КОЈ ВИ ГО МЕРИ СТРАВОТ ?
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Сабота, 02 Мај 2009 00:59
Минатиот месец, како една од информациите во централните вести, јавните медиуми го објавија резултатот од анкетата направена врз македонските граѓани на прашањето: „Од што најмногу се плашат Македонците.“
Така, повеќе пати во текот на денот беше објавено дека, според анкетата, околу 70% од Македонците се плашат од болест, односно се загрижени за своето здравје и за здравјето на своите најблиски. И така, тоа остана само како гола информација испратена кон гледачите, без притоа кој било да добие ниту потреба, ниту можност подетално да ја прокоментира, односно да ја изанализира таквата анкета. Можеби за оној кој ја нарачал анкетата нема потреба од понатамошна јавна анализа на резултатите, зашто успеал да го постигне ефектот само со соопштувањето на резултатите.
Што значи кога на народот ќе му се соопшти дека најголем дел од граѓаните се ПЛАШАТ од болести?
Дали можеби некој се грижи за здравјето на луѓето толку многу, па сега прави вакви анкети за јавно да ги соопштува резултатите? Сигурно не е тоа во прашање. Во прашање е можноста уште еднаш да се влијае врз луѓето, сè со цел да се потенцира стравот од болести. А зошто? Затоа што, кога „ќе ти го набијам стравот до коска, е тогаш, богами, те имам во рака и ќе можам да те обликувам како тесто“.
Тоа е размислувањето на оние кои сакаат да профитираат од стравот на луѓето, односно да профитираат од болеста на луѓето.
Затоа, кога веќе ви го „втеравме“ стравот, сега „ќе ви помогнеме“, ама не како да се ослободите од него, туку да научите како да живеете со него. А со стравот ќе живеете така што, само ако помислите на некоја тешка болест, ќе отрчате во аптека и ќе купите НЕШТО што ќе ве заштити од таа болест, на пример нешто за подигање на имунитетот.
Ако пак се плашите од „епидемијата на новиот век“, односно остеопорозата, наместо литар, ќе купите два литри млеко, за кое, патем, никој не ви кажува дека токму тоа млеко ќе ви ги уништи и коските и бубрезите.
Ако се плашите за здравјето на забите на вашето дете, ќе отрчате во продавница и ќе ја платите најскапата паста за заби ЗБОГАТЕНА со ФЛУОР, додека од друга страна, пак, воопшто ништо не знаете за тоа дека токму флуорот е штетната работа за вашето дете.
Ако кај жената се открие ХПВ вирус на грлото на матката, толку многу ќе се исплаши да не добие карцином, па дури ќе отиде и ќе плати многу пари да и го исечат, или, посовремено кажано, да и го „ласерираат“ грлото на матката. На таа жена многу лесно може да и се „протури“ и најсовремена вакцина против ХПВ за нејзините ќерки.
Ако се плашите за здравјето на вашето срце, тогаш многу полесно ќе ви се продаде здрава и „пресна туна во конзерва“, за која навистина ве убедија дека е пресна, затоа што, на рекламата, една госпоѓа ја носеше конзервата во кеса со вода, исто како да купила рипче за аквариум. Како и да е, не само што рибата не е пресна, туку и да е пресна, воопшто не е добра за вашето здравје. Но, дали до сега тоа некој ви го кажал? Таман работа, такви работи не се за дискусија!!!
Е, така им се помага на граѓаните да научат како да живеат со стравот.
Но, тоа не е сè. Замислете, има уште изненадувања за вас! Па секоја вечер слушаме како некоја клиника добила донација или набавила некој уште посовршен апарат со кој на луѓето многу брзо ќе им се открие болеста, и така, нема зима за никого – и луѓето ќе си живеат „среќно со стравот“, а и некој доста добро ќе се „опари“.
Е сега, што квалитетот на животот бил намален, што секојдневно треба пари за да се купуваат заштитни средства од болести и стравот да се држи под контрола, тоа не е важно. Па таков е животот. Кој мисли дека може да се живее лесно?
Но, светот навистина може да биде многу поинаков, само треба да излезат на површина високите човечки вредности. Стравот не е една од тие вредности. Стравот е само средство за контрола на современите робови. Високата човечка свест, будењето на вистинскиот човек, кинењето на прангите на стравот, тоа е вистинска револуција која треба да ја изведе човештвото денес. Тогаш човекот ќе види дека и болестите не се непобедливи, дека и тие се всушност „наметнати“ како причина за страв. Но, за да се победи стравот и да се извојува победа над болестите кои ве плашат, барајте ја вистината, барајте го потеклото на болестите, барајте ја суштината на човечкото битие и повторно изградете го вашето тело и дух. Станете несовладлива сила на која никој никогаш нема да може да и′ наметне никакво ропство.
| < Пред | Следно > |
|---|








