КАКО СЕ ПРАВИ ТОА ...
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Недела, 31 Октомври 2010 17:37
Знаете ли како се прави тоа...? Мислите дека знаете а сепак појма немате... А дали знаете за што зборувам? Прашувам за тоа дали знаете како се прават големи нешта. Но повторно, немојте да мислите дека прашувам за големи јуначки подвизи. Јас прашувам дали знаете како се владее со светот... Прашувам за тоа дали знате како може да се владее со луѓето, со нивната иднина, со нивните животи...

Сега и мене ми е сосема јасно дека владеењето со светот, со луѓето, најпрво се прави преку завладување со нивното здравје. Направете ги болни и зависни од вашите лекови и тогаш сте вистински господар над нивните животи... Жално, но сепак многу вистинито.
Овој месец две недели престојував во Кина. Таа далечна земја, со преку една милијарда и четиристотини милиони жители. Земја со прекрасни и уникатни современи градби, последен сјај на современта архитектура. Широки и модерни автопатишта, брзи железници, огромни современи аеродроми, облакодери со недогледна височина.
Но јас кога решив да отидам таму и да ја посетам оваа земја, сонував за сјајот на нејзината древна мудрост, сонував за земјата на традициите, за земјата на здравата храна. Бев сигурна дека таму ќе имам можност да се опуштам во прекрасните вкусови на храната, но пред се во сигурноста на здравјето на храната. Но сепак, се беше многу поинаку. Во големите градови со преку двасет милиони жители како што се Пекинг, Хонг Конг кои се дел од кинеската традиција, многу, многу тешко, скоро е невозможно да најдете ресторан каде ќе можете да уживате во вкусовите на традиционалната здрава кинеска храна...
ЛЕСНИ ПАРИ СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Четврток, 10 Јуни 2010 21:41
Навиките во исхраната се создаваат уште во детството. Јас во неколку наврати пишував за тоа дека дури и начинот на исхрана на бремената жена е многу важен за создавање на навиките во исхраната на идното дете. Тоа е и научно докажано и потврдено со секојдневната практика.
Во неколку наврати, исто така, пишував за лесната и брза заработка кон која се стремат бизнисмените, во општеството кое слободно може да се нарече „општество на казино профитери“. Самиот израз „казино“ значи дека се работи за општество во кое сè се гледа како коцка. Важно е само брзо да се заработи, да се направат големи пари, без разлика на последиците од тоа...
Повод за да се обратам на оваа тема беше еден мал исечок од една детска емисија, која сосема случајно „ја фатив“ и која се емитуваше на еден национален ТВ-канал. Името на емисијата и името на телевизијата нема да ги споменам, не затоа што сакам да ги заштитам, туку затоа што вакви емисии можат да се видат на скоро сите наши ТВ канали, па затоа ова нека биде порака до сите нив, но и порака до сите оние кои гледале, а кои имаат моќ да реагираат на тоа, но сепак одлучиле да молчат, дека доколку ваквата практика се толерира и се дозволува да продолжи, последиците ќе ги сносиме сите ние...ДАЛИ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ВООПШТО ЖИВЕАТ ЛУЃЕ ?
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 08 Јуни 2010 01:00
Мислам дека прашањето за тоа дали на планетата Земја воопшто живеат луѓе или некои други суштества, станува сè поактуелно во последниве години. Дали е некое живо суштество човек или не е, одредуваат неговите гени кои се содржани во неговата ДНК, сместена во јадрото на клетката. Што „кажуваат“ гените на оние кои себеси се нарекуваат луѓе?
Гените говорат дека луѓето се високо развиени форми на живи суштества, со способност за логично расудување...
Повод за ваквото размислување ми даде скорешната анализа која беше изнесена во вестите на една национална телевизија, за тоа дека нашето општество сè повеќе се судрува со проблемот на аутизам кај децата. Анализата содржеше прилози за тоа дека во последно време бројот на деца заболени од аутизам кај нас расте и дека тоа станува не само медицински, туку и социјален проблем, ако се земе предвид фактот дека овие деца би требало да бидат соодветно вклопени во заедницата.
Еден од прилозите говореше дека и социјалните и здравствените работници „се затечени“ од појавата на овој проблем, заради тоа што тие немаат доволна обученост за тоа како треба да се пристапи во лекувањето на болеста и социјализација на децата со аутизам ??? ...
ЦИРКУСОТ СИ ОДИ ОД НАШИОТ ГРАД
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 06 Јуни 2010 21:25
Уште еден циркус „го напушта нашиот град“... Тоа е циркусот наречен „Свински грип“. Деновиве, преку медиумите проструи само штура информација дека „Светската здравствена организација се подготвува да прогласи крај на пандемијата со свински грип“. Тоа беше пандемија која само по својата „свинштина“ го оправда своето име, и по ништо друго. И така, после скоро цела година „свинштини“, СЗО реши да заврши со нив. А сè започна уште пред околу една година, кога светот го потресе информацијата дека Мексиканците ги покоси грипот кој го носи свинското име. Така, светот под раководство на СЗО започна да се подготвува за одбрана од свинската наезда. Многу страв, многу паника, многу подготовка, многу стратегија, секојдневно не потресуваше преку медиумите. Па дури Американците дополнително беа растревожени заради тоа што некој од придружбата на претседателот Обама се разболел од свинскиот грип. Не се сеќавам дали човекот умре или се излекува, но сепак Обама, во секој случај, беше загрозен... Се очекуваше повторување на 1918 година кога грипот однел неколку милиони животи во светот. Дали се сеќавате кога „стручњаците“ рекоа дека се очекува свинскиот грип да кулминира во летниот период, кога ќе бидат во полн ек годишните одмори и ќе има раздвижување на луѓето од целиот свет? Така, на аеродромите се поставија апарати за мерење на температура кај патниците, а оние кои беа „сомнителни“, се носеа веднаш во клиниките. Па дури имаше и дежурства од доктори (општи доктори, педијатри, стоматолози) кои дежураа на граничните премини со маска на лицето и преку прозорците на автомобилите ги прашуваа патниците како се чувствуваат и дали имаат свински грип. Глобално, кога се прави ваква рекапитулација на состојбата, која изгледа помина многу смешно, но сепак суштината е многу тажна. Многу е тажно кога ќе се сетам колку исплашено делуваа самите доктори кои дежураа на граничните премини. Зарем тие не беа во состојба да ја препознаат светската циркуска претстава? Требаше само малку здрав разум да вложат и сè ќе им станеше јасно...ВКУСЕН БОЛНИЧКИ БУРЕК
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Четврток, 13 Мај 2010 12:22
„Храната нека биде лек и лекот нека биде храна“ – рече Хипократ пред 25 века и со тоа ги постави темелите на современата медицина. Но, сега Хипократ е мртов. Тој е толку многу мртов, што помртов не може да биде. Без разлика што новопечените доктори мора да ја положат таканаречената Хипократова заклетва, Хипократ е сè уште мртов. Тој лежи мртов на сликата заедно со неговата заклетва, закачен на ѕидот од скоро секоја лекарска ординација, Хипократ е мртов во главите на неговите следбеници... Но зошто? Зошто во главите на современите доктори нема ниту Х од Хипократ? Заради тоа што сега современата медицина е толку многу современа и создава поинакви луѓе...за кои можеби храната не мора и не може да биде лек? Дали човекот доживеал генетска промена и сега за него не важи и не функционира Хипократовата медицина? Дали денешниот човек поинаку изгледа и генетски се разликува од човекот од Хипократовото време?...
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 5






