НАПОРНА НЕИЗВЕСНОСТ НАРЕЧЕНА ПРЕВЕНТИВА
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Среда, 16 Март 2011 19:09
Зборот превентива особено како израз во медицината, за мене претставува убав, пријателски збор, затоа што значи спречување на некаква појава која не ни се допаѓа односно спречување на болест. Но колку повеќе ги анализирам постапките на „превентивата“ која во последно време се нуди во медицината, толку повеќе станувам посвесна дека зборот превентива е далеку од неговото вистинско значење и се повеќе се употребува со цел да се постигне нешто кое најмалку значи спречување на болеста а многу повеќе значи создавање на заблуда меѓу луѓето. Но покрај тоа што се создава заблуда меѓу луѓето, многу повеќе се создава состојба на страв, која заедно со заблудата кај човекот е сосема добра подлога, не за да се спречи, туку за да се предизвика болеста . . .
НАШИТЕ НЕОПХОДНИ МАСТИ
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Петок, 25 Февруари 2011 19:03
Во неколку наврати досега, кога пишував за потребата од јадење на мрсна храна, односно кога напомнував дека мастите треба да се сведени на минимум во исхраната на луѓето, добивав повеќе реакции од читателите дека можеби треба да го преиспитам моето сфаќање за мастите, бидејќи тие се неопходни за нормално функционирање на организмот.
Да, јас се сложувам со тоа дека мастите се неопходни за функционирање на организмот, впрочем, токму и затоа што човечкиот организам не е растение, туку организам кој и самиот создава масти, од типот на холестерол, на пример, без кој многу функции во организмот би биле оневозможени.
Всушност, човечкото тело синтетизира повеќе видови масти, кои си имаат своја намена во одвивањето на метаболитичките процеси.
Точен е и фактот дека во одредени видови храна постојат масти кои, исто така, се неопходни за функционирање на организмот, а тие масти, организмот нема способност да ги создава. Тие се познатите есенцијални масни киселини. Нивните имиња – линолеична и линоленична киселина – не се толку многу важни. Она што е важно е тоа што овие масни киселини се користат за да се изградат важни состојки во клетката, наречени омега – 3 и омега – 6 масна киселина. Овие масни киселини овозможуваат бројни процеси во организмот и нивниот недостаток може да даде сериозни последици по здравјето . . .
МАСКИРАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НЕ ЗНАЧИ ЛЕЧЕЊЕ
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 30 Ноември 2010 21:59
„Решив да ја напуштам професијата или да ја пронајдам причината за болестите“
Д-р Џон Тилден (1851 – 1940), автор на „Токсемија“
Човечкиот организам треба да се замисли како екосистем кој функционира по законите на природата. Тој екосистем има своја „машинерија“ на создавање на отпадни материјали и нивно чистење. Токсините кои се создаваат во организмот се всушност отпадните материјали кои се резултат на метаболизмот, кој се одвива како процес на создавање на енергија потребна за функционирање на организмот. Исфрлањето на токсините од организмот е најважниот дел во одржувањето на функционалната способност на организмот. Појавата на „инфекти“, како што се разни видови на бактерии, вируси, паразити и слично, е резултат на преголемата затруеност на организмот со отпадни продукти, односно токсини, па нивната појава е во функција на „чистење на таквите токсини“. Користењето на антибиотици, кое во медицината се одвива многу често и неоправдано брзо, резултира со уништување на таквите микроорганизми, но не и со ослободување на организмот од токсините. Така, симптомите на болеста се отстрануваат, а токсините остануваат да циркулираат во телото на болниот.
Денес за многу болести се смета дeка се излечени само ако ги снема симптомите на болеста. Но, токсините во организмот остануваат и хронично го оштетуваат организмот. Според Д-р Тилден, акутното влошување на здравјето кај пациентот е состојба наречена „кризa на токсемија“. Тогаш би требало да се лекува целиот организам, а не само да се отстрануваат симптомите ...
ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗА - ОТКРИЕНИ РЕЦЕПТОРИ ЗА МАСТИ ВО ЧОВЕЧКАТА УСТА
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Сабота, 28 Август 2010 17:49
Истражувањето кое беше објавено во март 2010 година, во „Бритиш журнал оф нутришн“ („British Journal of Nutrition“) од страна на Џесика Е.Стјуард (Jessica E. Steward), зборува за тоа дека: „Со оглед на тоа дека во устата на човекот има рецептори за различни компоненти од храната, како и за токсичните нивоа на храна, тогаш е сосема логично да се прифати и фактот дека во устата на човекот има рецептори за детектирање на масна храна, односно на масни киселини од храната, исто како што има рецептори за детектирање на протеински делови од храната (мононатриум глутамат или инозин 50 монофосфат) и јаглехидратите (сахароза, фруктоза)...таквите сензори се во врска со намалената енергетска состојба на организмот и БМИ и служат како фактор за контрола на консумирањето на мрсната храна кај човекот“.Овие истражувачки резултати се повод за едно логично, но и научно размислување. Имено, во устата на човекот, односно на јазикот има рецептори за јаглехидрати, кои заедно со рецепторите за солено, се наоѓаат на врвот од јазикот. Од страните на јазикот има сензори за кисело, а на коренот на јазикот има сензори за горчливо. Овие сензори за горчливо служат многу во идентификацијата на отрови и други штетни компоненти од храната. Петтиот сензор е за протеини, поточно за идентификација на аминокиселината мононатриум глутамат, и тој бил идентификуван во 1908 година.......
ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗА - АПЕРИТИВИТЕ И СЛАБЕЕЊЕТО
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Сабота, 28 Август 2010 17:44
Според истражувањето кое било направено и објавено во журналот Апетит (Appetite) во април 2009 година, од страна на др. Џули Е. (Julie E. Flood-Obbagy), во врска со ефектот на аперитивите кои се земаат во различни форми пред главните оброци (главно овошја или салати од зеленчук), се истакнува дека ако се јаде овошје пред главниот оброк, како што е ручек или вечера, ќе се намали внесот на калории. Инаку, целото овошје, како што е на пример, целото јаболко, многу подобро „делува“ во намалување на внесот на калории, за разлика од сосот од јаболко, или сокот од јаболко. Кога испитаниците, кои учествувале во ова истражување, јаделе парчиња од јаболко пред ручекот, тие многу помалку внесувале калории во вкупниот ручек (јаболкото и главното јадење), односно за цели 187 калории помалку, отколку кога не јаделе јаболко.
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 4






