logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА ...

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Недела, 31 Октомври 2010 17:37

478
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(16 гласа, просек 4.75 од 5)

 

Знаете ли како се прави тоа...? Мислите дека знаете а сепак појма немате... А дали знаете за што зборувам? Прашувам за тоа дали знаете како се прават големи нешта. Но повторно, немојте да мислите дека прашувам за големи јуначки подвизи. Јас прашувам дали знаете како се владее со светот... Прашувам за тоа дали знате како може да се владее со луѓето, со нивната иднина, со нивните животи...

Active Image

Сега и мене ми е сосема јасно дека владеењето со светот, со луѓето, најпрво се прави преку завладување со нивното здравје. Направете ги болни и зависни од вашите лекови и тогаш сте вистински господар над нивните животи... Жално, но сепак многу вистинито.

Овој месец две недели престојував во Кина. Таа далечна земја, со преку една милијарда и четиристотини милиони жители. Земја со прекрасни и уникатни современи градби, последен сјај на современта архитектура. Широки и модерни автопатишта, брзи железници, огромни современи аеродроми, облакодери со недогледна височина.

Но јас кога решив да отидам таму и да ја посетам оваа земја, сонував за сјајот на нејзината древна мудрост, сонував за земјата на традициите, за земјата на здравата храна. Бев сигурна дека таму ќе имам можност да се опуштам во прекрасните вкусови на храната, но пред се во сигурноста на здравјето на храната. Но сепак, се беше многу поинаку. Во големите градови со преку двасет милиони жители како што се Пекинг, Хонг Конг кои се дел од кинеската традиција, многу, многу тешко, скоро е невозможно да најдете ресторан каде ќе можете да уживате во вкусовите на традиционалната здрава кинеска храна...

Active Image

Ама што се случило? Замислете си, во земјата на оризот, веќе многу тешко можете да добиете порција добро подготвен интегрален ориз. Да, таму оризот се консумира наместо леб и е основен прехрамбен продукт, но замислете си скоро секаде тој се консумира како рафиниран, бел ориз. Тоа е токму онаа „осакатена“ форма на ориз, каде се отстранети главните витамини и минерали од оризовото зрно, каде нема ниту трага од витаминот Б, каде нема ниту трага од фибер кој е неопходен во превенцијата од голем број тешки хронични болести. Ова многу наликува на периодот од пред петнаесетина години каде и кај нас скоро беше невозможно да најдете интегрален леб. Но, во ред, можеби ќе помислите дека лесно и брзо сето тоа ќе го надохнадите со добро подготвен зеленчук...? Не се надевајте многу на тоа, затоа што и јас најпрво си помислив дека ќе го направам тоа, но зеленчукот кој се служи во рестораните е практично уништен бидејќи е спржен во огромни количини масло.

И покрај тоа, зеленчукот е скоро секогаш подготвен со некаков вид месо, говедско, свинско, пилешко. Неверојатно колку многу месото зазема се позначајно место во исхраната на Кинезите. Тоа се служи скоро насекаде, не само во рестораните туку и на улица, уличните продавачи на храна прават брзи месни оброци, во маркетите можете скоро секаде да си купите колбаси или реженчиња на скара и затоа многу слично како кај нас, децата многу често можете да ги видите како чекаат ред да си купат хамбургер на кинески начин. Па така, лесно може да се забележи дека и во Кина сега има доста дебели луѓе, што го потврдува она што го кажуваат и студиските испитувања, дека стапката на раст на дебелината кај Кинезите е многу поголема во последната деценија. Воопшто не зачудува и фактот дека и кај жените во Кина денес има многу поголем процент на заболени од карцином на дојка. Од разговорот со нашиот водич можев да забележам дека и кинескиот народ денес се повеќе се судрува со проблемите на современите болести како што се срцевите болести, покачениот крвен притисок, дијабет, автоимуните болести... Зравствениот систем и практикувањето на медицината по се изгледа дека во многу нешта почнува да наликува на западниот начин на функционирање. Така, и овде лекарите се повеќе се под влијание на големите фармацевтски компании и нивното финансиско влијание е пресудно за тоа како ќе се лекуваат пациентите. Така и овде во болниците се прават прекумерни и непотребни испитувања, а многу помалку се посветува внимание на вистинската превенција на болестите.

Active Image

Ова се моите впечатоци од таканаречената урбана Кина. Но сепак, во руралните делови на Кина, можеби сепак може да се забележи како вистински функционира традиционалниот и здрав начин на исхрана. Така, ако сте имале прилика да отидете на Жолтата Планина, најверојатно сте забележале како се исхранува сиромашниот народ, кој живее исклучиво од својата работна сила. Така, таму можете да забележите физички работници, кои буквално на сопствените рамена носат товар од по стотина и повеќе килограми и истиот го искачуваат на висина од околу 2200 метри надморска висина, изодувајќи притоа околу седум километри стрмен и нагорен пат.

