logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

НЕКОИ СВЕТСКИ КОНТРОВЕРЗИИ ЗА СВИНСКИОТ ГРИП

Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 04:07

361
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

 Во ова време на предизвик, единственото најважно нешто кое треба да го направиме е да останеме мирни и присебни колку повеќе можеме и да не потпаѓаме под влијанието на наметнатата паника и нерационална реакција. Стравот и паниката, емоционалната реакција, можат само да не одведат во сферата на нередот од кој тешко можеме да излеземе.

Познатиот британски новинар и публицист Дејвид Ајк, кој повеќе од дваесет години го истражува проектот „Нов Светски Поредок“, пишува:

„Но сепак, покрај сè, мораме да сфатиме дека се наоѓаме под влијание на вкрстен оган на од одамна само прикриените фашисти, кои никогаш не биле победени, туку само добро преобразени.

Никако не можеме да дозволиме да живееме под „чизмата на ѓаволот“, негрижејќи се и за нашите идни генерации, чии животи сè повеќе стануваат предмет на манипулација и извори за богатење на нестивнатите „газди“ над човечкиот род.

Вирусот на свинскиот грип е произведен во лабораторија за да предизвика масовна паника меѓу луѓето, со цел секој човек да се натера на одлука да се вакцинира. Тоа е проблем – реакција – решение. Тој „природен“ вирус на свински грип содржи гени на луѓе, свињи и птици од неколку континенти.

Ако целта на производството на вирусот на свинскиот грип е масовната вакцинација, тогаш логично е да се заклучи дека опасноста не доаѓа од вирусот на свинскиот грип, туку од вакцинацијата.“

Сомневајќи се во „искреноста“ на вакцинацијата против свинскиот грип, Дејвид Ајк понатаму размислува за вистинската мотивација за заштита на луѓето од грипот, анализирајќи ги притоа препораките на познатите светски авторитети од областа на медицината и на политиката:

„Препораките за тоа кои луѓе треба да се вакцинираат против свински грип се практично „умоболни“. Имено, д-р Петер Холден од „British Medical Assotiation“, која е директно контролирана од Родшилди, тврди дека, иако вирусот не предизвикува сериозни пореметувања, сепак би требало „превентивно“ да се вакцинираат луѓето, почнувајќи од таканаречените „ризични групи“.

Всушност, оние кои ја препорачуваат вакцината воопшто не знаат што навистина е таа хемиски, како делува и зошто така делува. Тие само препорачуваат она што им е кажано да препорачуваат и го мислат она што им е кажано да мислат. Само неколкумина кои се во „срцето на конспиративноста“ на целата работа ја знаат целата вистина и ги пишуваат правилата на игра.“

Австралиската новинарка Jane Burgermeister долго време истражува во областа на криминалот и неговата поврзаност со звучни имиња, како што се СЗО, ОН, Барак Обама, Рокфелери, Родшилди, и други. Таа тврди дека вирусот на свинскиот грип е произведен во лабораторија со цел за масовна вакцинација на луѓето. Нејзиниот истражувачки документ е наречен „Bioterrorism Evidence“.

 

 

Американскиот истражувач и автор, Патрик Џордан, разоткрива план за „масовно убиство“ на луѓето преку продукција на нови вируси и вакцини. Тој тврди дека таканаречените Илуминати имаат создадено вакцини со кои го „преуредуваат“ имунолошкиот систем на луѓето и за експериментирање и примена на истите, за тоа најмногу се користат американските војници.

Истражувачот Патрик Џордан открива таканаречен „три-вакцина систем“, кој е создаден од Илуминатите. Првата инокулација на вакцината придонесува за „исклучување“ на белите крвни клетки, кои се дел од имунолошкиот систем, втората инокулација е всушност инокулација на вируси, и третата инокулација е повторно „вклучување“ на белите крвни клетки.

Во меѓувреме, вирусите се распространуваат низ телото, но организмот не се чувствува болен, затоа што имунолошкиот систем не реагира. Но, кога имунолошкиот систем повторно ќе се вклучи, тој буквално „јуриша“ на вирусот со далекосежни последици по организмот.

Тоа е познато како цитокинетски удар или бура, кога имунолошкиот систем напаѓа со преголема количина на антитела за многу кусо време, во областите на телото кои се нападнати од вирусите. Таквата практично бурна и неконтролирана реакција го убива телото.

