО ДИШЕЊЕ : ПОВТОРНО РАЃАЊЕ
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Недела, 03 Мај 2009 07:46
Со текот на вежбањето, дишењето може да постане толку лесно и мирно што, гледано од страна, се чини како да престанало. Кинескиот алхемичар Ге Хонг, во 4 век п.н.е. рекол дека големите чи-кунг мајстори при изведувањето на чи-кунгот имаат толку смирено дишење што, при поставување на перo под нивниот нос, истото нема да се помрдне, така што се чини како воопшто да не дишат. Ова е карактеристика на повеќето напредни чи-кунг мајстори и е форма на дан-тиен дишењето, попознато како „ембрионално дишење“.
Ембрионалното дишење се однесува на времето кога ембрионот сè уште се наоѓа во мајчината утроба. Кога возрасен човек го практикува ембрионалното дишење, тој/таа чувствува враќање во универзумот (утробата), на тој начин хранејќи се чисто од универзумот. На тој начин Се верува дека на тој начин човекот повторно „се раѓа“, но овојпат ослободен од алчноста, зависта, егоизмот и омразата на својот интелект.
Што е всушност ембрионалното дишење? Тоа е дишење кое понекогаш се нарекува „запирање на дишењето“. Здивот е толку бавен, мек, што во еден момент се чини дека потполно запрел. Во повеќето чи-кунг текстови може да се најде:„Задржи го здивот дваесетина минути ... Задржи го здивот два саати...‘‘ Очигледно, никој не може да го задржи здивот толку време. „Задржи го здивот‘‘ - се мисли да се почувствува како дишењето да застанало и истото постанало внатрешен, процес без напор. Абдоменот расте и опаѓа. Воздухот влегува и излегува без напор и спонтано, исто како што дишат бебињата. Мозокот е „празен‘‘. Се чини како и тој да „застанал‘‘.
Еден од најпрактичните текстови кои ни се оставени во наследство од големите чи-кунг мајстори е методот на мајсторот Јин Ши, пишуван од страна на Јианг Веи, кој и самиот бил слабо и многу болежливо момче. Ниту западната, ниту источната медицина не му помогнала многу. Во 1890 година Јианг, на 20 годишна возраст заработил туберкулоза. Поради ова, се повлекол во својата куќа и во дворот работел извесни чи-кунг и медитативни вежби. Неговиот чудесен лек и спиритуално воздигнување се забележани во неговиот текст. Јианг забележал дека во ембрионалното дишење е најважно да се дише на нос и дишењето да биде мирно и тивко. Тој константно напоменува „природно и дишење без напор‘‘. Во текстот се вели дека при ембрионалното дишење, здивот треба да биде природен, така што човекот што медитира воопшто не е свесен дали воопшто дише. Тој ова го нарекол „фаза на недишење‘‘, каде воздухот влегува и излегува преку целото тело. Некои автори ова го нарекуваат „целото тело е чи‘‘.
Познатиот тао-мајстор Чао Би-чен, во 1860 година, го смета „ембрионалното дишење‘‘ како клучно за спиритуалното просветлување. Тој во своите текстови напоменува дека при овој метод на дишење, чи-то од универзумот континуирано го напојува телото, при што внатрешното чи не го напушта истото. Континуираното напојување со чи-то од универзумот му помага на практикантот да се преобрази во нова личност со поголема мудрост и подолг живот.
Како поедноставување, ембрионалното дишење значи да му се овозможи на дишењето да постане комплетно без напор, така што ваквата медитација ве води во тотален мир и спокојство. Ваквата состојба ве прави да се чувствувате дека сте едно со универзумот, всушност вие заедно дишете. Ќе почувствувате просторност – вие сте постанале дишење. Во исто време се појавува чувство на бистрина и светлина. По завршувањето на медитацијата, вашиот мозок и тело ќе бидат свежи, а вие ќе имате чудно чувство на детска енергија. Според древните текстови, постигнување на ваква состојба кај практикантот може да се случи исклучиво кај оној што практикува дан-тиен дишење, со правилна и избалансирана исхрана, преку разните форми на чи-кунг вежби, и преку подигањето на внатрешниот мир.
| < Пред | Следно > |
|---|