Тоа се луѓе кои ги сретнав и зборував со нив додека се одмараа и го јадеа својот ручек кој се состоеше од една голема порција ориз и малку зеленчук кој беше свеж или сосема малку обарен во вода. Тие скоро никогаш не јадат месо ниту било какви млечни производи, затоа што тоа за нив е скапо и недостапно. Можеби овде сиромаштијата е вистинска среќа. Тие луѓе беа многу слаби, но сепак со исклучително добро развиени мускули на нозете, луѓе кои и не беа којзнае колку млади, можеби средновечни, но сепак тие можеа без никаков проблем дури и до четири пати дневно да ја искачат Жолтата Планина, носејќи неверојатно тежок товар наменет за потребите на туристичките објекти на врвот на планината.

Active Image

Токму ваква храна се служи и во Шао Лин манастирите каде живеат монасите и каде постојат школи за обука во Кунг Фу вештините. Шао Лин манастирите се места каде многу се посветува внимание на здравата храна заради потребата од исклучително здраво тело и здрав дух на студентите и монасите кои практицираат Кунг Фу техники. Така таму се служи исклучително веганска храна, ориз и свеж или лесно обарен зеленчук, без маснотии.

Active Image

Јас бидејќи ја посетив Кина како дел од туристичка тура организирана од Големиот Мајстор на Винг Чун Кунг Фу Интернационалната Организација, можев да ја согледам важноста на традиционалната исхрана во сферата на традиционалните боречки вештини. Така и јас и сифу Предраг можевме да се увериме во фактот дека веганската храна е вистинската храна за достигнување на потполн и целосно урамнотежен психофизички развиток.

Ако планирате да ја посетите Кина, односно големите кинески метрополи, а сепак сакате да се храните здраво, тогаш имајте го во предвид ова што го прочитавте. Можеби е многу подобро однапред да побарате и да лоцирате некој ресторан во кој се служи веганска но немрсна храна, а за периодот додека го пронајдете, понесете си од дома неколку парчиња интегрален органски леб и слично...

На крај, би сакала да го изнесам моето размислување дека ако поголемиот дел од кинескиот народ особено оној од повеќемилионските метрополи продолжи да се храни вака како што се храни, лесно може да предвиди каква ќе биде стапката на пораст на тешките хронични болести таму. Можеби за деценија, повеќе или помалку, тешките хронични болести, како дијабетот, срцевите болести, карциномите, дегенеративните болести и слично, ќе станат многу актуелни и таму. Тоа е така затоа што се започнува со храната! Уништете ја здравата храна, уништете ги здравите навики и болестите почнуваат да се јавуваат. Кој ќе дојде напомош тогаш? Фармацијата, се разбира...со скапите лекови и третмани, со скапите операции, со скапите апаратури и финансиските мотивации за лекарите, конгресите, советувањата. И така со децении ќе се трага по вистинскиот лек, со децении ќе се полнат касите на оние кои „истражуваат“ како да се излечат болестите. Но, тоа е вистината... Всушност, така се прави тоа... Така се владее со луѓето, така се владее со парите, така се владее со светот. Разболи, па владеј...

< Пред   Следно >

Коментари 

 
0 # Данка Тасевска 16.11.2010 13:48
Добро предупредување! Сакам со Вас да поделам дел од своето искуство во Кина, која досега сум ја посетила 2 пати. Првиот пат 2 недели, а вториот скоро цел месец. Морам да признаам, и јас очекував дека ќе немам проблем со наоѓање вегетаријанска храна, но ме дочека потполно спротивна ситуација!! На моето прво патување, јас буквално гладував, бидејќи освен "noodles with vegetables" друго вегетаријанско за јадење не успеав да најдам!! По своето 2 неделно патување се вратив дома неколку кила полесна!!
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
0 # Julijana 18.11.2010 14:44
So posebno vnimanie go procitav tekstot, eden vid patepisna reportaza, za modernata Kina i ogromnata populacija denes, i kontrastot pomegju tradicionalniot izbor na hrana i modernoto t.n. ,,fast food,, meni. Iskreno se nadevam, deka i pokraj izmenata vo prehranbenite naviki , i sledstveno na toa i metabolizmot kaj naselenieto , pak ce dojdat vo ,,moda,, tradicionalnite vrednosti. Ostanuva da vidime, sto ce se slucuva.Instinktot za opstanok ne e za zanemaruvanje i kaj vaka golemata populacija na naselenie.Pozdravi, i se najubavo.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.