Тој се сомнева дека ваквата реакција на организмот ќе се предизвика и со аплицирање на вакцината против свинскиот грип, со оглед на тоа дека со вакцината би се вшприцале и вирусите на свински грип.

Пронаоѓањата на Jane Burgermeister беа подржани од Wayne Madsen, кој е поранешен американски морнарички офицер (naval Intelligence officer), а сега е истражувачки новинар. Тој тврди дека врвни истражувачи на ОН донеле заклучок дека Х1Н1 свинскиот грип има сигурни трансмисиски „вектори“, што упатува на тоа дека свинскиот грип е генетички создаден како биолошко оружје. Експертите на ОН веруваат дека Ебола, ХИВ/АИДС, како и актуелниот А-Х1Н1 свински грип вирусот, се само биолошки оружја.

Најпрво, свинскиот грип беше пренесен од свињи на луѓе, потоа почна да поминува од луѓе на луѓе. Како и да е, немаше извештај за свињи болни од А-Х1Н1. Всушност, според Центарот за Контрола на Болести и Превенција, А-Х1Н1 содржи генски сегменти од свински грип (од Северна Америка), од човечки грип и од птичји грип, како и сегмент од евроазиски свински грип.

Мадсен дошол до информација дека вирусот Х5Н1 (вирусот на птичјиот грип) е создаден од материјалот земен од еден леш на жена која била пронајдена на Алјаска, а која умрела од таканаречениот Шпански грип во 1918 година.  Лабораторијата каде е тоа направено (US Army Medical Institute of Infectious Diseases labaratory at Fort Detrick, Maryland), е истата лабораторија од каде после нападите од 11 септември 2001 година, беа праќани пратки со антракс до конгресмените на САД.

Можеби ова звучи како приказните од Зоната на Самракот, но фамилиите на „Илуминатите тоа го прават не заради тоа што се умоболни, туку заради тоа што се различни од другите луѓе и имаат различни цели“ – размислува Дејвид Ајк. Понатаму тој објаснува:

„Планот на Илуминатите е да се постигне масовна контрола над луѓето преку вметнување на микрочип на секој маж, жена и секое дете, и само така секој би можел да биде контролиран 24 часа дневно. Компјутерската технологија на комуницирање преку чипови има добар потенцијал за манипулација со луѓето на ментален, емотивен и физички план. Така ќе може да се контролираат масите или секој поединец преку таканаречениот трансмитер - ресивер чип сигнал. Убиствата од дистанца така можат добро да се синхронизираат.“

 

СВИНСКИОТ ГРИП И ВИТАМИН Д

Истражувачите од УЦЛА во 2005 година, во престижниот журнал „Нејчр“ (Nature), публикувале два извештаи за поврзаноста на количеството на витамин Д со отпорноста на луѓето кон грипот. Според нивните извештаи, природно создадениот витамин Д во човечкиот организам има антибиотски својства. Практично, витаминот Д е хормон за кој се тврди дека покрај тоа што директно ги убива бактериите и вирусите, тој помага во создавањето на антимикробни пептиди во организмот. Околу 200 познати антимикробни пептиди имаат способност да го уништат клеточниот ѕид на бактериите, како и да уништат голем број на вируси, меѓу кои и вирусот на грипот, со што играат голема улога во заштитата на организмот. Тоа е моќта на обичниот, стар витамин Д.

Кој е витаминот Д?

Прво, тој е познат „прекурзор“ на моќниот стероиден хормон калцитриол, што всушност претставува активна форма на витаминот Д. Повеќето витамини се антиоксиданси или кофактори во разни ензимски реакции. Активираниот витамин Д како стероиден хормон делува врз геномот и го вклучува или го исклучува процесот на создавање на протеини, зависно од потребите на организмот. Така, витаминот Д е генетички регулатор на стотици процеси во организмот.

Второ, витаминот Д го нема во доволни количини во исхраната на луѓето. Ако сакате да внесете неколку илјади единици од овој витамин, треба трипати на ден да јадете риба, а тоа е погубно за организмот. Прехранбената индустрија ја користи оваа работа за да ги натера луѓето да го купат нивниот производ збогатен со витамин Д, како што е на пример млекото. Но, тоа се само стотина единици витамин Д со кои е збогатено млекото и десетици други компоненти кои ќе се внесат со млекото и ќе имаат негативен ефект врз организмот. Не се пие млеко за да се внесе витамин Д. Тие што продаваат млеко треба да се држат до вистината за содржината на својот производ и да пробаат да го продадат на тој начин, а не во млекото да додаваат овошје, жито, витамини и други додатоци, мамејќи ги луѓето дека продаваат здрав пијалак  кого го создале „природно“ во својата фабрика.

