logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

АПСОРБИРАЊЕ НА ЧИ ОД ПРИРОДАТА

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Вторник, 21 Јули 2009 14:19

343
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Човекот не е изолирано суштество од природата. Ако не верувате во ова, едноставно замислете си дека живеете во изолирана просторија без прозорци, без вода, храна, сончева светлина, едноставно изолирани од надворешната средина (на овој начин современиот човек го одгледува добитокот во фармите, кој подоцна од таканаречените „нутриционисти и стручни лица“, кои треба да се грижат за здравјето на луѓето, месото и преработките од месо, се препорачува како корисна и неопходна храна за луѓето). Независни сте, зар не?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Невозможно е! Зависноста е повеќе реален концепт. Нам ни е потребно чи од природата за да можеме едноставно да опстанеме. Природата не храни со енергија, која ја примаме како чиста енергија, или енергија која е создадена од страна на нашето тело, пак како резултат на она што го јадеме и дишеме. Вистината е единствена,  чи е присутно насекаде околу нас. Проблемот е во способноста на луѓето да ја акумулираат таа енергија…

Чикунг може да ја зголеми свеста на луѓето за присутноста на надворешните извори на енергија, и воедно, да ја зголеми можноста на телото да ја апсорбира таа енергија во насока на самолекување и повисок спиритуален развој.

Чикунг медитацијата во природата може да биде поврзана буквално со сè што природата го создала, но најчесто користена медитација е медитацијата во апсорбирање на енергија од сонцето, месечината и ѕвездите, како и чикунг медитацијата на апсорбирање на енергија од дрвјата.

Принципот на апсорбирање на чи е едноставен: правилното држење на телото, природното дишење и концентрацијата се три основни услови за постигнувањето на целта.

Друг вид на чикунг медитација поврзан со надворешниот свет е апсорбирање на енергија од небото и земјата. Овој вид на медитација ја стимулира внатрешната јинг и јанг енергија во телото. Овој вид на медитација води до трансформација на духот во заедништво со универзумот.

 

ПОВРЗУВАЊЕ НА ТРИТЕ ДАН ТИЕНИ

Синхронизирање на телото, умот и духот

 

Овој метод на чикунг медитација може да се практикува во кое било време од денот. Истиот се однесува за трите енергетски полиња во човечкото тело. Долниот дан тиен се наоѓа во средината на долниот стомак, три прсти под папокот. Ова поле кореспондира со телото. Средниот дан тиен се наоѓа во средишниот дел на градниот кош, во близина на срцето и кореспондира со духот.

Горниот дан тиен се наоѓа во средишниот дел на главата, одговорен е за енергијата на свеста и кореспондира со мозокот. Овој вид на медитација може да се изведува во стоечка или седечка позиција. Практикантот треба ментално да биде свесен за трите енергетски полиња. Потрудете се енергетските полиња да ги позиционирате вертикално, така што низ нив да поминува една вертикална права. Ваквата проекција пожелно е да ја работите од десет до петнаесет минути. Поврзувањето на трите енергетски полиња создава чиста свест и ги отвара главните чи меридијани. Со ова се постигнува појак проток на животната енергија во телото. Оваа чикунг медитација претставува одличен метод за зголемување  на целокупната виталност на телото, како и за побрзо заздравување после одредена болест.

 

Без разлика кој вид  на чикунг медитација се практикува, битна е упорноста и истрајноста во она што се работи. Најбитна е практиката. Теоријата без практика не функционира. Целта на сите чикунг вежби е: научете го мозокот да го води чи. Чикунг е како акупунктурна терапија без игли. Ова е внатрешна акупунктура. Слушнете го гласот на природата. Природата знае најдобро.

Лао Це еднаш рекол: „Таото ги следи принципите на природата“. Целта на чикунг не е да постанете чикунг мајстор, туку да постанете експерт во спознавањето на самите себеси.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.