logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ХИПОКРАТ ЗАБРАНЕТ СО ЗАКОН ???

Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Среда, 04 Ноември 2009 16:08

359
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 5.00 од 5)

На почетокот на својот работен век, секој лекар ја положува познатата Хипократова заклетва. Хипократ е основоположник на модерната медицина и учител на сите лекари и сите оние кои одлучиле својот живот да го посветат на хуманата професија. Положувањето на Хипократовата заклетва значи прифаќање на принципите на Хипократовата медицина.

Но, кој мисли поинаку? Кој работи поинаку?

Повод за ова мое обраќање е неодамнешниот напис во медиумите дека официјалните институции (Министерството за здравство, односно инспекциските служби при министерството), се интересирале за работата на некои приватни здравствени организации, каде утврдиле дека за лекување на пациентите се користат методите на таканаречената „алтернативна медицина“. Бидејќи во нашата земја со закон е забранета дејноста со алтернативна медицина, инспекциските служби утврдиле дека овие здравствени установи работеле противзаконски, па затоа, против нив ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.

Сето тоа би било сосема во ред, ако некој подобро ми објаснеше што се подразбира под поимот „алтернативна медицина“. Дали постои дефиниција за тој поим и дали стриктно се разграничува од поимот „конвенционална медицина“ или „прифатена медицина“ или „одобрена медицина“ или „дозволена медицина“ или најшироко, „неказнива медицина“.

Обично луѓето под поимот „алтернативна медицина“ подразбираат медицина која ја практикуваат оние кои не се лекари, а препорачуваат луѓето да се лекуваат со чаеви, билки, домашно подготвени лекови, па дури и некои религиозни обреди или ритуали со „психолошка активност“. Дали сите овие постапки ги забранува современата медицина? Не би рекла...

Уште од моите студентски денови, се сеќавам на предавањето на професорот по предметот дерматологија и венерологија, кој многу јасно и гласно ни посочи дека кожните болести се лекуваат многу добро со таканаречената метода на автосугестија и хетеросугестија, односно на пациентот треба да му се препорача да отиде на „бајач“. Дали професорот веруваше во бајачи? Мислам дека одговорот е НЕ. Но, тој веруваше во силата на верувањето на пациентот, но и неговата способност да ја совлада болеста со својот сопствен имунитет. Тоа значи дека човечкиот имунитет има димензија на беспрекорна и огромна сила, која е потребно да се поттикне од внатре, од самиот организам. Бајачот не е тој кој лекува, туку имунитетот е тој кој ги совладува болестите. Но, имунитетот не се поттикнува со лекови. Верувале или не, вербата е таа која може да го поттикне одбранбениот систем.

Но, за да ја добиете силината на вербата, морате да живеете со здрав животен стил. Ете зошто постојано повторувам дека суштината на поимот „здрав животен стил“ е многу поголема отколку што тоа сакаат да се прикаже, користејќи го овој поим за продавање на разни производи кои немаат никаква врска со вистинскиот животен стил, туку имаат врска само со заработка на пари.

Затоа, за вашето тело да функционира правилно, за да се хармонизираат сите физиолошки процеси во организмот, а со тоа да добиете психолошка стабилност, која ќе се синхронизира со телесното здравје, што ќе резултира со совршен имунитет, вие мора да посветите внимание на храната која ја јадете. Не можете со нездрава храна да имате психолошки мир и телесно здравје, без разлика на тоа колку многу вежбате и се трудите да ги практикувате антистрес методите.

Повторно заклучуваме дека треба да го почитуваме Хипократ, кој рече: „Храната нека биде лек и лекот нека биде храна“.

Но, ако го почитувам и практикувам мислењето и препораките на Хипократ, дали тоа значи дека ги прекршувам законите на државата? Според тоа како се изучува медицинската наука и како лекарите се обучуваат да лекуваат, храната не е во опција да биде лек. Ниеден лекар не учи за исхраната како лек и како со исхрана да ги лекува своите пациенти. Значи ли тоа дека Хипократ е „алтернативец“? Ако е така, тогаш тој е забранет со закон. Па зошто тогаш дипломираните млади лекари се колнат во неговата медицина? Овде нешто не е во ред...

Со ова мое обраќање не сакам да покажам дека јас сум за една или за друга медицина, за конвенционална или за алтернативна. Јас всушност сакам да посочам дека законите треба да се ревидираат во однос на тоа како медицината се класифицира и се дозволува да се практикува. На исток она што овде се нарекува алтернативна медицина, е познато како традиционална медицина. Во современиот свет легално се практикува традиционалната медицина. Но, според мене, она што ќе даде најдобри резултати во лекувањето, особено на современите хронични болести, е способноста на медицината да направи спој меѓу традиционалната и современата (конвенционалната) медицина. Но, ако причините за „забрана“ и санкционирање на традиционалната медицина лежат во нешто друго, како што е на пример заштита на фармакобизнисот, тогаш спојот меѓу „двете медицини“ е многу отежнат. Од друга страна, штитењето на фармакобизнисот со закон, се коси повторно со Хипократовата заклетва, според која, лекарите се колнат дека под никакви околности нема да му нанесат штета на пациентот. Елиминирањето на традиционалната медицина и нејзиното прогласување за забранета значи оштетување на пациентот, бидејќи тој се лишува од можноста да примени методи кои можат да му помогнат во лекувањето на својата болест. Според објаснувањата кои се нудат за оправдување на забраната на таканаречената алтернативна медицина, таа е забранета, наводно, заради тоа што „може штетно да влијае на пациентот...?“ А дали конвенционалната медицина не може штетно да влијае на пациентот? Дали постои лек без несакани ефекти???

Сега сме дваесет и први век и свеста на луѓето е далеку поголема отколку во минатото. Информациите се добиваат многу брзо и многу полесно. Прогресивните сили во светот се обединуваат и го засилуваат своето влијание. Време е да се менуваат работите кои не функционираат. Неуспехот на современата медицина во лекувањето на современите хронични болести лежи во нејзината заробеност од страна на фармакобизнисот, лежи во мотивите за огромен профит. Тоа се коси со природните закони на кои се базира човечкиот живот. Таквата состојба не може да се одржи со пишани закони и казни.

 

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+4 # Читател 07.12.2009 00:45
Одличен текст.

За жал, вредностите во времето во кое живееме се одсликуваат во секоја пора од општеството, па така и во медицината. Трката за профит гази се пред себе.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
+2 # Коментатор 08.12.2009 00:34
Цитира Читател:
Одличен текст.

За жал, вредностите во времето во кое живееме се одсликуваат во секоја пора од општеството, па така и во медицината. Трката за профит гази се пред себе.


Добар коментар.

треба да има повеќе вакви
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
0 # jasminka kusakatski 24.07.2010 08:28
Nikoj vo drzavata nema interes da gi menuva rabotite od koren i vo sustina zatoa sto polesno e da odis na profit otkolku da ja sledis pogovorkata " podobro spreciti ne go leciti". Spored mene za da se promenat rabotite treba "nekoi organizacii" da napravat proekti za unapreduvanje na zivotot na graganite i edukacija za zdrav zivot i toa da go implementiraat preku instituciite vo opstestvoto opstestvoto a najprvo vo gradinkite, ucilistata itn..no toa e golem zafat...da menuvas nesto od koren...Pozdrav za d-r Biban nasiot pionir ...samo napred imate veke podrska od "osvesteni"gragani.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;