ОНА ШТО „ТИЕ“ НИКОГАШ НЕ САКААТ ДА ГО ДОЗНАЕТЕ
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Среда, 10 Февруари 2010 21:04
Модерната наука и дваесет и првиот век...Тоа се поими кои треба да предизвикаат чувство на достиж на човештвото, чувство на максимално манифестирање на човечката моќ, чувство на енергија и завладување со законите на природата, потчинување на истите под команда на модерните инструменти кои токму модерната наука ги измисли и ги создаде како оружје во човечките раце.
НАУКАТА НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИ...
Но, која наука? Можеби онаа која тврдеше дека сонцето се движи околу земјата...? Или.. онаа која ги лечеше луѓето со пуштање на „нечиста крв“ од нивните вени? Или можеби онаа која тврдеше дека Талидомид е лек кој е сосема безбеден и не е опасен за здравјето на луѓето, или дека цигарите не се штетни за здравјето...?
Дали модерната наука не нè изневерува „барајќи го лекот против ракот“ стотина години наназад? Но чекајте! Колку е стара оваа наша семоќна „модерна наука“? Колку години има таа во однос на постоењето на човештвото? Дали е само тинејџер кој повикува на целосна доверба во него...? Тинејџер кој има уште многу да учи и да осознава додека ја достигне зрелоста и мудроста на возрасниот.
Како се создава „модерната наука“?
Тоа е уште едно прашање во низата „непознаници“ и контроверзии. Но ниту еден од луѓето, особено од младите, кои е ставен во системот кој го гради неговото образование, не си го поставува токму ова прашање. Зошто? Затоа што едноставно нема време да мисли на така „неважни“ прашања. Тој има време да се посвети само на материјата која му е потребна да го научи испитот, да положи кај професорот и за тоа на крајот од своето „образование“ да добие диплома со која ќе може верно да му служи на системот. А ако нешто во текот на работата не функционира онака како што се очекувало, ако луѓето не се излекуваат со методите кои се „научиле“ во текот на студиите, тогаш тоа не е важно. Важно е да се работи според „научените прописи“ и тогаш твојот неуспех не е неуспех. Никој ништо нема да ти направи, затоа што „законите се на твоја страна“. Но кој ги направи законите такви? Па токму оние правници кои исто така се образувале според принципот на мнозинството, на општеството. Така, законот нема да го осуди никого ако неговиот пациент не ја издржал хемотерапијата „лекувајќи го карциномот“, затоа што правниците правилно го толкуваат законот, со кој хемотерапијата е лек за ракот.
Но што ако правникот помисли поинаку? Но... зарем тој има храброст да помисли поинаку? Зарем има храброст да размислува надвор од општествените закони кои се донесени и вградени според принципите на „модерната наука“.
Кои се ТИЕ кои ја создаваат „модерната наука“? Познати и признати научници, кои ги имаат сите услови за создавање на наука според НИВНИТЕ прописи. Колкумина доктори, правници, економисти, инженери се запрашале за тоа, дали постои и друга вистина или само вистината на „признатите“ научници? Каква е вистината на оние кои истражувале и дошле до поинакви заклучоци од „официјално признатите“. Има толку многу истражувачи чии сознанија се прогласени за безначајни, а тие се наречени шарлатани, сенилни, пропаднати и штетни за општеството. Нивните сознанија ги нема во учебниците ниту за споредба со оние сознанија кои се озаконети во „модерната наука“. Всушност, во историјата на науката можат да се најдат имиња на многу научници, па дури и нобеловци, кои уште во текот на нивниот живот се прогласени за измамници, излапени и пропаднати научници. Многумина од нив го завршиле својот живот омаловажени од „научната фела“, маргинализирани, обесчестени. Овие луѓе ги нема во учебниците од кои се образуваат учениците и студентите. Таму има само една и единствена наука. Тука нема што да се размислува. „Тоа е измислено и докажано“ – ќе ви рече професорот – „Твое е само да го научиш.“
И ако не биде токму така, ќе паднеш на испит, па сега одбирај. Кој си ти да мислиш поинаку? ТИ ЕДНОСТАВНО, СÈ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИШ, Е ДА МУ СЛУЖИШ НА ОПШТЕСТВОТО И КРАЈ!
Така, кој е обичниот доктор од една обична ординација, да мисли на тоа дали една „официјално прифатена“ вакцина е добра или не е добра за неговите пациенти. Тој треба само да ја прифати како добра превенција од болеста која „се заканува“ и ништо повеќе. Нема што да се прашува за нејзиниот состав, за испитаноста и слично, затоа што сето тоа е истражено и потврдено од „модерната наука“. Па што ако во вакцината има жива? Модерната наука тоа го дозволува, и тоа е тоа, тука размислување нема. Но кој е оној кој размислува со методите на „модерната наука“?
Еднаш присуствував на научен собир во организација на Здружението на гинеколозите на Македонија. На собирот го слушавме излагањето на еден наш колега кој беше воодушевен од напредокот на модерната медицинска наука, затоа што на некој меѓународен конгрес на гинеколози присуствувал на презентација на филм, со кој покажале оперирање на слепо црево на пациент со супер модерни инструменти, со кои слепото црево било извадено преку устата на пациентот. Какво еуфорично воодушевување настана во салата! На никого ниту на крај памет не му падна да праша ЗОШТО? Зошто е потребно слепото црево да се извади преку устата? Можеби следно ќе биде инструмент за вадење на катниците преку анален отвор...? Како и да е, изумителот на инструментите би имал добри изгледи да добие Нобелова награда за досетливост.
Во светот на „модерната наука“ секогаш ќе го знаете само она што ТИЕ ќе сакаат да го знаете. Кои се ТИЕ? Тие се оние кои плаќаат за да се создаде „модерната наука“. А кои се плаќачите? Тоа не е важно, треба само да останете во системот, затоа што таму сте најбезбедни, бидејќи ТИЕ ја гарантираат вашата безбедност.
„Мислам, значи постојам“ – рече обичниот човек. Потоа исчезна.
| < Пред | Следно > |
|---|





