НАУКАТА КОЈА ЧЕКА НА НАС
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 24 Март 2010 01:05
Моето искуство говори дека во нашава средина е сè уште многу рано да се разговара на поинаков медицински јазик од вообичаениот, заради неподготвеноста и на јавноста, но и на медицинската стручност да се запознаат со податоците кои се надвор од „официјално објавените и договорно прифатените“. Со други зборови, кај нас сè уште нема подготвеност на стручниот кадар пред сè, да се спротивстави на „законите на центарот на владеење“ со податоците.
Имено, уште во осумдесеттите години на минатиот век, во науката се појавија поинакви ставови и толкувања за тоа што е болеста, како таа се појавува и како се лекува, но сето тоа беше потиснато и игнорирано од официјалната наука која продолжи со своите ставови дека телото е одвоено од свеста, дека мозокот е единственото место на свесност и дека телото не е ништо друго, туку само обична биохемиска машина. Но наспроти тоа, науката докажува дека:
- Секој неуропептиден рецептор од мозокот го има и на површината на имунолошките клетки – што ја покажува поврзаноста меѓу имунолошкиот систем и мозокот.
- Имунолошките клетки ги продуцираат супстанциите кои се поврзани со расположението, исто како што тоа го прават и мозочните клетки.
- Мозокот, цревата и имунолошкиот систем продуцираат исти неуропептиди кои ја контролираат дигестијата, односно варењето на храната.
- Имунолошкиот систем, исто како и централниот нервен систем, има способност за меморирање на податоци.
Хемиските материи кои се создаваат во нервниот систем и кои се одговорни за пренос на информациите низ нервниот систем, всушност се создаваат во сите клетки од нашиот организам. Исто така, сите клетки во нашето тело имаат рецептори преку кои ги читаат информациите кои ги носат тие хемиски супстанции. Значи, информациите можат да се примаат насекаде во телото и да се дистрибуираат исто така насекаде. Тоа значи дека нашето расположение не се должи само на работата на мозокот, туку и на работата на целиот организам. Цревниот тракт е еден од најбогатите места со такви рецептори и е местото каде чувствата се рефлектираат. Затоа секоја наша мисла или емоција ја чувствуваме во стомакот како стомачна болка, нелагодност, или треперење, „пеперутки во стомакот“ и слично.
Секоја клетка има свое „знаење“ или „паметење“, благодарение на нејзиното претходно искуство. Со други зборови, ако сте поминале низ искуство на срам, тогаш вашиот мозок го меморирал срамот како непријатност, вашиот стомак го меморирал како непријатен грч, имунолошкиот систем се активира на повисоко ниво, а кожата се зацрвенува. Истиот овој систем се активира ако имате искуство со консумирање на нездрава храна. Значи, секоја состојба која сме ја поминале, останува „запишана“ во секоја клетка на нашето тело и ја доживуваме како реакција која е комплексна, а не само како реакција на мозокот. Овие таканаречени „запаметени состојби на однесување“ го диктираат денот кој го поминуваме, животот кој го живееме, здравјето кое го доживуваме и се одвиваат сосема автоматизирано. Тоа сме всушност ние како индивидуи, запаметени, меморирани модели на однесување, складирани во физичкото тело, според кои го препознаваме начинот на кој живееме.
Науката, за која многу малку се зборува во материјалниот свет, исто така открива дека:
- Подлабоките и постари пораки кои сме ги доживеале не се „складираат“ во мозокот, туку се складираат во телото – а телото е нашата потсвест.
- Тие емоции остануваат запаметени од телото како информациски супстанции (неуропептиди и рецептори) и се изразуваат како искуства на чувства, инспирации, љубов, во физичка смисла.
Ваквите чувства не можат да не ослободат од нив. Само затоа што знаеме дека тие чувства се ирационални, и не треба да ги доживуваме. Значи, мозокот не може да не ослободи од таквите емoции затоа што тие се запаметени во клетките од целото тело преку биохемиски процеси. На пример, не можеме да го победиме стравот да се возиме во автомобил после доживеана сообраќајна несреќа само затоа што знаеме дека таквиот страв е неоснован и непотребен. Чувството на страв е „запишано во клетките во целото тело“ и се активира на повторно возење со автомобил. Сите наши емоции се поврзани со физички реакции кои се овозможени со хемиски реакции на ниво на сите клетки во телото. На пример, чувството дека љубовта не ни е возвратена, многу често се изразува со глад и прејадување.
Науката за која помалку се зборува, открива дека:
- Промените во дишењето, на пример, промените во должината и длабочината на дишењето можат да ги променат видовите на пептиди и хемиски реакции, а со тоа да се сменат и начините на изразување на чувствата.
- Со дишењето ние ги контролираме нашите емоции. Бавно и длабоко дишење води до смирувачки чувства, додека брзо и површно дишење води до страв и раздразливост.
Така, кога сме нервозни и под стрес, само преку контрола на дишењето можеме да ги смениме хемиските реакции во организмот и наместо да се лачи адреналин, неговото лачење се блокира, телото и умот се смируваат заедно.
Науката знае, но не сака многу гласно да зборува за тоа дека многу токсини од храната, од лековите, од околината, како што е индустријата и сл., ја менуваат способноста на имунолошкиот систем за одбрана на организмот, делуваат врз рецепторите на клетките или ги менуваат пептидите кои делуваат врз рецепторите, и на тој начин водат до глад на клетките за енергија, што резултира со замор, малаксаност, болест.
Затоа програмата „Д-р Бибан“ се заснова на природно прочистување на целиот организам од сите токсини кои ги менуваат биохемиските реакции на метаболизмот и ја нарушуваат комуникацијата на клетките меѓу себе. Тоа се постигнува преку внесување на природна и прочистена храна и техники на дишење, чи-кунг вежби, со што доаѓа до потполн баланс на енергетско ниво на сите психотелесни функции, што резултира со потполно оздравување.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
- потполно се сложувам со вашиот став. Сакав да реагирам на претходната реченица дека јавноста е неподготвена, затоа што јавноста е подготвена да прифати се што и се сервира, па дури и револуционерни вистини за природата на болестите и нивното лекување.
Проблемот е во стручниот кадар и во влијанието на големите корпорации бидејќи сите имаат корист од тоа да ги држат обичните луѓе во постојан страв. Само квалитетно исплашен пациент е добар и послушен потрошувач и е основ темелник на едно развиено потрошувачко општество.