ДАЛИ И ЛУЈ ПАСТЕР СЕ ЗБУНИ ???
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 04 Април 2010 17:22
Со откривањето на микроорганизмите, медицинската наука навлезе во сферата на откритието на антибиотиците и „лечење на заразните болести“. Тоа се смета за револуција во медицината. Но, самиот Луј Пастер, пред самата смрт, се откажа од својата теорија, според која микроорганизмите се причинители на болестите. Дали денешната современа медицина се темели на погрешни основи??? За да се разбере болеста, треба да се дознае како таа настанува. Болеста настанува кога ќе дојде до дисбаланс во организмот кој се должи на натрупувањето, односно акумулација на штетните материи кои потекнуваат од надвор, но и од внатре. Тоа значи дека пушењето не предизвикува карцином на белите дробови, алкохолот не предизвикува болест на црниот дроб, стресот не предизвикува чир на желудник или на дванаесетпалечно црево и вирусите не предизвикуваат грип. Сите надворешни фактори се „синхронизираат“ со поволните внатрешни фактори и во даден момент доведуваат до финалниот исход – болеста. Секоја индивидуа ја има целосно способноста да „одреди“ каков исход ќе има заемното дејството на надворешните и на внатрешните фактори, а со тоа да одреди дали ќе се разболи или нема да се разболи. Како може да се постигне таквата способност? ... Тоа се постигнува на тој начин што самите ние можеме да предизвикаме создавање на внатрешни фактори кои нема да бидат поволна почва за влијание на штетните надворешни фактори. Тоа се постигнува најмногу со начинот на исхрана. Ако консумираме храна која го оптоварува метаболизмот со материи кои се штетни, тогаш секако дека организмот ќе стане поволна почва за делување на надворешните штетни фактори, кои се одговорни за поттикнување на болеста. Ако јадеме, пак, нездрава и дополнително загадена храна, со токсини, разни хемикалии, пестициди, хормони, антибиотици, каква главно се нуди денес на пазарот за храна, тогаш секако дека добро сме си ја подготвиле почвата за засејување на семето на болеста.Вообичаеното верување на најголемиот број луѓе е тоа дека нас постојано не демне опасност од надворешната средина преку некои микроорганизми кои имаат способност да не убијат, како што се бактериите, вирусите, габите, разните паразити и други „бубачки“. Од друга страна, постои и друга вистина, дека без постоењето на сите тие „бубачки“ и нашиот живот не би бил возможен. Тогаш, зошто природата би ги создала сите тие „непријатели“ без кои не можеме да живееме? Практично не постои ниедно место во нашиот организам кое е „стерилно“. Кога ќе се наруши балансот на природно симбиотичко живеење меѓу организмот на човекот и сите тие „бубачки“, тогаш настанува нивното „агресивно однесување“ кое се манифестира како болест, која е најчесто акутна. Тогаш „бубачките“ се намножуваат во деловите од телото каде е нарушен балансот, со цел да го „окупираат страното тело“. Со уништување на тие мали микроорганизми, ние не сме ја уништиле и добрата подлога за нивно повторно намножување. Затоа, паралелно со отстранувањето на акутниот процес, мора да се работи на балансот и на подлогата, односно на враќање на природните услови на организмот за одвивање на симбиотичките процеси во него.
Со постојано внесување на безброј токсини од околината, како што се токсините од водата, воздухот и храната, човекот го надминува капацитетот на имунолошкиот систем, односно на системот за чистење и заштита од таквите материи. Тоа значи дека капацитетите на црниот дроб за детоксикација на токсините се надминати, капацитетите на дебелото црево, бубрезите , кожата и белите дробови за исфрлање на тие штетни материи се надминати, исто така. Истовремено капацитетите на жлездите со внатрешно лачење се, исто така, пробиени, па се јавуваат болести на тиреоидеата, на панкреасот, гениталиите и сл., затоа што тие жлезди се во постојана максимална мобилизација со цел да се подобри и да се „појача“ процесот на чистење на претерано оптоварениот со „ѓубре“ организам. Како последица на сето тоа, токсините остануваат во телото и се таложат по ткивата, оштетувајќи ги нивните нормални функции, па доаѓа до минерално – витамински дефицит, појава на алергии и слични манифестации. Затоа, кога ќе се појават сите овие симптоми, не значи дека треба да се потрча во аптека по витамини, затоа што не се работи за примарен недостаток на витамини, туку за нарушување на работата на искористување на витамините, па и на другите материи кои повеќето луѓе постојано ги дотураат во себеси како таблети и друг вид на препарати. Значи, со други зборови, болеста не сте ја добиле затоа што немате доволно витамини, туку затоа што сте го дисбалансирале процесот на нивно правилно искористување. Или ако сакате поинаку, болеста не сте ја добиле затоа што во организмот имате недостаток на антибиотик, туку затоа што со вашиот начин на однесување сте допринеле да настане пореметена симбиоза меѓу вашиот организам и микроорганизмите. Па ако сакате уште поинаку, вие немате дијабетес тип 2 затоа што во организмот немате инсулин, туку затоа што со вашето неправилно живеење сте го спречиле инсулинот да си ја врши својата работа.
