logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

КРЕИРАЈ ЈА СВОЈАТА СРЕЌА

Напишано од Весна Алексовска Вторник, 30 Март 2010 11:25

401
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 5.00 од 5)

За да се чувствуваме среќни, ќе кажете, најмногу придонесуваат нашата материјална благосостојба, сигурноста и физичкото здравје. На ова прашање доста работеле и научниците, кои во своите истражувања потврдуваат дека духовните вежби можат да го изменат нашиот мозок на начин кој ја поттикнува среќата.

Тие објаснуваат дека мозокот е во непрекинато движење. Реагирајќи на дразбите, тој создава нови нервни патишта, исто како куќа во која се додаваат кабли во електричната инсталација која се користи повеќе, а каблите од некористените кругови се смалуваат или вадат. Така, ако сме склони на доживување на несреќа, ја зајакнуваме нашата мозочна инсталација за несреќа, и обратно. Науката сега ја пристигна духовноста, која ова го знае со илјадници години. Буда и другите духовни учители не поттикнувале да останеме во смирена состојба, зашто: „Она сме, што мислиме“. Такви какви што сме, настанува од нашите мисли. Со своите мисли го создаваме светот...

 

Научниците велат дека гените ја одредуваат нашата судбина.  Но новата генерација на научници потврдуваат дека нашата свест и надворешната околина имаат многу поголемо влијание на гените отколку она што во нив е „запишано“. Спроведени се многу истражувања со кои се докажува дека имаме огромен самоисцелувачки потенцијал,  дека со менување на секојдневните навики и со духовна практика, со наша волја можеме да ја обликуваме својата „судбина“.

Во Америка нашироко е познато откритието на д-р Ден Орниш дека исхраната може да излечи болести на коронарната артерија, што е објавено во студијата на гените во 2008 г. Тој кај мажи со рак на простата го проучил и резултатот од промената на начинот на живот, во кој е вклучено секојдневно едночасовно вежбање на техники за смалување на стресот, како медитацијата. Субјектите биле решени да не се подвргнат на конвенционалната хирургија и зрачење или на хормонален третман за рак. Место тоа, го смениле начинот на живот. Покрај тоа што медитирале и практикувале други техники за контрола на стрес, правеле получасовни прошетки и биле на исхрана богата со мешунки, соја, овошје, интегрални житарки и зеленчук. Нормално дека истражувачите не биле зачудени што мажите изгубиле на тежината и го симнале високиот крвен притисок. Но, споредбата на биопсиите на простатата земени пред и потоа, откриле дека запрепастувачки 501 ген се промениле за само три месеци. Гените поврзани за ракот на простата се исклучиле. Орниш забележал: „Ова е возбудливо откритие зашто луѓето така често кажуваат : Ах, и така сè е во моите гени, што можам јас тука? Па, се покажа дека можете многу што да сторите!“

Медитација, молитва, духовни вежби, одење во црква се активности што го смалуваат стресот. Еден динамичен духовен и социјален живот исто така влијае на животниот век. Стапката на хоспитализирани лица што одат во црква на половина е помала од стапката на оние што не одат. Стресот, емоциите, духовноста и болеста неодвојливо се поврзани. Научните работници досега документирале врска меѓу стресот и многу органски болести, вклучувајќи ги срцевите удари, ракот и напредувањето на  ХИВ и АИДС. Емоционалните состојби, како што се паниката, непријателството, депресијата и бесот придонесуваат за ризик од срцев напад. Врската меѓу ракот и стресот е посебно интересна и е предмет на многу истражувања. Научниците се сложуваат дека 5 до 10% случаи на рак се наследни, додека остатокот се последица на околните фактори , вклучително и стресот.

Во своето дело „Духовноста и имунитетот“, д-р Стефен Марини наведува студии во кои се покажуваат следните резултати од стресот на ниво на клетки: раните зараснуваат 9 дена подолго, меѓуклеточната комуникација се смалува, имунолошкиот систем е ослабнат, има послаба воспалителна реакција на местото на повреда, зголемување на бактериски инфекции, зголемена чувствителност на автоимуни болести, смалена способност на одбрана од продор на токсини. „За ова немаме пилула“, вели Моше Френк, доктор по медицина од Одделот за интегративна медицина на Клиниката за рак во Тексас. „Но затоа ја имаме јогата, медитацијата и водените визуализации“. Со примена на овие техники за смалување на стресот ги активираме нашите среќни гени и здравите гени.

Руд Винховен, холандски професор, во своите триесетина студии покажа дека среќата го продолжува нашиот животен век за седум до десет години. Открил дека среќните луѓе имаат поголема веројатност да ја контролираат својата тежина, рано ги приметуваат знаците на болест и се умерени во пушењето и пиењето на алкохол.

Среќата не е само здрава, туку е и заразна. Во студија која се спроведува од 1983 па сè до денес во град во Масачусетц, кај големиот број на вклучени испитаници, истражувачите утврдиле дека ако имате среќен пријател, изгледите да сте среќни и вие се зголемуваат за 15 %. Среќниот брачен другар на вашиот пријател ви ги зголемува изгледите за среќа за 10 %. А среќниот пријател на вашиот пријател за 6 %. Ако сте опкружени со повеќе среќни пријатели, дејството се зголемува.

Истражувачите се заинтересирале и дали сте осудени цел живот да останете несреќни ако сте имале тешко детство, кога вашите механизми за ублажување на стресот биле епигенетски загрозени. Тие нудат охрабрувачки одговори. Во истражувањата покажале дека 27 гени се регулираат ако се смеете од срце. Покажале дека никогаш не е доцна да си пружите среќно детство. Ако се опкружите со луѓе и услови кои ќе ви дадат многу грижа, можете да почнете да ги поништувате обрасците во вашите гени одговорни за вашата реакција на стрес.

Секоја минута околу милион наши клетки изумираат. И толку се раѓаат секоја минута. Можеби со деструктивните навики и емоции сме всадиле лоши епигенетски сигнали во своите стари клетки. Но нашите стари станици се на изумирање. Затоа сега да почнеме да им праќаме нови сигнали на клетките што сега се раѓаат со исполнување на своето срце со љубов, а својот ум со позитивни мисли – нашите нови клетки може да бидат поздрави од тие што изумираат. Секоја молекула во нашиот мозок се менува на два месеца, а во телото на секои седум години. Па обновувајќи се психички и духовно, се обновуваме и епигенетски.

Овие научни докази стигнуваат од сите страни. И се убедливи дека нашата среќа, нашата емоционална состојба, влијаат на гените и на состојбата на телото. Тие истовремено потсетуваат на работите кои можеме да ги правиме за да создадеме услови за нашата среќа:

-          верување во позитивното;

-          духовноста;

-          молитвата;

-          позитивните слики и визуализации;

-          оптимизмот;

-          намерата;

-          позитивниот став;

-          личната грижа;

-          благодарноста;

-          создавањето на среќна друштвена мрежа;

-          добрите дела;

-          медитацијата.

И уште еднаш, научниците тврдат дека нашите среќни гени се присутни во нашите тела и мозок како потенцијал, а она што правиме со нив, го обликува нашиот живот.


< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.