РОЗОВИ ЧЕКОРИ ВО ПРАЗНО
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Недела, 14 Јуни 2009 14:40
Уште многу одамна, кога нашите генерации беа деца, во неделите по улиците на градот имаше активисти на Црвениот крст . Тоа беа млади луѓе кои носеа касичка со знакот на Црвениот крст и бараа од минувачите да стават во касичката по едно динарче, а за тоа, на реверот на минувачите ставаа една хартиена значка на која пишуваше „НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ“.
Тоа беа „чекори“ во борбата со оваа страшна и смртоносна болест. Луѓето беа горди да донираат пари за борбата со овој „монструм на современието“. Се надеваа дека со тоа ќе придонесат за посреќен живот, се надеваа дека ќе се ослободат од ракот како страшен убиец на современиот човек.
Така нашите генерации растеа, поминуваа години, поминуваа децении. Касичката со пари донирани во борбата со ракот стануваше сè поисполнета. Но, токму тие пари како да го хранеа, убиецот - ракот, зашто него не само што не го победивме, туку тој стана уште посилен и уште поопасен. Стравот кај луѓето од ракот стана уште пореален. Убиствата кои ги прави ракот се сè побројни, жртвите се бројат со милиони...а борбата помогната со „паричките од касата“продолжува...
Најверојатно, како што се полнеа касичките со пари за борба против ракот, така растел и нечиј мотив за тоа што подолго да постојат вакви касички и што повеќе парички да собираат...
Деновиве, повторно чекоревме во борбата со ракот. Чекоревме, ама розово. Имаше некакви розови маички со нешто како розово срценце на нив. Повторно чекоревме за да „сме го победеле ракот“??? Не можам да сфатам какви чекори се направија. Парите од нашето чекорење требало да бидат наменети за подобрување на условите на пациентите кои се лекуваат на онкологија каде примаат терапија против ракот. Па до кога??? До кога треба да се „палиме“ на ваквите хуманитарни активности? Зарем треба да се радуваме дека сега наместо хартиени значки, во борбата против ракот добиваме розови маички? А замислете ја оваа еволуција на борбата против ракот - од хартиени значки до розови маички, која се одвива цели децении. И за цели децении, до каде стасавме? До подобрување на условите за болните од рак! Замислете си: кога човештвото се бореше против туберкулозата, стотина години наназад, ако сега резултатите од таа борба се само подобри услови на болните од туберкулоза... Ама успех...!
Розовите чекорења не се успех, туку се срамота. Срамота заради погрешните цели – подобри услови за болните. Затоа борбата со ракот до ден денес не е добиена. И не само што не е добиена, туку секојдневно се губи уште по некоја битка со неа. Резултатите се поразувачки: милиони болни и милиони починати од рак. Наспроти милијардите потрошени во „борбата со ракот“, се има впечаток дека има милијарди потрошени за празни цели. Но сепак, ако подобро се размисли, целта на оние кои „вложуваат милијарди во борбата со ракот“, всушност не е промашена. Зошто? Затоа што кај луѓето стравот од оваа болест е влeзен до коски, сите се тресат само од помислата на таа болест, па дури и името не и го изговараат. А богами, стравот кај луѓето е многу добра работа, затоа што „стравот лозје чува“, ама и многу пари прави. На уплашен човек можете да му правите што сакате, спасувајќи го неговиот живот. Можете да му продадете каква сакате терапија. На уплашен човек можете да му ги извлечете и последните пари од џебот за „хуманитарни“ цели.
Мислам дека времето на „розови очила“ сè повеќе и сè побрзо одминува. Човечката свест сè позабрзано се буди. Колку и да се сака да скрие вистината за нашите генерации, таа неминовно излегува на виделина. Можеби на некого тоа не му се допаѓа и прави сè за да се покрие и замагли вистината, но сепак, победата е на страната на вистината.
Луѓето денес се информативно поврзани и сè повеќе се ослободуваат од оклопот на стравот. Оние кои постојано ја барале вистината и оние кои никогаш не се помириле со поразот, знаат како да ги читаат информациите. Многу луѓе знаат што се крие зад секоја информација, известување, скандал... Многу луѓе знаат да разликуваат хуманизам од хуманоидизам. Но и многу доктори, многу медицинари, ја сфатија својата вистинска улога во општеството. Сфатија што значи медицинската наука и како треба да се брани истата во интерес на вистинското здравје на пациентите.
Денес многу луѓе, многу медицинари - професионалци знаат дека борбата со ракот не се добива со подобрување на условите на болните од рак, ниту пак со рано откривање на ракот. Борбата со ракот се добива со победа во битката за квалитетна храна за човекот. Борбата се добива со победа над оние кои ја трујат храната и ја продаваат со помош на заблудувачки маркетинг пораки. Ракот ќе го победиме кога ќе ја добиеме битката со профитерите кои ја загадуваат нашата вода за пиење, со профитерите кои го загадуваат воздухот кој го дишеме. Борбата против ракот ќе ја добиеме кога ќе ги победиме оние кои ни продаваат лекови против она што ни го направила загадената храна, загадената вода, загадениот воздух.
Борбата со ракот ќе ја добиеме кога ќе ја кажеме вистината за неговото појавување, вистината за тоа на кого му е потребен ракот. Вистината за тоа кој профитира од ракот. Вистината за тоа дека ракот е „неизлечив“ затоа што така некому му одговара. Вистината за тоа колку многу ракот е профитабилна појава. Вистината за тоа дека од ракот многу повеќе луѓе удобно живеат за разлика од оние кои од ракот умираат. Токму таа вистина може некого многу да го заболи, да го заболи со болка поголема од онаа која ја чувствуваат болните од рак. Затоа што таа болка ќе удри по нивните џебови. Тогаш нема да има многу пари за оние кои произведуваат нездрава храна за нас, нема да има раскош за оние чии фабрички оџаци ни го одземаат здивот, нема да има пари за оние чии лекови нема да ни бидат потребни. Што ќе прават тогаш кутрите тие профитери? На што ќе ги заработуваат своите омилени парички? За што ќе ни даваат розови очила со кои ќе го гледаме нивното милосрдие? Токму тие, се згрозуваат од помислата дека лекот за ракот би можел да биде откриен и токму затоа се кријат зад нивниот лажен алтруизам и продавање ветар во магла – чекори во место во борбата против ракот, која трае можеби повеќе од едно столетие, борба која ни ја оставиле во наследство и наследство кое ќе треба да го оставиме на идните генерации.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
Vistinata e deka covestvoto, vklucitelno nasite makedonski gragani, stonasto, bezrezervno veruvaat vo avtoritetite nareceni lekari od sovremenata, klasicna medicina.
Jas licno sum redok isklucok, posveten na prevencija, a ne na lekuvanje.
Filozofijata na t. n. lekari e malku vulgarno receno "NARODE NE BERI GAJLE, AKO SE RAZBOLUVATE, KAJ NAS IDETE MASOVNO I NIE DOZIVOTNO KE VE LECIME!". Dozivotno? Toa e uzas!
Zamislete, ima luge sto drugo ne pravat tolku redovno vo zivotot, tuku odat na pregledi, zemaat lekarstva i se - lecat. Nikogas ne mi e jasno zosto nekoj tolku cesto se razboluva i toa go smeta za normalno, a potoa e podgotven da dava ogromni skapi pari za navodno lekuvanje.
Sreka sto ja imame D-R Jadranka Biban, cija filozofija e prevencija so lesna, rastitelna ishrana i zdrav nacin na zivot.