Моќта да се слушне тишината
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Сабота, 18 Октомври 2008 09:28
Имагинацијата е функционирање или способност на човекот која му дава пристап до посредниот свет помеѓу царството на недофатливата и скриена мистерија и светот на осетните и целовити форми. (Исабел Робинет – Таоист)
Чи Кунг медитацијата вклучува два типа на вежбање. Првиот и најважен е ру јинг (влегување во тишината). Влегување во тишината значи да се увежба мозокот да биде смирено свесен без какво било фокусирање на нешто. Тоа уште се нарекува “ништо – празнина”. Во оваа состојба мозокот не мисли на ништо, туку сè доживува директно, во моментот, без какво било посредство на мислите. Старите таоисти оваа состојба на мозокот ја нарекувале “хранење на мозокот”. Да се храните со храна е релативно лесно, но да се храните со зборови - истото бара трпеливост и вежбање.
Практикантот еднаш го прашал својот учител како да ја разбере реалноста. Учителот му одговорил: “ Слушај го струењето”. Не е баш толку лесно да седиш и да слушаш без да му дозволиш на мозокот да се прашува за тоа што го слуша и да се префрла од мисла на мисла. Сепак, слушањето овозможува задоволство и удобност. Тоа е исто како да ја пробувате храната, наместо да го читате менито во ресторанот.
“Мислата е родена од неуспехот”, велеше биологот Ланселот Вхјут. “Само тогаш кога човечкиот организам греши во достигнување на адекватната реакција во одредена ситуација, се создаваат услови за создавање на што повеќе мисли, и колку повеќе грешиме, толку повеќе мисли се создаваат”. Ова е уште една моќна критика на нашата интелектна цивилизација.
Експлозијата од информации во дадена ситуација може да биде знак на грешка, а не на решение на проблемот.
Влегувањето во тишината треба да остане цел и корен на секој чи кунг практикант. Не дозволувајте да се изгубите или да бидете занесени од убавината на чи кунг техниките. Кога-тогаш вратете се и доживејте се самите себеси. Вежбајте едноставно, мирно набљудување. Набљудувајте ја вашата внатрешна состојба, како што е дишењето, или пак некој надворешен објект, како на пример некое дрво, или пак облаците кои одминуваат. Мирниот мозок може многу лесно да го почувствува дисбалансот во вашето тело и на тој начин многу поефикасно да ја насочи чи енергијата таму каде што е најпотребна.
Другиот вид на чи кунг медитација се состои од цун си: визуелизација и концентрациони техники. Под визуелизација се подразбира свесно продуцирање на ментални слики, повеќе одколку истите да се појавуваат спонтано – исто како во сонот. Спонтаните слики, како на пример сонувањето, претставуваат симболизирање на нашиот внатрешен живот. Тие, на пример, во традиционалната медицина служат повеќе како дијагностицирање на некоја состојба на организмот или внатрешно здравствено пореметување. Од друга страна пак, медитирачката визуелизација се применува како терапевтска.
Чи Кунг визуализацијата е тренирање на имагинацијата и силата на волјата. Во чи кунгот имагинацијата не е само сонување или фантазирање, туку начин на изострување на свесноста и коригирање на здравствените проблеми со употреба на креативната моќ на мозокот. Овде ние учиме како негативните слики да ги замениме со позитивни. Наместо телото да го чувствуваме како болно, загадено, ние замислуваме дека нашето тело е собиралиште на сите позитивни сили.
Визуализацијата понекогаш може да послужи како “влегување во тишината”, меѓутоа нејзината основна намена во чи кунгот е теравпетска: ако мозокот може да ја создаде болеста, тогаш истиот може и да ја излечи.
Сензуалната реалност не е илузија. Илузијата ги ремети нашите идеи, проекции и вредности со тоа што се перципира. Овие идеи креираат друга реалност. Наместо да го гледаме јаболкото, ние се фокусираме на идејата за “јаболко”, налепницата или зборот јаболко. Ако овие идеи се позитивни, тогаш самото јадење на јаболкото може да има здрав ефект кога ќе се јаде. Доколку идеите за јаболкото се негативни, ако сметаме дека јадењето јаболки е отровно, тогаш истото може да направи отровни реакции во нашиот организам.
Имагинацијата може да значи разлика помеѓу здравјето и болеста, како што Марк Твен еднаш рекол:” Не можете да зависите од вашите очи кога вашата имагинације е надвор од фокусот”.
Слично на ова, идејата за самиот себе која продуцира безнадежност, претставува продлабочување на болеста. Негативните мисли го погаѓаат здравјето, без разлика дали се свесно или потсвесно продуцирани. Таканаречените гатачи, кај нас и во светот, се експерти во хипнотизирачките сугестии на црните мисли кај своите жртви. Но имагинацијата може исто така да придонесе за лечење на болестите.Доколку пациентот замисли дека неговите бели крвни зрнца имаат огромна моќ да се справат со одредена болест, неговото заздравување ќе биде побрзо. Верувањето продуцира физички промени кои се манифестираат во продуцирање на неуротрансмитери, хормони и имуноќелии, како и промени во целокупното функционирање на телото. Секако, ова не значи дека имагинацијата е основа за добро здравје, туку попрво дека истата има моќно влијание врз здравјето на луѓето.{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








