logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВОТО ПРЕКРИЕНО СО МАСКИ

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Петок, 01 Јули 2011 01:00

520
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(5 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Низ историјата човекот постојано си ги поставувал прашањата за причините за неговото постоење.

Која е нашата улога во севкупниот универзум? Кое е значењето на нашето постоење? Што ќе се случи по нашата смрт? Многубројни збунувачки прашања секојдневно го оптоваруваат нашиот мозок.

Така, од дамнешни времиња човекот продолжувал да го бара одговорот на овие прашања и се трудел подобро да ја разбере неговата внатрешна природа. Надворешно гледано, ние сме успеале да ги задоволиме нашите потреби преку материјалното уживање. Со цел да се сфатиме себеси како и надворешниот свет кој не опкружува преку нашите пет сетилни органи: очите (вид), носот (мирис), кожата (допир), јазикот (вкус), ушите (слух), ние постојано собираме информации за околината околу нас. Кога ќе ги собереме сите овие информации преку нашите органи, нашиот мозок истите ги анализира и на тој начин ние го збогатуваме нашето знаење и искуство, со што одиме уште еден чекор напред во корист на сопствената еволуција и усовршување. Нашиот процес на учење и усовршување во текот на историјата бил многу долг и тежок. Историјата докажала дека човекот, со цел да ги задоволи своите емоционални потреби како завист, моќ, слава, гордост, себичност, љубомората итн, истиот научил како да убие. Меѓутоа, човекот истовремено научил и како да сака . . .

Во минатото, човекот, притиснат од секојдневните проблеми и грижи, не можејќи самиот да дојде до соодветни одговори и решенија, многу често истите ги барал кај тогашните мудреци кои неретко им помагале на луѓето. Затоа овие мудреци и филозофи, биле респектирани од широките народни маси. Тие преку нивната мудрост и учење ги поставиле законите на меѓучовечкото почитување, како и законите на врската помеѓу човекот и природата. Преку нивното учење човештвото  подобро ја разбра природата и хуманоста. Во тој момент духот на човекот порасна на повисоко рамниште и човекот стана цивилизирана единка.

Сепак, гледајќи во историјата, сведоци сме на искривување на учењето на овие мудреци претопено во разни религии, создадени од одредена група, со цел задоволувањето на личните интереси, држејќи го на тој начин во покорност слободниот човек. Илјадници години наназад религијата била користена како средство преку кое се оправдувале многубројните убивања и војни. Духот на човекот бил воден од страна на религијата за да ги задоволи желбите на оние што биле на власт. Славата, гордоста, богатството и моќта, биле симболи со кои се опишувала религијата.

Многу духовни луѓе во тоа време ја согледале болката на луѓето која им била нанесена со религијата, па бегајќи од реалноста се повлекувале длабоко во планините за да го пронајдат вистинскиот духовен мир. Таму тие медитирале и најпосле ја пронашле својата вистинска природа и моќ.

Колку да звучи  лесно и едноставно, сепак ова не е толку лесна задача. Како и да е, уште од нашето раѓање, ние се учиме на многу грешни работи кои подоцна во животот преминуваат во навики, или бидејќи живееме во   општества во кои, за жал владеат интересите на една мала група алчни луѓе, истите имаат поставено свои правила на однесување. Преку нивните правила, едноставно кажано му се “пере” мозокот на “слободниот” човек и ние, сакале тоа или не ја прифаќаме таа “игра” се` со една цел – да се преживее во општеството прекриено со маски.

Ќе треба да се направиме голем напор, за да го ослободиме нашиот мозок, да ги отстраниме маските и да и` погледнеме на вистината во очи. Природно, во текот на животот, маските што ги носиме се` повеќе се зацврстуваат на нашето лице, потхранувајќи се од нашите емоционални желби и потреби. Меѓутоа, како изминуваат годините, тие на нашите лица стануваат се покрути и потешки. Се` додека не го сфатиме ова, ние сме го заборавиле вистинското лице скриено зад маската. На овој начин ние само се оддалечуваме од природата, единственото и вистинско место каде човекот припаѓа.

