logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ФЕРМЕНТИРАН ЦРВЕН ОРИЗ

Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 04:24

363
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Студијата која е објавена во „Аналс оф интернал медисин“ (Annals of Internal Medicine), во јуни 2009 година, потврдува: „Ферментираниот црвен ориз и терапијата со здрав животен стил придонесуваат за намалување на ЛДЛ холестеролот во крвта без зголемување на ЦПК, или, без појава на болки, па така тоа може да биде терапија за пациентите кои треба да го нормализираат нивото на масти во крвта, и кои не можат да ја толерираат антилипидната терапија“.

Таа студија е работена со 62 пациенти кои имале покачено ниво на холестерол во крвта и кои реагирале на дадената антилипидна терапија со таблети со појава на болки во мускулите (миалгија). Тие пациенти примале ферментиран црвен ориз 1800мг, или плацебо, двапати дневно за време од 24 недели. Сите пациенти биле во програма за промена на целосниот животен стил за време од 12 недели...

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Пациентите кои примале по 1800мг ферментиран црвен ориз, бележеле пад на нивото на тотален холестерол во крвта од 245 мг/дл на 209 мг/дл, додека лошиот, или ЛДЛ холестеролот се намалил од 163 мг/дл на 128 мг/дц за период од 24 недели. Кај плацебо групата, падот на холестеролот бил нешто помал (тоталниот од 246 мг/дл на 230 мг/дл и ЛДЛ од 165 мг/дл на 150 мг/дл). Кај пациентите немало несакани ефекти од терапијата (немало покачување на ензимите од црниот дроб, ниту покачување на мускулните ензими – ЦПК, кои се резултат на ткивни оштетувања). Така, ниеден од пациентите не чувствувал мускулна болка како кога земал таблети против масти во крвта. Како резултат на промените на начинот на исхрана и воведување на здрав животен стил воопшто, пациентите за време на студијата изгубиле во просек по 4 килограми од телесната тежина.

 

Коментар на 8-КА:

Црвениот ориз е само обичен земјоделски производ и е доста евтина храна, која е основна храна за неколку милијарди луѓе во светот, особено во Азија. Но, тоа е само храна која може евтино да се произведе, па затоа нема профитабилна вредност, односно не е „интересен за фармацевтите“.

Ферментираниот црвен ориз е продукт на квасниците Monascus Purpureus, кој се наоѓа во оризот, и кои содржат неколку активни материи. Една од нив е монаколин К, кој е моќен инхибитор на синтезата на холестерол во црниот дроб, а е позната и како мевинолин или ловастатин, и се препишува на рецепт, како лек против масти во крвта. Едномесечна доза на ферментиран црвен ориз (1800 мг двапати на ден), чини околу 20 долари во Америка.

Терапијата со ферментиран црвен ориз не дава толку често несакани ефекти, нешто што е вообичаено со безмалку сите фармацевтски препарати, односно лекови. Имено, околу 10% од пациентите кои земаат „синтетички“ лекови против масти во крвта, имаат несакани ефекти со појава на мускулни болки, а кај 5% од пациентите, таквите болки се практично неиздржливи. Патем, да ве потсетиме дека болката е само знак за малтретирање на организмот и предупредува на негово потешко оштетување. Така, колку е појак лекот против масти во крвта, толку се потешки несаканите ефекти, односно мускулните оштетувања. Студијата која го испитувала дејството на лековите против масти во крвта, преку микроскопско иследување и пратење на биохемиските параметри, нашла дека кај 70% од луѓето кои земале од таквите лекови, се забележуваат мускулни оштетувања, што значи дека и кај оние кои не чувствувале мускулни болки, мускулите сепак биле оштетени. Се разбира, доколку пациентот се пожали на мускулна болка, многу од докторите ќе препорачаат лек против болка...па потоа лек против несаканиот ефект од лекот против болка, па лек против несаканиот ефект од последниот лек, и така до бескрај...ќесата со лекови сè повеќе ќе се полни, џебовите на пациентот сè повеќе ќе се празнат, фармацевтите сè повеќе ќе владеат со животите на луѓето и ќе ги добиваат нивните пари.

Но, зошто 8-ка се одлучи да ги коментира резултатите од оваа студија? Секако, не затоа за да се промовираат „природните“ препарати направени од ферментиран црвен ориз како лекови против масти во крвта. Навистина, постојат поприродни и поевтини препарати кои се побезбедни за пациентите кои имаат зголемено ниво на масти во крвта и се загрозени, односно се ризични да добијат некое васкуларно или срцево заболување. Но, треба да знаете дека и овие „природни препарати“ не се без ризик. Исто така, досега има опишано неколку случаи со оштетување на црниот дроб и на мускулите и кај оние пациенти кои земале од овој „природен лек“. Од две или повеќе зла, треба да се одбере најмалото. Тоа го знаат сите.

Но, она што секој свесен човек треба да го знае е дека зголеменото ниво на масти во крвта е резултат на неправилниот начин на исхрана и нездравите животни навики. Лековите, природни или синтетички, не се решение за отстранување на причините на болеста. Решение за покачените масти во крвта е поминување на здрав начин на исхрана и промена на животниот стил.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.