Стероидниот хормон, витаминот Д се создава во кожата на луѓето. Човекот не може да обезбеди доволни количини витамин Д преку исхраната, туку само со адекватна изложеност на телото на сончева светлина. Ако човекот не е во состојба да се изложува доволно на ултравиолетовото сончево зрачење, тогаш ќе мора да внесува суплементи на витамин Д, што нема толку добар ефект како природно создадениот витамин.

Трето, има голема разлика и меѓу витаминот Д кој го има во некои видови храна и оној кој се создава како суплемент.

Луѓето кои се изложени на сончева светлина, за само 20 минути можат да создадат околу 20 000 единици витамин Д. Ако тоа се спореди со 100 единици витамин Д испиени преку чаша млеко, фабрички „збогатено“ со витаминот или со неколку стотици единици земени преку суплементи, тогаш може да се види значењето на сонцето кое е природно и бесплатно во однос на „здравите препарати“ купени од рафтовите на маркетите и аптеките.

Во пределите на субекваторијална Африка, луѓето од домородните популации по навика одат разголени и така имаат можност да бидат изложени на сончевата светлина подолго време од годината. На тој начин нивната кожа создава доволно витамин Д. Нивната кожа е силно пигментирана заради дополнителна заштита на подлабоките слоеви од влијанието на сонцето. Луѓето во северните делови од Земјината топка се со посветла кожа и создавањето на витаминот Д кај нив е многу побрзо. Но, навиките на луѓето во северните делови на планетата се многу поинакви од оние на јужните народи. Луѓето во развиените земји особено, работат во затворени простории, по канцеларии, фабрики, се возат постојано во нивните затворени и климатизирани автомобили, постојано се кријат од „штетното сонце“ со очила „против сонце“ и на секаков можен начин ја избегнуваат сончевата светлина. Сите тие работи го намалуваат количеството на витамин Д во организмот. Количеството на витамин Д кај современиот човек е перманентно ниско.

Многу студии кои се работени со групи на пациенти со различни хронични болести, како што се срцевите болести, дијабетесот, карциномите, автоимуните болести, депресиите, болестите на крвните садови и сл., покажаа дека кај овие пациенти нивото на витаминот Д во крвта е значително понизок. И грипот е резултат на намалената способност на имунитетот да се одбрани од предизвикувачите на грип, а така ослабениот имунитет исто така може да е во врска со намалената количина на витамин Д во организмот. Имено, овде постои логично објаснување и логична поврзаност меѓу количеството на витамин Д во организмот и заболувањето од грип. Така, предизвикувачот на грип е присутен  во текот на целата година, но сепак луѓето најмногу заболуваат во периодите со намалена сончева светлина, односно во зимските месеци. Исто така, децата кои страдаат од рахитис, многу почесто заболуваат од респираторни инфекции. Постарите хронични болни многу повеќе страдаат и умираат во зимскиот период, главно од респираторни компликации кои се надоврзуваат на нивната хронична болест.

Дали овие појави може да се поврзат со витаминот Д? Дали мистеријата на избувнувањето на грипот и другите компликации кои одат со него, па и смртта на луѓето заради компликациите од грипот, можат да имаат вакво едноставно објаснување? Дали клучот лежи во нивото на витаминот Д кој е многу намалено во зимскиот период?

Британскиот истражувач д-р Р. Едгар Хоуп-Симпсон, тврди дека некој непознат „сезонски фактор“ игра голема улога во „уредувањето“ на човечкиот имунитет. Д-р Хоуп-Симпсон бил доктор кој бил познат во шеесеттите години на минатиот век по неговите откритија во врска со херпес зостер (болест предизвикана од вирусот на варичела ). Воодушевувањето за откритието на д-р Хоуп-Симпсон било дотолку поголемо што тоа се должело на неговото работно искуство и сопствен труд, без притоа да му биде овозможено каква било помош и бенефиции во истражувањето од страна на  Универзитетот и Институтот за епидемиологија.

