logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЕНЕРГИЈАТА НА ЕМОЦИИТЕ

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Недела, 31 Октомври 2010 17:29

475
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 3.67 од 5)

Зборот емоција потекнува од латинскиот збор e-mot (движење на надвор), што би значело надворешно видување на внатрешните чувства во вид на глас, гримаса, и гест со телото. Така, може да се заклучи дека емоциите се одразуваат и физички и психички. Тие се манифестираат со движење на енергијата внатре во оној кој ги продуцира и надвор меѓу другите луѓе. Чи-кунгот може да помогне во справување со емоционалниот дисбаланс на одредена личност, на тој начин што ја отстранува енергетската блокада. На тој начин човекот со емоционален дисбаланс полесно се справува со емоциите и не ги држи во себе, ниту пак ги манифестира импулсивно во дадена ситуација.

При практикување на чи-кунгот, луѓето со емоционален дисбаланс учат како да ги препознаат физичките манифестации на емоциите – затегнати раменици, отежнато варење на храната, отежнато дишење – и со практични методи на вежбање да се реши проблемот на енергетско ниво. За разлика од „западњачкиот“ пристап во лечењето на емоционалниот дисбаланс, во кој неминовно се применува советувањето од страна на професионалец, чи-кунгот вклучува систем на специјални вежби (активни и пасивни) чи-кунг медитативни вежби…

 Повеќето психијатари веруваат дека сите сериозни емоционални нарушувања во основа потекнуваат од нарушувања во мозочната биохемиска активност, и се разбира, треба да се третираат со соодветни лекови. Вистината е дека умот не е ништо друго, туку, како телото – она што го нарекуваме ментална реакција, само се манифестира преку телото. Едноставно кажано, емоциите се манифестираат и влијаат на телото. Гневот го манифестираме на тој начин што ги затегаме рамениците, преку затегање на вратот и спречување на слободното движење на чито од црниот дроб. И телото, исто така, влијае на нашите емоции. Одредени навики во дишењето и неправилното држење на телото предизвикуваат емоционални турбуленции. Универзалните принципи на чито, заемното дејство на умот и телото, ни помагаат да ги решиме психофизичките  проблеми одеднаш. Чито не се наоѓа само во мозокот или пак во кој било човечки орган, туку тоа циркулира низ целото тело. Кога чито е здраво, целокупниот систем – свест и тело – е здрав.

Во последно време, западната медицина започна да ја согледува мудроста на кинеската медицина. Бројни научници во светот започнаа да ги истражуваат врската помеѓу свеста, нервниот систем и имунолошкиот систем. Многумина од нив заклучија дека здравјето на свеста и телото секогаш одат заедно.

Врската се креира од страна на неуропептидите, „хемикалии на свесноста”, кои се синтетизираат како производ на мислата и чувството. Неуропептидите кружат во телото слично на чито, носејќи информации од и во мозокот, нервниот систем и во другите делови во телото. Тие се врзуваат на рецепторите на различни ткива, и потоа се однесуваат како преносители на информација, на тој начин помагајќи да се координира активноста на телото. На пример, доколку вашето тело посакува течност, неуропептидот наречен ангиотензин се лепи за делот од мозокот кој е одговорен за чувството и емоцијата за жед и ние чувствуваме потреба за вода. Во исто време, ангиотензинот се врзува за рецепторната страна од бубрезите и му пренесува информација да ја задржува течноста. На тој начин неуропептидите се одговорни за интегрирано делување на чувствата, свесноста и физиологијата.

Чувствата предизвикуваат лачење на специфични неуропептиди кои циркулираат во одредени делови на телото и ја одредуваат работата на истото. Физичките реакции, како на пример болката, гладта, мирисот, стимулираат продукција на неуропептиди кои влијаат на нашето расположение.

Научно е докажано дека органите и ткивата во телото содржат бројни рецептори за неуропептиди, а најбројни се во цревата. Ова најверојатно објаснува зошто сите емоции човекот најмногу ги чувствува во стомакот. Активноста на неуропептидите објаснува, исто така, зошто начинот на дишење влијае на состојбата на умот. Емоциите директно влијаат на начинот на дишење (и состојбата на чито) и спротивно на ова, дишењето влијае на позитивното расположение и непрекинатото течење на чито во телото, промовирајќи здравје.

Можеби едно од најголемите достигнувања на психонеуроимунологијата е тоа што постојат рецептори за неуропептиди на повеќе имунолошки ќелии. Се чини дека има рецептори за секој неуропептид на имунолошки ќелии, кои го препознаваат надворешното тело во организмот, го уништуваат и помагаат во обнова на ткивата. Од ова може да се заклучи дека повеќето емоционални состојби на човекот, позитивни и негативни, директно влијаат на имунолошкиот систем. Кога се наоѓате во состојба на гнев, хемикалиите на гневот се синтетизираат во организмот и кружат во телото, врзувајќи и влијаејќи на милиони ќелии. Наскоро црниот дроб станува гневен; белите крвни зрнца стануваат гневни. Доколку овој гнев е со одложено дејство (секојдневен), белите крвни зрнца и црниот дроб ќе „одбијат” да ја работат својата работа и да предизвикаат здравствени проблеми. Од друга страна пак, доколку се чувствувате среќно и безбедно, сите овие ќелии ќе се чувствуваат така. Дури и вашите коски ќе го „чувствуваат” истото.

Во овој систем на корелација (свест – тело), доколку чувствувате одредена емоција, повеќето телесни функции реагираат одеднаш. Целиот систем се трансформира одеднаш. Постои верување помеѓу  чи-кунг практикантите, според кое енергетските канали кои ги поврзуваат сите органи и ткива во телото и низ кои кружи чито, се исто така канали преку кои свеста продира во телото. Практикувајте чи-кунг и вие ќе станете господар на вашите емоции.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.