КОЈ ГО КРИЕ ЛЕКОТ ПРОТИВ РАКОТ ?
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер - 08.07.2009 Вторник, 14 Јули 2009 11:08
„Одредено време можеш да ги лажеш сите луѓе.
Некои луѓе можеш да ги лажеш цело време.
Но, не можеш сите луѓе да ги лажеш цело време“.
„Некои луѓе можеш да ги лажеш цело време.
Тоа треба да бидат луѓето на твојот интерес“.
Дали сте се запрашале во која група на луѓе спаѓате? Многумина мислат дека не е тешко да бидат излажани. Но сепак, кога било во животот, најголемиот број на луѓе сепак сфаќаат дека биле цел на манипулација од некого. Тажно е кога ќе сфатиш дека манипулацијата, чија жртва си бил самиот, резултира со нечија несреќа, било да е твоја или на некој близок, било да се работи за некој далечен, за кого судбината би била далеку поубава доколку некој не манипулирал со човечкиот ум.
Милиони жртви на ракот во светот, и тоа на почетокот на дваесет и првиот век...
8-KA на 13 јуни го одржа својот втор семинар на тема
„ КОЈ ГО СОКРИ ЛЕКОТ ПРОТИВ РАКОТ ? “ ...
Многумина се прашуваат, дали е можно? Дали лекот за ракот сепак постои? Би се рекло дека пологично е да се запрашаме - кому не му одговара ракот да се лекува?
Ракот е неизлечлива болест и толку. Точка. Тоа е помислата на илјадници луѓе кои секојдневно дознаваат дека имаат рак. А зошто? Затоа што се крајно исплашени, затоа што немаат право на избор, затоа што немаат право на размислување, затоа што за нив размислува некој друг, затоа што таква е процедурата и таа не смее да се менува. Замислете, процедура!!! Но, која процедура? Процедурата на лекување на ракот чиј успех се мери со пет преживувања на пациентите годишно? Таа процедура значи: операција, хемотерапија, зрачна терапија и крај. Друго не постои!!!
„Итно!!!“ – му вели докторот на својот пациент на кој штотуку му е дијагностициран рак. „Итно на операција и најбрзо што се може на хемотерапија, ако сакате да бидете во оној процент на луѓе кои сè уште ќе дишат после пет години!“
Но, кога ќе го запрашате докторот: „Докторе, дали ако итно се јавам на операција и хемотерапија, јас ќе се излекувам од ракот?“
Тогаш докторот најразлично ќе го започне своето објаснување за тоа дека ако е ракот во прв стадиум, петгодишното преживување е во поголем процент, ако е ракот во втор стадиум, петгодишното преживување е во помал процент, ако е во трет стадиум, преживувањето е во уште помал процент, а ако е во четврт стадиум, тогаш Господ нека ви е на помош...
Значи, нема лекување, туку има петгодишно преживување.
Чудно е што докторите, односно медицинските професионалци се задоволуваат со таквиот успех. Дали тие некогаш се запрашуваат зошто нивната терапија не функционира? Дали се прашуваат зошто со години наназад „не постои ништо друго“ освен стандардната процедура...?
Можеби пациентите ќе можат да го поттикнат умот на својот лекар на размислување, ако едноставно го запрашаат: „Докторе, зошто јас имам рак?“
Можеби тогаш докторите ќе почнат да размислуваат со своја глава за потеклото на болеста која „не се лекува“ и ќе дојдат до вистинскиот одговор за тоа како на пациентот да му понудат излекување, а не само петгодишно преживување.
Ракот е последица на нарушен метаболизам на целиот организам и ракот се лекува со враќање на метаболитичките функции на организмот во нормала. Ракот не се лекува со бркање на туморот по телото на болниот, затоа што така нема никогаш да го фатите.
Ракот се лекува со зачувување и обнова на изгубениот имунитет, а не со доуништување на истиот, затоа што единствениот филтер за сите карциномски клетки во организмот е токму имунитетот, кој се уништува најпрво при подвргнување на пациентот на хемотерапија.
Ракот не се лекува со ИТНО подвргнување на терапијата, која единствено е понудена од конвенционалната медицина. Тоа е така, затоа што ракот не се створил ИТНО во двата претходни дена пред да биде дијагностициран. Пред да се дијагностицира во неговата рана фаза „прв стадиум“,ракот се развивал најмалку десет години во организмот на пациентот. Зошто сега треба ИТНО да се отпочне со стандардната процедура „по протокол“, која патем не е ефикасна? Дали итното јавување на стандардното лекување на ракот значи „без размислување“?
Сепак, јас како доктор кој професионално ја работи медицината, можам да прифатам само таква терапија за моите пациенти, во која ќе бидам убедена дека функционира и води до вистински успех. Како поинаку да го оправдам давањето на каква било терапија?
Истовремено, медицината како наука мора да ги посочи причините за болеста, а тоа се разните канцерогени супстанции кои секојдневно се внесуваат во организмот и делуваат на подлогата создадена од нездравиот начин на исхрана кај пациентот.
Дали пациентот не може да се бори со ракот ако е запознаен со овие причини? Секако дека може. Потребно е да направи здрави промени во својот живот. Потребно е да научи како треба да се храни и како најмногу што може да ги елиминира сите канцерогени материи кои дотогаш го уништувале.
Можеби сметате дека ова е многу тешко и комплексно? Треба да знаете дека воопшто не е така. Потребни се само вистински информации кои морате да ги побарате. Кога луѓето ќе инсистираат на информации кои потоа ќе ги обработуваат со својот сопствен ум, ќе дознаат дека лекот за ракот „не постои или е скриен“, затоа што чини многу малку пари.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
http://www.panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/vitamedik/527-2010-02-22-21-49-02.html
Еве и еден онколог од Рим кој лекува на природен начин:
http://www.curenaturalicancro.com/