logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ВКУСЕН БОЛНИЧКИ БУРЕК

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Четврток, 13 Мај 2010 12:22

430
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(6 гласа, просек 5.00 од 5)

„Храната нека биде лек и лекот нека биде храна“ – рече Хипократ пред 25 века и со тоа ги постави темелите на современата медицина. Но, сега Хипократ е мртов. Тој е толку многу мртов, што помртов не може да биде. Без разлика што новопечените доктори мора да ја положат таканаречената Хипократова заклетва, Хипократ е сè уште мртов. Тој лежи мртов на сликата заедно со неговата заклетва, закачен на ѕидот од скоро секоја лекарска ординација, Хипократ е мртов во главите на неговите следбеници... Но зошто? Зошто во главите на современите доктори нема ниту Х од Хипократ? Заради тоа што сега современата медицина е толку многу современа и создава поинакви луѓе...за кои можеби храната не мора и не може да биде лек? Дали човекот доживеал генетска промена и сега за него не важи и не функционира Хипократовата медицина? Дали денешниот човек поинаку изгледа и генетски се разликува од човекот од Хипократовото време?...

Можеби ќе кажете дека се разликуваат околностите во кои живее денешниот човек од оние во кои живееле луѓето од времето на Хипократ. И тоа е точно. Но точен е и фактот дека генетскиот состав на денешниот човек е ист, а се сменил само начинот на размислување и тоа под влијание на некои околности, како што се потребата постојано да се трча по заработка, по профит, по пари. Така, фармацевтскиот бизнис израсна до тој степен што едноставно никако не дозволува да биде потиснат од вистината на Хипократовата медицина. Фармацевтските компании постојано се присутни во медицинската пракса, тие постојано се присутни по болничките кругови, ги организираат лекарските конгреси, ги наградуваат лојалните доктори, ја полнат главата на пациентите дека токму нивниот лек е вистинскиот за нивната мака. Во услови на ваква секојдневна офанзива, дали има место за Хипократ? И покрај тоа што фармацијата никако не успева да ги реши, односно да ги излечи современите болести, таа сепак е на прво место во медицинската практика. И тоа ќе биде така сè додека не настане вистинско етичко будење на Хипократовите доктори, сè додека тие не сфатат дека залутале и го напуштиле вистинскиот пат. Во некои од претходните броеви на 8-КА јас пишував за тоа зошто денешните Хипократови доктори заборавија на Хипократ. Пишував за начинот на кој тие работат и за тоа колку многу се преокупирани со страв за својата сопствена егзистенција. Колку многу вложуваат во медицината која им ја налага фармацевтската политика, зашто само така мислат дека ќе можат да опстанат и да ја добијат платата. Тие едноставно немаат време да размислуваат поинаку, затоа што целото нивно време е зафатено и потрошено од страна на нивните учители – фармацевтските компании, здравствените системи, здравствената политика, фондовите за здравствено осигурување, потпишаните договори со фондот кои треба да се почитуваат, бркање број на пациенти, капитации и што ли уште не. Докторите кои секојдневно слушаат и исчекуваат дали ќе се донесе некој закон со кој ќе се загрози нивниот приход, немаат време да размислуваат многу за Хипократ и неговата медицина. Тоа важи за сите доктори, почнувајќи од оние кои, условно кажано, работат во примарната заштита, или матичните доктори, па сè до оние кои работат по болниците и клиниките, кои се нарекуваат „повисоки форми на медицинско практикување“ или секундарно и врвно терциерно здравство. Е сега, кога сме кај врвното терциерно здравство, можеме да го погледнеме таткото Хипократ многу одблиску... Само што ќе влезете во кругот на врвното терциерно здравство, ќе ја помирисате „умрената Хипократова медицина“. Таа мириса на добар мрсен сендвич или помодерно хамбургер, на топол мрсен бурек кој само што се испекол и за кој се чека ред и тоа не само од посетителите, туку и од пациентите и од докторите. Во кругот на високото здравство имате да си купите и кока кола, кафе од секаков вид, или каков било пијалак и тоа слободно, повторно, не само од страна на посетителите, туку и од страна на пациентите, па и докторите...

Но, ако мислите дека тоа е само право на избор, односно платиш – добиеш, тогаш потсетете се на таканаречената болничка кујна и нејзиниот Хипократ. Така, без разлика дали е болниот со мозочен удар или срцев удар, дали е болен од карцином, дали е болен од некое друго хронично заболување, за појадок ќе добие маргарин, јајца, можеби јогурт, павлака, а за ручек некој батак или „посно телешко“.

Храната е лек и лекот е храна!!! Разбудете се медицинари професионалци. Сè додека го игнорирате ова, нема да се решат проблемите со современите болести, нема да се решат ниту финанските проблеми кои бараат „здравствени реформи“. А ако сакате, сепак, да го носите епитетот на Хипократови доктори припадници на современата медицина, почнете да ги читате извештаите од студиските испитувања кои не се финансирани од фармацевтските компании. Така ќе почнете да размислувате без терапија со таблети, па ќе ми се придружите во повикот кој го дадов уште пред година дена за да помогнеме да се спроведат вистински здравствени реформи и да се збогати и здравјето на луѓето, а богами и нивните џебови. За да помогнам уште еднаш во будење на медицинската свест, еве уште еден многу свеж податок за тоа како може да се унапреди здравството и здравјето:

 

„Според истражувачките резултати на новата студија, оданочувањето на нездравата храна може да има многу позитивен ефект во лекување и превенција на дебелината и другите хронични болести кај луѓето. Преку новата студија Развиток на коронарните ризици кај младите (Coronary Artery Risk Development in Young Adults (CARDIA), истражувачите цели 20 години го истражувале влијанието на храната, трошоците за храна и трошоците за здравствена заштита, односно лекување, кај група од 5115 партиципиенти. Тие дошле до сознанија кои укажуваат на тоа дека како што растеле трошоците за набавка на некои видови храна, како што се безалкохолни слатки сокови и пица, така се намалувале количините на консумирање на таквата храна, односно се намалувало внесувањето на висококалоричната храна, а со тоа опаѓала телесната тежина кај испитаниците и се подобрувала работата на инсулинот во организмот.

 

(Duffey KJ, Gordon-Larsen P, Shikany JM, Guilkey D, Jacobs Jr. DR, Popkin BM. Food price and diet and health outcomes: 20 years of the CARDIA Study. Arch Intern Med. 2010;170:420-426.)

 

Еве вакви резултати се презентираат од студиите кои се работени според вистинските етички норми. Вака размислуваат оние кои сакаат да го зачуваат здравјето на луѓето и да ја збогатат својата држава. Ова се резултати од вистински студии. Па повелете, институции, групи или поединци, кој било фактор и структура во општеството, кој се чувствува надлежен да решава за тоа како треба да се реформира здравствениот и даночниот систем.

И овој податок нека биде само уште еден мал придонес во процесот на будење на свеста кај оние кои му се заколнаа на Хипократ. Се надевам дека разбудената свест ќе помогне да се отиде на вистинското место со цел да се реши ќорсокакот во кој западна современата медицина. А кое е вистинското место? Кујната, се разбира. Треба да се отиде во кујната и да се направи реформа токму таму. Во кујната во која наместо мирисот на „вкусниот болнички бурек“ ќе замириса на Хипократ.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.