logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

МАСКИРАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НЕ ЗНАЧИ ЛЕЧЕЊЕ

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 30 Ноември 2010 21:59

483
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(21 гласа, просек 4.71 од 5)

 

„Решив да ја напуштам професијата или да ја пронајдам причината за болестите“

Д-р Џон Тилден (1851 – 1940), автор на  „Токсемија“

 

Човечкиот организам треба да се замисли како екосистем кој функционира по законите на природата. Тој екосистем има своја „машинерија“ на создавање на отпадни материјали и нивно чистење. Токсините кои се создаваат во организмот се всушност отпадните материјали кои се резултат на метаболизмот, кој се одвива како процес на создавање на енергија потребна за функционирање на организмот. Исфрлањето на токсините од организмот е најважниот дел во одржувањето на функционалната способност на организмот.  Појавата на „инфекти“, како што се разни видови на бактерии, вируси, паразити и слично, е резултат на преголемата затруеност на организмот со отпадни продукти, односно токсини, па нивната појава е во функција на „чистење на таквите токсини“. Користењето на антибиотици, кое во медицината се одвива многу често и неоправдано брзо, резултира со уништување на таквите микроорганизми, но не и со ослободување на организмот од токсините. Така, симптомите на болеста се отстрануваат, а токсините остануваат да циркулираат во телото на болниот.

Денес за многу болести се смета дeка се излечени само ако ги снема симптомите на болеста. Но, токсините во организмот остануваат и хронично го оштетуваат организмот. Според Д-р Тилден, акутното влошување на здравјето кај пациентот е состојба наречена „кризa на токсемија“. Тогаш би требало да се лекува целиот организам, а не само да се отстрануваат симптомите ...

 „Болеста настанува всушност кога отстранувањето на отпадните продукти ќе биде, заради некои причини, оневозможено. Она што се нарекува болест е всушност криза на токсемија, кога организмот прави големи напори да се ослободи од токсините, кои се наталожиле заради неправилниот начин на живеење“ – запишал д-р Тилден во неговото дело „Токсемија“.

Екстремното трошење на енергија за ослободување на телото од токсините не може да се надополни, што води до хронично исцрпување на организмот, што се вика енервација.

„Воопшто, претераното користење на нервната енергија води до исцрпување. Многу луѓе буквално ја расфрлаат својата нервна енергија и како извор на енергија користат разни стимулатори, наместо да користат храна. Тоа уште толку ја исцрпува енергијата. Дури и прејадувањето е контрапродуктивно.

...Стравот и другите емоции, заедно со претераното однесување, може да се сметаат како стимулативни навики кои ја трошат нервната енергија на луѓето.

...Болестите се лекуваат со отстранување на причината за болеста. Причинители за болестите се и стимулаторите за трошење на енергија, како што се кафето, чоколада, шеќерите, алкохолот, како и друга храна која ја користиме за стимулација и подобрување на енергетската способност“- пишува Д-р Тилден.

Стимулаторите, значи, не се извор на енергија, туку начин за трошење на екстремно количество на енергија од организмот. Извор на енергија е храната, но се разбира, а онаа храна која е предвидена од природата како извор на енергија за човечкиот организам. На пример, протеините не се извор на енергија, туку тоа се макронутритиенти, кои во големи количини ја трошат енергијата на телото, исто како и стимулирачките материи.

Исто така, и претераната спортска активност ја троши енергијата. Препотувањата, бодибилдерските напорни и претешки вежби, кои многу често се дел од рекламните пораки за начин на здраво живеење, се контрапродуктивни, што се однесува до здравјето на луѓето.

Истовремено, емоциите, продаваниот по разни медиуми „секс за здрав живот“, треба да е тема за размислување, посебно ако се земе предвид кои се сопствениците на медиумите што рекламираат и презентираат секс за здрав живот.

 Кога внесувањето на енергија е помало од потрошувачката на енергија, тогаш резултат на таквиот начин на живот е хронично исцрпување на организмот и слабеење на имунолошкиот живот.

 

Според д-р Тилден, и карциномите се само дел во ланецот на оштетување на организмот заради токсемија. Тој објаснува дека карциномите се крај на еден воспалителен процес кој започнал само како иритација. Така, лошата храна која го „закиселува“ организмот, предизвикала иритација, на пример на цревната слузница, која се воспалила, а потоа се развил улцеративен процес, кој продолжил во задебелување на слузницата, што завршува со појава на карцином.

„Крајот е всушност дегенерација, заради недостаток на кислород, и таканаречениот септички материјал од распадот на храната влегува во циркулацијата, предизвикувајќи хронично септичко труење, наречено канцер кахексија. Болеста е манифестација на универзална изнемоштеност“ – пишува д-р Тилден, кој понатаму, уште во тоа време, го критикувал симптоматскиот начин на лекување на болестите.  „Органот кој пати заради многу токсемични кризи, се открива, и тоа може да биде улцерација во желудникот, која се лекува. Но, тоа може да биде и камен во жолчката, и тој се вади заедно со жолчното ќесе, или може да биде миом на матката, и тој потоа се вади, обично заедно со матката. Истото може да се каже и за другите ефекти – медицинското оружје е ослободување од ефектите, отстранување на симптомите. Ова е прифатено во јавноста како ефикасен третман на болестите. Но, тоа е најголемата грешка. Хирурзите едноставно немаат ниту најмала идеа за тоа што ја предизвикало болеста, односно ефектот (симптомот) којшто вешто го отстрануваат“.

 Хирургијата во областа на онкологијата денес претставува типичен пример за тоа како мисли дека пациентот е излечен со отстранување на симптомите. Всушност, со отстранување на карциномскиот тумор, се смета дека болеста се совладува, додека појавата на метастази, набрзо потоа, се смета за „божја волја“.

 Можеби денешната медицина престана да мисли глобално во однос на болестите заради поделбата на специјалистички гранки на медицинската наука. Секој специјалист е „стручњак“ во својот дел од медицината. Но, за жал, човечкиот организам е една единствена целина и не може да се третира по делови. Ништо не може да се одвои од целината, сè е подредено под законите на целовитоста на природата.

Во медицината, особено во последните 100 години, постои практика за секоја болест да се бара соодветен лек, па затоа, кога една болест бара лекување, тука е фармацевтскиот бизнис со соодветниот лек.

Но, болестите со сите свои специфични симптоми доаѓаат од внатрешноста на болеста и тие нема да се излекуваат сè додека не се отстранат причините кои ја предизвикале. Современата медицина, за жал, никогаш не обраќа внимание на целовитоста на организмот, туку само на симптомите, и ги отстранува истите.

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+1 # daniela mitrovska 15.10.2011 12:59
zdravo! jas sakam da mi dadete rasporet kako zdrvo da se hranam preku celata nedela a vuedno i da oslabam ve molam da mi pomognete pozz daniela go cekam vasiot odgovore
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.