ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗА - ОТКРИЕНИ РЕЦЕПТОРИ ЗА МАСТИ ВО ЧОВЕЧКАТА УСТА
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Сабота, 28 Август 2010 17:49
Истражувањето кое беше објавено во март 2010 година, во „Бритиш журнал оф нутришн“ („British Journal of Nutrition“) од страна на Џесика Е.Стјуард (Jessica E. Steward), зборува за тоа дека: „Со оглед на тоа дека во устата на човекот има рецептори за различни компоненти од храната, како и за токсичните нивоа на храна, тогаш е сосема логично да се прифати и фактот дека во устата на човекот има рецептори за детектирање на масна храна, односно на масни киселини од храната, исто како што има рецептори за детектирање на протеински делови од храната (мононатриум глутамат или инозин 50 монофосфат) и јаглехидратите (сахароза, фруктоза)...таквите сензори се во врска со намалената енергетска состојба на организмот и БМИ и служат како фактор за контрола на консумирањето на мрсната храна кај човекот“.Овие истражувачки резултати се повод за едно логично, но и научно размислување. Имено, во устата на човекот, односно на јазикот има рецептори за јаглехидрати, кои заедно со рецепторите за солено, се наоѓаат на врвот од јазикот. Од страните на јазикот има сензори за кисело, а на коренот на јазикот има сензори за горчливо. Овие сензори за горчливо служат многу во идентификацијата на отрови и други штетни компоненти од храната. Петтиот сензор е за протеини, поточно за идентификација на аминокиселината мононатриум глутамат, и тој бил идентификуван во 1908 година.......
Овој вкус бил наречен умами. Кога се консумирал сам, вкусот на аминокиселината мононатриум глутамат не се чувствувал, но кога се консумирал во комбинација со друга храна, тој го појачувал интензитетот на вкусот на таа храна. Иако тогаш се тврдело дека умами е рецептор за протеини, досега тоа не е научно потврдено. Сињиид и домати заедно, кои се многу сиромашни со протеини, имаат умами вкус. Како и да е, недостатокот од протеини не придонесува да се зајакне умами сензорот, за да се внесуваат повеќе протеини. Се разбира дека постојат вистински сензори за протеини, кои совршено си ја вршат својата функција, но тие се идентификувани кај карниворите, како што се кучето, мачката и др. Овие животни немаат рецептори за јаглехидрати, како што има човекот. Нивната главна храна е месото, кое изобилува со протеини, но не и со јаглехидрати.Наведеното истражување упатува на постоење на шестиот рецептор - за масти. Луѓето кои имаат многу „чувствителен вкус“, избегнуваат да јадат мрсно, коe го чувствуваат како непријатност на јазикот, и тие луѓе не се здебелуваат. Но, кога се јаде главно мрсна храна, се губи непријатноста од „мрснотија во устата“, и луѓето непречено консумираат многу мрсна храна, која ги здебелува и го нарушува нивното здравје. Тоа е многу слично со оние кои јадат многу солено. Така, ако се обидете да јадете сосема несолена храна барем две до три недели, тогаш многу ќе го изострите чуството за солено и со тоа ќе исчезне вашата „потреба“ од премногу сол. Со тоа, всушност, се стабилизира осетливоста на рецепторите и се спушта прагот на нивната осетливост.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари