Порастот на трендот за двојна мастектомија на запад
Вторник, 04 Ноември 2008 06:09
На Запад, во развиениот свет, расте трендот на профилактичка мастектомија, односно превентивна ампутација на здравата дојка кај жените со дијагноза карцином на дојка. Според податоците објавени во „Журнал оф клиник онколоџи“ („Jurnal of Clinic Oncology“) од oктомври 2007 година, ваквиот третман пораснал од 4,2% во 1998 година, на 11,0% во 2003 година.
Коментар:
Опасно е мислењето кај жените кои имаат карцином на дојка дека со превентивна ампутација на здравата дојка ќе го продолжат нивниот живот и ќе го подобрат квалитетот на истиот. Всушност, таквиот потег нема никакво влијание врз должината на нивниот живот. Има повеќе докази за тоа дека со отстранувањето на здравата дојка не се продолжува животот на жената, но истовремено има и цврсти докази дека ширењето на карциномот во другите делови од телото е направено уште пред да се открие карциномот на дојка.
На запад расте и бројот на жени кои инсистираат да се отстранат и двете дојки заради превенција од карцином на дојка, за кој, веруваат дека се генетски предиспонирани. Би се рекло дека кај жените на запад стравот од карцином на дојка е оправдан, бидејќи кај нив некако се кумулираат причините за појавата на болеста, па кај 10% од нив карциномот се појавува до нивната 80-та година од животот. Резултатите од превентивната профилактичка мастектомија сепак остануваат контроверзни бидејќи ниту една од работените студии ги нема потврдено и докажано бенефициите од таквата превенција.
Дури и жените со фамилијарна предиспозиција за болеста (жените носители на генот BRCA 1 или 2) не можат да имаат гаранции за полно здравје ако направат превентивна билатерална мастектомија.
Она што е премногу јасно како доказ е дека жените кои се информирани, едуцирани, како да се хранат и како да се однесуваат заради превенција на карцином на дојка, се жените кои се најзаштитени од болеста. Тие жени не доживуваат анатомски промени на телото, кои се неминовно пратени со психолошки последици, а секогаш се со полно здравје.
Во мозокот на многу доктори и истражувачи, потребно е да се востанови една многу важна мисла, кога станува збор за карциномите како болест, особено за карциномот на дојка. Потребно е многу повеќе да посветат внимание на ЕДУКАЦИЈАТА на жената како да се храни, како да го изгради својот животен стил, како да научи да живее во современата средина, како да делува на средината.
| < Пред | Следно > |
|---|