За да се обединат со природата, мудрите луѓе низ историјата, сфатиле дека прво што треба да се направи е човекот да се ослободи од емоцоналните стеги, филтрирајќи ги истите преку мозокот и на тој начин смирувајќи и прочистувајќи  го својот дух. Преку овој прочистувачки метод, тие сфатиле дека можат да постигнат вистинска рамнотежа на духот. Со континуирано прочистување на духот, дошле до уште едно сознание – многуте прашња кои го мачат човекот  можат многу лесно да се одговорат. Така, методите на медитација кои го доведуваат духот до рамнотежа биле долго време подучувани и запишувани од страна на овие мудреци. Преку медитацијата се постигнала бистрина на умот и поголема перцептивна моќ.

Дури и до денес науката не успеала докрај да ја објасни оваа појава која се постигнува со специјален тренинг. Единствената причина за тоа е дека денешното општество сеуште посветува поголемо внимание на материјалната отколку на духовната благосостојба кај човекот. Духовната наука сеуште останува мистериозна, а за сметка на тоа човечкиот дух упорно тоне во бездната.

Во записите на долгогодишното искуство на мудрите луѓе е запишано – медитацијата е најдобар начин човекот да се спознае себеси подобро, да го поврзе својот дух со духот на природата. Овие луѓе дошле до сознание дека духот е тесно поврзан со нашиот мозок и дека преку отворањето на “Третото Око” (се верува дека се наоѓа во централниот дел во главата) човекот многу лесно може да комуницира и да се обедини со духот на самата природа. “Третото Око” во кинеската духовна традиција уште се нарекува и “тиан ѕан”.

Природно, крајната цел од ова духовно воздигнување треба да биде сознанието за нашето постоење и доближување кон природата (поврзување со духот на природата). Со цел да се допре до духот на природата, кинеските мудреци долго време го проучувале “чито” на небото и “чито” на земјата. Оваа”енергија” не била проучувана само од Кинезите, туку за неа знаеле и другите народи како: Јапонците, Индијците, старите Грци и други. Денес таа едноставно се нарекува “космичка енергија”, “природна енергија или сила”. Оваа енергија се наоѓа насекаде и во разни форми. Во живите организми се јавува како топлина, биоелектрицитет или светлина. Оваа енергија го поддржува духот кога физичкото тело е живо и секако, по смртта на истото. Кога оваа енергија се наоѓа во мртвите објекти, објекти без дух, тие не можат да растат и да се развиваат, па така енергијата може да се манифестира низ други форми. Бидејќи духовната енергија може да се почувствува а не и да се измери, таа и денес останува само мистерија. Па поради сето ова, човекот низ историјата оваа енергија ја мистифицирал а полесно му било да го развива материјалниот свет.

Според кинеската филозофија, материјалниот свет е Јанг и е истовремено манифестација на духовниот свет кој е означен како Јин. Овие два света се во постојано заемно комуницирање. Ако сме во можност овие два света да ги споиме и хармонизираме, тогаш ние ќе бидеме во можност да си го подобриме нашиот живот. И не само тоа, туку само така ќе можеме да постигнеме подобро здравје и долговечност. Само со ваква физичка форма ќе можеме да си овозможиме духовна надградба.

По  неколку илјади години на материјална надградба преку која сме стекнале знаење за материјалниот свет, ние се уште живееме во темнина кога се работи за нашиот духовен свет. Крајно време е да се посветиме повеќе на духовниот свет и подобро да ја разбереме неговата бескрајна моќ.

Дваесет и првиот век е век на духовно развивање на човештвото.  За да се достигне ова, прво треба да ги проучиме методите на духовно воздигнување кои ни биле оставени од нашите предци. Ние мора да ги научиме нашите идни генерации за тоа што сме го научиле за духовниот свет – светот ослободен од емоционалните стеги. Потоа треба да ги научиме нашите деца како да медитираат и да ја пронајдат во себе вродената природа и моќ која вистински ја поседуваат. Преку медитацијата, тие ќе можат да го препознаат вистинското духовно битие, и така ќе бидат во можност да направат разлика помеѓу чистиот дух и валканиот физички свет. Ако бидеме во можност да ги научиме како да медитираат од детството, на тој начин сме ги оспособиле со знаење како духовно да се воздигнат. Само така можеме да очекуваме, после неколку генерации,  воздигнување на вистинските духовни вредности кај човекот и спас на целото човештво.

Следно >

Коментари 

 
+4 # roza.arsova 01.07.2011 11:04
Ubavo i kompletno napisano !
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
0 # гоце 30.01.2012 20:18
http://www.youtube.com/watch?v=6Ee1OKsWM1g&feature=results_main&playnext=1&list=PLB975F69EC5FBAC86

Практична примена на духовност
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.