ДАЛИ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ВООПШТО ЖИВЕАТ ЛУЃЕ ?
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 08 Јуни 2010 01:00
Мислам дека прашањето за тоа дали на планетата Земја воопшто живеат луѓе или некои други суштества, станува сè поактуелно во последниве години. Дали е некое живо суштество човек или не е, одредуваат неговите гени кои се содржани во неговата ДНК, сместена во јадрото на клетката. Што „кажуваат“ гените на оние кои себеси се нарекуваат луѓе?
Гените говорат дека луѓето се високо развиени форми на живи суштества, со способност за логично расудување...
Повод за ваквото размислување ми даде скорешната анализа која беше изнесена во вестите на една национална телевизија, за тоа дека нашето општество сè повеќе се судрува со проблемот на аутизам кај децата. Анализата содржеше прилози за тоа дека во последно време бројот на деца заболени од аутизам кај нас расте и дека тоа станува не само медицински, туку и социјален проблем, ако се земе предвид фактот дека овие деца би требало да бидат соодветно вклопени во заедницата.
Еден од прилозите говореше дека и социјалните и здравствените работници „се затечени“ од појавата на овој проблем, заради тоа што тие немаат доволна обученост за тоа како треба да се пристапи во лекувањето на болеста и социјализација на децата со аутизам ??? ...
Од целокупната анализа на проблемот со аутизам, можеше да се заклучи дека болеста зема замав во последните години од минатиот и почетокот на овој век. Но, затоа пак, за да биде уште поголема зaблудата, беше изнесено дека причината за појава на оваа болест е „најмногу генетска“. Е, тука навистина се збунив...? Ако оваа болест е генетска, тогаш зошто велат дека се јавува многу поинтензивно во последниве години? Од друга страна, фамилиите на најголем број аутистични деца не даваат податок дека болеста „кружи во нивната фамилија“ неколку генерации наназад. Впрочем, ако болеста била наследна и таа се јавувала и кај членовите на фамилиите од минатите генерации, значи дека и докторите досега ќе стекнеле големо искуство во начинот на лекување и пристап кон оваа болест. Ако болеста ја немало порано во фамилиите каде сега ја има, ако докторите немаат толку големо искуство со неа, тогаш од каде излезе дека болеста е наследна? Сигурно науката нашла „одговорни гени“ за појава на оваа болест. Господе, па сите болести се јавуваат заради тоа што постојат одговорни гени. И грипот се јавува заради тоа што постојат одговорни гени. Ако нема гени, нема да има болести, но нема да има ниту луѓе.
Имам впечаток дека за секој проблем за кој би требало малку поотворена анализа, современата медицина го нарекува дека е проблем со „генетско потекло“. Ова, по сè изгледа, е најлесен начин да се избегне сериозна дискусија за причините за појава на болестите кои се прогласуваат како тешки и неизлечиви, за болестите кои се нови и се јавуваат како наезда кај современиот човек.
Зарем е толку тешко да и’ се погледне на вистината в очи? Зарем е толку тешко да се погледне на новиот начин на живот на денешниот човек, на модерната храна богата со адитиви, рафинирана до степен на совршена унакаженост? Зарем е толку тешко да се погледне во начинот на комуникација меѓу луѓето денес, во начинот на кој се остварува егзистенцијата, во материјалните вредности кои ги засенија сите етички норми? Наместо тоа, најлесно е да се каже дека се работи за гените. Тие се виновни за сè: за дијабетесот, за остеопорозата, за карциномите, за срцевите болести, за автоимуните заболувања, за дегенеративните заболувања...
