logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

АКТИВЕН ЧИ-КУНГ

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Среда, 19 Август 2009 13:50

346
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

 Во Кина зборот чи-кунг асоцира на илјадници практиканти собрани во парковите, кои вежбаат успорено, следејќи го секое движење на својот инструктор. Иако чи-кунг медитацијата е многу полесна за индивидуално учење и практикување, активниот чи-кунг е многу попопуларен во денешниот современ свет. Има две основни причини за ова. Прво, активниот чи-кунг е социјален настан; за да се научи, бара доаѓање и вежбање во група. Ова подразбира запознавање на нови лица и добивање на инспирација гледајќи ја работата на својот инструктор. Второ, вештините и телесната свесност многу лесно можат да бидат искористени во некој спорт или во боречките вештини. Всушност, многу боречки вештини во Кина се сметаат за активен чи-кунг. Да се научи правилното дишење, правилното држење на телото и правилниот став, сето тоа придонесува за развивање на силата во ударот и здравото чи во телото ...

 

  Како што неактивниот седечки живот постана наш животен стил, како што компјутерите се посредници во човековата комуникација, се чини дека активниот чи-кунг ќе биде неопходен за секоја индивидуа. На почетокот, многу чи-кунг практиканти несвесно влегуваат во процесот на вежбање. Причината за нивното вежбање може да биде бидејќи чувствуваат потреба за вежбање или пак поради потрагата по подобрување на нивната здравствена состојба. Меѓутоа, во повеќе случаи, еднаш кога ќе се проба, искуството зборува за многу повеќе. Чи-кунгот е забавен и дава чувство на благосостојба во текот и по вежбањето. Би било бесполезно да се учат сите форми на активниот чи-кунг, бидејќи постојат илјадници. Она што е најбитно во овој вид  на вежбање е да се научи правилно практикување  на таканаречениот класичен систем на активниот чи-кунг.

На часовите од антистрес програмата на 8-ка, вежбањето започнува со меридијанските стреч вежби, кои благотворно делуваат на 12-те енергетски канали. Овие вежби ја балансираат вкупната енергија во телото и делуваат позитивно на работата на внатрешните органи. Всушност, со стреч меридијанските вежби, телото е подготвено за следниот стадиум од активниот чи-кунг, а тоа се вежби кои го вклучуваат правилниот став, лесно движење и техники на концентрација.

Во овој број на 8-ка ќе ви опишеме една вежба која е многу лесна за практикување. Вежбата започнува со првата поза, таканаречената „Буда што медитира“. Застанете во класичниот став за стоечка медитација, опишан во претходните броеви на 8-ка. Ставете ги рацете пред долниот дан-тиен, во позиција како да држите топка со двете раце. Полека подигнете ја замислената топка во висина на градите. Потоа полека спојте ги дланките. Во оваа позиција фокусирајте се на долниот дан-тиен и дозволете му на мозокот да се смири. Задржете ја оваа позиција за период во кој ќе се чувствувате пријатно и опуштено. Потоа, раздвојте ги рацете и полека спуштете ги покрај телото.

Следниот чекор во оваа вежба се нарекува „космичко битие“. Полека подигнете ги рацете латерално, во висина на рамениците. Потоа завртете ги дланките кон надвор, спротивно од телото. Задржувајќи ја оваа позиција, замислете си како вашето тело се полни со енергија од универзумот. Главата е блиску до небото, нозете се во контакт со земјата, рацете ја впиваат енергијата од природата. Вие сте, всушност, космичкото битие. За разлика од претходната поза, таканаречената „Буда што медитира“, каде сте свртени кон самите себе, овде, во космичкото битие, вашето тело е отворено кон надворешноста, кон целиот универзум. Телото е опуштено, така што целокупното чи од универзумот го исполнува вашето тело. Задржете ја оваа позиција неколку минути, потоа фокусирајте ја свеста на долниот дан-тиен, за да направите спој на свеста и телото, и полека спуштете ги рацете покрај телото. Третата позиција од оваа вежба е чистење на коскената срж, со една рака. Донесете ја левата рака во крстниот дел од грбот. Донесувањето во линија на двете акупунктурни точки, едната на раката, а другата во крстниот дел, ја подобрува работата на бубрезите и надбубрежната жлезда. Скоро истовремено, десната рака се крева над главата, со дланката свртена надолу. Пробајте да ја почувствувате енергијата на телото со дланката, доведувајќи ја средината на дланката во линија со круната на главата. Оваа позиција помага во балансирање на вкупната јин и јанг енергија во телото. Задржете ја оваа позиција за кратко, и потоа започнете со спуштање на десната дланка пред телото, замислувајќи како чито од универзумот го исполнува вашиот скелет, од главата до нозете. Кога десната рака ќе ја спуштите долу, ослободете ја и левата рака покрај телото. Сега, осетете како нечистата енергија се ослободува преку нозете право во земјата. Повторете ја постапката на другата страна.

Последната фаза од оваа вежба се нарекува „чистење на коските со двете раце“. Подигнете ги рацете пред вас, со дланките свртени нагоре, во висина над главата. Задржете ја оваа позиција околу 10 секунди. Потоа завртете ги дланките надолу. Почувствувајте ја енергијата на телото со двете раце. Задржете ја оваа позиција за момент и потоа започнете да ги спуштате двете раце пред телото надолу, замислувајќи како го полните скелетот со чито од универзумот, од главата кон нозете. Кога ќе ги спуштите двете раце покрај телото, замислете како нечистото чи преку нозете влегува во земјата. Последната фаза се работи само еднаш.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.