По откритието на херпес зостерот, д-р Хоуп-Симпсон се посветил на истражувањето на причините за грипот. Тој забележал дека без разлика на оддалеченоста на луѓето, во различни географски региони, истовремено започнува епидемијата на грипот (во времето кога средствата за комуникација и превоз не биле толку многу усовршени како денес). Тоа значи дека постои некој сезонски фактор кој има својство на придвижувач на болеста, односно фактор кој има влијание врз јачината и способноста на имунитетот на луѓето. Д-р Хоуп-Симпсон немал можност во тоа време да знае за дејството на витаминот Д, односно за неговата моќ да создава антимикробни пептиди кои ќе се борат со предизвикувачот на грип, немал можност да знае и тоа дека и самиот витамин Д има можност да се бори против вирусот. Всушност, подоцна е откриена и способноста на витаминот Д да го контролира имунолошкиот систем во неговата активност на создавање на премногу антимикробни материи (цитокини и хемокини) кои би нанеле голема штета на ткивата во организмот. Всушност, при обдукцијата на лица кои во 1918 година биле починати од таканаречениот шпански грип, во ткивата на нивните респираторни патишта биле најдени големи количини од овие антимикробни материи кои во обид да го одбранат организмот од напаѓачот, го уништиле неговото сопствено ткиво.

Можеби навистина има логика во проучувањата и истражувањата на Д-р Хоуп-Симпсон, дека годишните флуктуации на нивото на витаминот Д во организмот се поврзани со појавата на сезонските грипови. Дали има основа да се размислува дека грипот е симптом на недостаток на витамин Д во организмот, слично како што одредена форма на пневмонија (pneumocistis karinii) е симптом на АИДС? Дали Џорџ Бернар Шо бил во право кога тврдел дека: „Специфичните микроби кај една болест не се причината за таа болест, туку се само нејзини симптоми“.

 

14 ПРАШАЊА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

 

1 – Зошто гриповите се јавуваат обично во зимските периоди, кога нивото на витамин Д е најниско?

2- Зошто јачината на грипот се намалува со пораст на сончевите периоди во денот напролет?

3 – Зошто грипот е почеста појава во тропските предели за време на врнежливите периоди?

4 – Зошто врнежливите и студени денови, кога луѓето се повеќе во затворени простории, се периоди кога гриповите повеќе се јавуваат?

5 – Зошто инциденцата на грип е поврзана со надворешната температура?

6 – Зошто децата кои се повеќе изложени на сонце, помалку страдаат од настинки?

7 – Зошто црниот дроб од бакалар, кој е богат со витамин Д, делува во намалување на респираторните инфекции?

8 – Зошто руските научници открија дека ламбите кои произведуваат УВ зрачење

придонесуваат за намалување на респираторните инфекции кај децата и работниците во фабриките?

9 – Зошто руските научници открија дека доброволците кои биле „инфицирани“ со ослабени вируси на грип, најпрво во летен период, а потоа уште еднаш во зимскиот период, покажале многу различна манифестација на болеста во различните сезони?

10 – Зошто постарите луѓе кои живеат во предели каде се консумира големо количество витамин Д во зимскиот период (Норвешка), помалку умираат во зимскиот период?

11 – Зошто децата со недостаток на витамин Д и симптоми на рахитис, многу повеќе заболуваат од респираторни инфекции?

12 – Зошто децата-пациенти на д-р Рехман (истражувач), кои често страдале од респираторни инфекции и грип,  кога им биле дадени поголеми количества на витамин Д, покажале нагло подобрување?

13 – Зошто постарите луѓе многу почесто умираат од срцев удар во зимскиот, отколку во летниот период?

14 – Зошто Афроамериканците кои имаат пониско ниво на витамин Д во крвта, почесто умираат од компликации од грип отколку белите раси?

 

Сепак, улогата на витамин Д во одбрана на организмот од инфекциите, особено од предизвикувачите на грип, е нешто кое интригира на подлабоки понатамошни испитувања. Потребно е научната „фела“ да му посвети поголемо внимание на витаминот Д и на неговата улога во одбраната на организмот. Потребно е организирање и изведување на научни и независни студиски испитувања кои би довеле до сигурни заклучоци во врска со поврзаноста на витаминот Д и сезонската способност на имунолошкиот систем на човекот.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.