logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЦИРКУСОТ СИ ОДИ ОД НАШИОТ ГРАД

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 06 Јуни 2010 21:25

434
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)
Уште еден циркус „го напушта нашиот град“... Тоа е циркусот наречен „Свински грип“.

Деновиве, преку медиумите проструи само штура информација дека „Светската здравствена организација се подготвува да прогласи крај на пандемијата со свински грип“. Тоа беше пандемија која само по својата „свинштина“ го оправда своето име, и по ништо друго. И така, после скоро цела година „свинштини“, СЗО реши да заврши со нив. А сè започна уште пред околу една година, кога светот го потресе информацијата дека Мексиканците ги покоси грипот кој го носи свинското име. Така, светот под раководство на СЗО започна да се подготвува за одбрана од свинската наезда. Многу страв, многу паника, многу подготовка, многу стратегија, секојдневно не потресуваше преку медиумите. Па дури Американците дополнително беа растревожени заради тоа што некој од придружбата на претседателот Обама се разболел од свинскиот грип. Не се сеќавам дали човекот умре или се излекува, но сепак Обама, во секој случај, беше загрозен... Се очекуваше повторување на 1918 година кога грипот однел неколку милиони животи во светот. Дали се сеќавате кога „стручњаците“ рекоа дека се очекува свинскиот грип да кулминира во летниот период, кога ќе бидат во полн ек годишните одмори и ќе има раздвижување на луѓето од целиот свет? Така, на аеродромите се поставија апарати за мерење на температура кај патниците, а оние кои беа „сомнителни“, се носеа веднаш во клиниките. Па дури имаше и дежурства од доктори (општи доктори, педијатри, стоматолози) кои дежураа на граничните премини со маска на лицето и преку прозорците на автомобилите ги прашуваа патниците како се чувствуваат и дали имаат свински грип. Глобално, кога се прави ваква рекапитулација на состојбата, која изгледа помина многу смешно, но сепак суштината е многу тажна. Многу е тажно кога ќе се сетам колку исплашено делуваа самите доктори кои дежураа на граничните премини. Зарем тие не беа во состојба да ја препознаат светската циркуска претстава? Требаше само малку здрав разум да вложат и сè ќе им станеше јасно...

Но сепак, тие останаа слепи и покрај фактот дека предвидувањата на СЗО не се остварија и летото немаше ширење на грипот. И продолжија да се плашат. Затоа 8-КА уште кон крајот на летото организираше трибина на тема „Кој ќе заболи од свинскиот грип?“, на која беа поканети гости од Министерството за здравство, Лекарската комора, Инфективната клиника и од Канцеларијата на СЗО во Скопје. Претставниците кои дојдоа, а тоа беа доктори од Клиниката за инфективни болести и од СЗО, не успеаја да одговорат на прашањата од присутните, за тоа колку е оправдано прогласувањето на пандемијата. Јас дури пробав да ја наведам дискусијата во правец на тоа дали вирусот навистина постои, на што имаше само реакција на вчудовидување од „релевантните“, но сепак без одговор. Е ако беа малку пошироко отворени кон реалниот свет и ако имаа доблест, но и храброст малку повеќе да излезат од матрицата која ги програмира и ги држи „заштитени“ од слободната мисла, тогаш ќе можеа да ја прифатат мојата дискусија и околу тоа дали вирусот навистина постои или не. Лекарите кои беа поканети како претставници од Лекарската комора воопшто не дојдоа, иако ветија дека ќе дојдат, и тоа беше голема штета за нив и за нивното здравје, како и за здравјето на нивните пациенти, затоа што колегите ќе можеа да слушнат многу факти кои ќе им помогнеа понатаму да не ја прифаќаат и да ја разоткријат „циркузијадата“ на СЗО. Затоа, медицинската и пошироката јавност многу лесно ја „голтна“ новата претпоставка, дека свинскиот грип ќе се распламти кога времето ќе залади. Тоа се протурка, замислете, после неуспешното ширење на вирусот за време на летните одмори. Така, со почетокот на зимата почна и интензивната продажба на маски за лице (за носот и устата), па исплашени „марсовци“ шетаа по улиците, училиштата, маркетите... Како требаше да стигнат порачаните вакцини за заштита од свинскиот грип, така растеше застрашувачката пропаганда преку медиумите за смртоносното ширење на грипот. Кој се навлече, се навлече... Сепак многу, мнооогу луѓе во светот веќе ја препознаа вистината и не се доведоа во ситуација да потклекнат пред пропагандните мајмунлаци. Па дури и министрите на некои европски земји храбро и одлучно рекоа НЕ за лагата која го тресеше светот. Ги откажаа вакцините за своите граѓани, некои и воопшто не ни порачаа вакцини. Имаше храбри новинари (за жал, не од нашата земја), кои храбро зборуваа за вистината која се крие зад ваквата претстава.  Некои од нив ја изгубија и работата, но сепак останаа верни на своето човечко достоинство. Секојдневно очекував и кај нас да се случи нешто кое наликува на слободна новинарска мисла, па да видиме барем различни коментари на телевизија. Но, попусто. Секоја вечер гледавме само две – три исти фаци кои упорно ја туркаа „вистината“ на СЗО, и ништо повеќе. За „циркузијадата“ да биде што поуспешна, имавме и јавно вакцинирање на јавни личности, кои мислеа дека треба да бидат авангардата која ќе се следи. И навистина, тие беа следени од некои луѓе кои побрзаа да се вакцинираат.

Што се однесува до мојот личен став околу целата оваа работа, мислам дека го препознавате. Но знаете, кога сте доктор и размислувате од медицински аспект, што е неминовно да го направите после дваесетина години работно искуство во медицината, сакате и покрај очевидните податоци кои убедливо зборуваат дека нема опасност од пандемијата што толку многу се изрекламира, да дознаете уште повеќе факти и издржани мислења околу тоа. Така и јас случајно, а можеби и не толку случајно, туку повеќе судбински, би се рекло, се најдов на едно советување кое се одржуваше во Скопје, кое беше наменето за матичните лекари, за тоа што е свинскиот грип и како треба докторите да делуваат во тој период. Повторно истите релевантни личности и институции ги држеа предавањата, ги посочуваа ранливите групи луѓе кои треба да бидат опфатени со вакцинацијата, едноставно ги подучуваа и насочуваа лекарите. Кога прашав, како гинеколог, зошто бремените жени се ставени во ризична група и треба да бидат вакцинирани, релевантните личности не ми одговорија. Едноставно рекоа, тоа бил став на СЗО. Значи јас не треба никако да размислувам, туку само да спроведувам, а за мислење има кој... А сега како можам повторно, после таквиот „стручен“ одговор да присуствувам на една таква „стручна претстава“? Навистина не можам!

Како и да е, пандемијата заврши, циркусот си оди. Кој го гледаше, го гледаше. За оние кои не го гледаа, најверојатно тој повторно „ќе гостува во нашиот град“. Кога? Па кога ќе има добри услови за тоа, а се разбира, кога циркуското раководство ќе препознае и добри домаќини. А дотогаш, после целата оваа пандемиска фарса, ќе расправаат дури и во европскиот парламент дали сето ова беше „мајтапење“ на народот, само заради заработка на пари. Во услови на светска економска криза, фармацевтската индустрија доста добро профитираше. Но таа само си ги гледаше своите интереси и ништо повеќе... Сигурна сум дека светската јавност нема да се вознемирува многу,  многу околу тоа. Што било – било, важно е дека опасноста помина...и толку...

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+2 # 29.09.2010 19:23
svaka cast
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.