logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Дишам, значи постојам

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Понеделник, 30 Јуни 2008 19:00

33
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(13 гласа, просек 5.00 од 5)
Релаксираното тело овозможува правилно, а телото под стрес неправилно дишење. Дишењето во чикунгот се смета за основна стратегија во чикунг практиката. Кога е правилен методот на дишење, умот го води чито многу ефикасно и делотворно. Поради ваквото сознание, чикунг дишењето било проучувано уште мниогу одамна. Така, во многу случаи методите за дишење биле чувани како строга тајна. Ова налагало ваквите техники за дишење да бидат пренесувани само усно, од колено на колено.

 

Active Image

Прво ќе направиме анализа на тоа како е поврзана чи циркулацијата со дишењето.
Во традиционалната кинеска медицина постојат 12 основни меридијани и 8 екстрамеридијани, кои служат како “резервоари” на животната енергија.

Генерално зборувано, чи циркулацијата настанува природно и автоматски кај оние луѓе што немаат чикунг тренинг. Но добро извежбан чикунг поединец, користејќи ги мозокот и правилното дишење, може многу поефикасно да генерира и да ја придвижи таканаречената чи енергија во своето тело.

Но добро извежбан чикунг поединец, користејќи ги мозокот и правилното дишење, може многу поефикасно да генерира и да ја придвижи таканаречената чи енергија во своето тело. Традиционалната кинеска медицина нè учи дека со земање воздух од околината, животната енергија се повлекува во внатрешноста на телото и коскената срж и телото стануваат повеќе “јин”. Со секое издишување животната енергија се ослободува на површината на телото и на кожата, и телото станува повеќе “јанг”. Па така, кога се балансирани вдишувањето и издишувањето, нашето тело ќе биде во совршен енергетски баланс. Со стареењето должината на дишењето е сè помала и помала, а со тоа помалку чи се внесува внатре и надвор. Овој процес во традиционалната кинеска медицина е опишан како стагнирање на чито, кое од друга страна придонесува за што побрзо стареење на човекот. Кожата почнува да се брчка, косата побрзо белее, имунитетот опаѓа и човекот е подложен на чести заболувања.

Методи на дишење

1. Нормално дишење. Нормалното дишење често се поистоветува со градното дишење, во кое однесувањето во дишењето најчесто е контролирано од страна на емотивната состојба на поединецот. Прво и основно, треба да се научи како да се регулира нормалното дишење, т.е вдишувањето и издишувањето треба да бидат “течни”, а притоа да се биде сосема релаксиран. Оваа состојба придонесува за намалување на срцебиењето. Ова треба да се вежба сè додека не се доведете во ситуација да го правите истото без да бидете свесни за тоа.
2. Нормално абдоменално дишење. Нормалното абдоменално дишење уште е познато како будистичко дишење. Ова дишење ве учи како да ги контролирате абдоменалните мускули во координација со дишењето. Кога се вдишува, се шират абдоменалните мускули. Кога се издишува, се собираат. Нормално, на почетокот, додека се вежба овој начин на дишење, концентрацијата треба да биде упатена на ширење и на собирање на абдоменалните мускули сè додека ваквото дишење не стане природно. Тоа значи дека тогаш ќе бидете подготвени да сторнирате “животна енергија во “долниот тан тиен” (средишната точка во долниот стомак). Кога ќе го научите овој начин на дишење, ќе се почувствувате пријатно во целото тело, што се должи на многу поефикасно и побрзо пренесување на чито низ целото тело. Ќе почувствувате како целото тело да дише со вас.
3. Обратно абдоменално дишење. Обратното абдоменално дишење уште е познато како таоистичко дишење. Ова дишење е наречено обратно абдоменално дишење поради обратното движење на абдоменалните мускули во однос на “будистичкото дишење”. Со други зборови, со секое вдишување стомакот се собира, со секое издишување се шири. Споредбено, будистичкото дишење е порелаксирачко, додека таоистичкото дишење е поагресивно. Повеќето чикунг учители денес мислат дека таоистичкото дишење е спротивно на таоистичката филозофија, т.е спротивно на природниот пат. Но не е вистина. Ако го набљудуваме внимателно нашето дишење, може да се забележи дека обратното абдоменално дишење се употребува во две ситуации. Прво, кога се наоѓаме под емоционална напнатост, често користиме обратно дишење. Така, на пример, кога се смееме и го испуштаме звукот “ха, ха, ха…”, стомакот се шири. Во тој случај издишувањето е подолго од вдишувањето и како резултат на тоа, чито побрзо се шири и телото се зацрвенува и се поти многу побрзо. Ова е природен начин на ослободување на вишокот енергија предизвикан од емоционална возбуда или од среќа. Исто така, кога сте тажни или кога плачете, при призведувањето на звукот “хен” при вдишување, абдоменалниот дел се собира. Во тој случај вдишувањето е подолго во однос на издишувањето, чито се собира и најчесто по ова чувствувате ладно. Ова е природен начин на организмот поради загуба на енергијата. Кога сте тажни, телесната енергија опаѓа.
Вториот случај кога користиме обратно абдоменално дишење е кога бараме повеќе енергија при изведување некоја тешка физичка работа, на пример, при туркање кола или подигање тежок товар. Со цел да се произведе поголема сила, најпрво длабоко вдишуваме па издишуваме, истовремено вршејќи ја тешката физичка активност. И при овој случај, ако набљудуваме внимателно, најчесто се користи обратното стомачно дишење.
4. Ембрионално дишење. Ембрионалното дишење отсекогаш било тема на разговор во чикунг практиката. Тоа е така бидејќи овој начин на дишење ќе ви овозможи да сторнирате поголема чи енергија во “вистинскиот тан тиен”. Со други зборови, преку ембрионалното дишење, ќе бидете во можност да ја наполните вашата биобатерија на највисоко ниво. Со тоа виталната енергија ќе ви порасне, имунолошкиот систем ќе зајакне и телото ќе биде уште посилно. Поентата на ембрионалното дишење е што при зголемувањето на животната енергија во вистинскиот тан тиен, го подига духот, така што личноста се префрла на многу повисоко интелектуално ниво. Ембрионалното дишење е клучно за духовното просветлување. И не само за тоа, ова дишење придонесува за подобрување на имунолошкиот систем и за долговечност.

5. Телесно дишење. Телесното дишење,всушност, е дишење со целото тело. Тоа би значело дека со процесот на вдишување чито оди во коските и во внатрешните органи, а со процесот на издишување истото се движи кон мускулите и површината на телото. Моментот кога ќе се достигне извесно ниво во ова дишење, практикантот ќе почувствува како диши со целото тело. Ќе се здобие со чувство дека исчезнало физичкото тело и дека тој е, всушност, самата “животна енергија”.
Постојат и други начини на дишење во таоистичката практика, како спиритуалното дишење, кое најчесто се поврзува со ембрионалното и со телесното дишење, желкино дишење, како и таканареченото мирно дишење.

Дишам, значи живеам – стара кинеска поговорка.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.