Луѓето ќе започнат да се плашат од самите себеси. Ќе бараат заштита од самите себеси, од своите сопствени гени, од својот сопствен идентитет. Некои луѓе веќе буквално му објавиле војна на своето тело. Така, на запад веќе илјадници жени се подвргнуваат на хируршко отстранување на двете дојки, само ако кај мајката или кај една жена од фамилијата се дијагностицирал карцином на дојка. Се откажуваат од дел од себеси само за да се заштитат. Го отфрлаат делот кој е „генетски лош“ заради тоа што така вели современата наука. Ова се граничи со лудило! Членовите на фамилиите каде се дијагностицирал карцином на бели дробови, на дебело црево и слично, живеат во таканаречен ноќен кошмар заради стравот од своите „штетни гени“. Да, човекот е уплашен од самиот себеси. Постојано е повикуван на прегледи, човекот постојано истражува по своето тело со „врвни медицински апарати“ и го моли Господ да не стане жртва на своите лоши гени.
Наместо да се плашиме и да живееме под секојдневна закана од наследните болести, кои наводно нè демнат, треба да се свртиме кон вистинските причини за појава на болестите. Причина за појава на новите болести не се нашите гени, туку тоа е современиот начин на живот, современата „добро обработена и зачинета“ со разни адитиви храна, прекубројните количини на лекови кои се препишуваат буквално од ракав, при најмала потреба за тоа. Причина за појава на болестите е прекумерната употреба на хемикалии за „подобар род“ на полињата со храна, хемикалиите кои придонесуваат за производство на повеќе месо по фармите, воздухот кој постојано „го пречистуваме од инсекти“, а од друга страна, крвнички се сечат дрвјата од парковите и се уништуваат зеленилата, само за да никне „ново човечко здание“- некоја зграда со многу станови и добра заработка за инвеститорите во современиот ни град. Наместо да се запрашаме каква храна јадат нашите деца по школските мензи и по градинките, ние се воодушевуваме на убавите детски приредби, спортски натпревари и други манифестации, каде рестораните за брза храна се главните спонзори и на најуспешните учесници во манифестациите им доделуваат купони за бесплатен мрсен хамбургер и пржени компирчиња. Да, тоа е награда за успешните деца, а се разбира дека ќе добијат и шише од „најдобриот детски пијалак“, како на пример „кока-кола“.
Кога општеството сака да живее и да профитира на овој начин, тогаш се разбира дека ќе страда она што е најчовечко. Најчовечки се човечките гени. Ако се оштетиле или се измениле гените, тогаш човекот престанал да биде човек. Но, за тоа не е виновна природата, виновно е општеството. Природата сосема правилно ги создала човечките гени и направила закони според кои тие треба да функционираат. Ако општеството успеало да ги смени гените на луѓето, тогаш дефинитивно веќе не се работи за општество на луѓе, туку на некои други суштества. ...Тогаш кои сме ние, кои под името луѓе, живееме на планетава Земја...?
За среќа, сè повеќе луѓе во светот се будат од заблудата дека решението на проблемите е надвор од моќта на луѓето. Можеби проблемите се создаваат во човечкиот мозок, но се разрешуваат преку чистата човечка свест. Колку повеќе луѓе со чиста свест има во светот, толку позаштитена е човечката раса. За да бидете дел од авангардната чиста свест, немојте да робувате на илузијата што се вика материјален профит. Ако живеете ослободени од притисокот на материјалните богатства, тогаш немојте да се плашите за здравјето на вашите гени. Но затоа, дозволете и’ на природата да функционира според своите сопствени закони, дозволете и’ да создава храна каква што таа предвидела за нас луѓето, да создава вода каква што одговара на нашето тело, да создава клима која ќе биде во хармонија со нашите животи.
| Следно > |
|---|









Коментари
no se plasam deka svesta na lugeto e samo vo ,,dobrite,, ni zborovi koj momentalno gi izgovarame,za posle nekolku sekundi se odi vo voda.
sekoj covek treba sekoja sekunda da razmisluva svesno i POZITIVNO.
samata svest e lek za naseto zdravje i blagosostojba.
Mozebi pricinata za vakvata sostojba e vo stravot. Nie lugjeto premnogu se plasime od sekoja rabota/promena sto ni se slucuva i taka se stegame i gradime zatvor, a pri toa ne sme svesni za toa.