Така, сега меѓу „научниците“ е тренд да работат на полето на поправање на грешките од природата, па ги убедија родителите дека е добро во млекото за нивните деца да додадат флуор ( на Запад флуор додаваат и во водата, да се надеваме дека кај нас сè уште нема таква работа), затоа што природата наводно „згрешила“ и го оставила млекото без флуор. Кој само ги плаќа овие научници за да создаваат наука...?
Во целата оваа работа да не ги заборавиме силните емоции, за кои многу стручњаци велат дека е стрес. Како надворешните состојби ја разбрануваат и ја вознемируваат нашата внатрешност преку предизвикување на емоции?
На тој начин што предизвиканите емоции од надворешните фактори влијаат на начинот на апсорпција на храната, нејзиното варење, дистрибуцијата на хранливите материи и сл. Во модерното општество загадувањето на емоциите доаѓа преку медиумите, рекламите, соопштенијата, политиката. Сите тие надворешни „пораки“ човечката потсвест ги прима како сензација на разбудена „неодолива желба“, на пример, да се купи нов автомобил, да се задолжи во банка, да се купи поголем стан, да се купи многу облека. Но, само кога потрезвено би размислиле, би заклучиле дека новиот автомобил не доаѓа заедно со девојката супер модел која седи на неговата хауба, туку доаѓа со ново задолжување во лихварницата, наречена банка. Е токму тоа задолжување кое станува ваше секојдневие со години, е надворешниот фактор, кој популарно се нарекува стрес.
Најсилно моделирање на внатрешната средина на организмот според теркот на оние кои сакаат да го контролираат светот, се одвива преку медиумите. Така многу лесно се предизвикува епидемија на агресивност, на самоубиства, на убиства, на сексуално малтретирање на послабите, односно на децaта и слично. Но, за да се предизвика на пример епидемија на грип, дури нема потреба да се „растури“ некаков, конспиративно кажано „лабораториски вирус“. Доволно е само секојдневно да се шири страв од епидемија на смртоносен вирус, и тоа е тоа. Голем број луѓе навистина ќе се разболат, затоа што нивната потсвест однадвор е „програмирана“ на болеста. Но сепак, за да може потсвеста така добро и лесно да се програмира, помага и секојдневното таканаречено „модерно живеење“ во кое луѓето се буквално опкружени со безброј модерни апарати кои емитуваат различни електромагнетни зрачења, како што се компјутерите, микробрановите печки, феновите за сушење коса, апаратите за бричење, греењето во станот, итн.
Ако сега се запрашате како да се заштитите од сите овие штетни надворешни фактори кои водат до болест, тогаш решението е во создавањето на здравите животни навики. Секако, ние не можеме да го совладаме одеднаш целото зло на овој свет. Не можеме веднаш да ги победиме сите оние кои сакаат да заработат пари од човечките несреќи. Не можеме веднаш да создадеме општество на хумани луѓе, кога сега светските владетели се богатат врз гладот, бедата, болестите и стравот на светската популација. Но сепак, можеме да работиме на своја сопствена заштита, а истовремено да помагаме во будењето и јакнењето на човечката свест.
Што треба најпрво да се направи?
Најпрво храната, и нејзиното консумирање. Затоа во програмата „Д-р Бибан“ најголемо внимание се посветува на храната. Ако консумирате вистински здрава храна наменета за креацијата – човечки организам, тогаш најголемиот процент на функциите на организмот се доведуваат во максимален баланс. Тогаш не само што го прочистувате телото, туку ја прочистувате и свеста, па така сеењето на страв од војни, болести и слично нема да предизвика ефект на разболување. Преку здравиот начин на исхрана, најдобро се држи внатрешниот фактор, односно самиот организам, како неповолна средина за појава на болеста. Се разбира дека здравите животни навики значат и друго покрај здравата исхрана и сето тоа е целосно опфатено во едукативниот програм „Д-р Бибан“. На тој начин организмот добива целосен интегритет и моќ да го контролира вистински своето здравје.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
За жал, денешната модерна наука го зазема местото кое пред неколку векови го имаше црквата. Иако е очигледно дека многу работи се погрешни, врз такви погрешни основи се гради понатаму „модерната“ наука, а се осудува и се прогонува секој кој ќе се обиде да искаже несогласување со таквите ставови.
Целосно ја поддржувам докторката Јадранка во нејзините напори да ги едуцира широките народни маси за вистинските причини за болестите, како и за неправилното лечење кое модерната медицина честопати го практицира.