logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Коментар на 8ка: Кога науката е во служба на профитот

Сабота, 27 Септември 2008 07:13

84
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

Коментар кон написот Кога науката е во служба на профитот

Науката е создадена од човекот, но како природен процес и треба да е секогаш во служба на човекот. Науката е заслужна за многу револуционерни дела на човештвото, за создавањето изуми што го спасиле светот од уништување, за создавањето начини и средства со кои животот на луѓето стана многу поквалитетен.

Всушност, човекот како вид не може да опстои без наука, затоа што таа и природно е наменета за човекот, односно само човекот е единствено живо суштество на планетата што е способно да ја користи науката. Само човекот е надарен со ум и со разум. Начинот на кој живеат нашите генерации во дваесет и првиот век е дело на човекот и на неговата наука. За сите остварени цели и за напредокот на нашата цивилизација во кој ние сега уживаме, е заслужна науката.

Но дали е заслужна науката и за човечките несреќи и страдања? Дали е виновен Ајнштајн за своите научни откритија?

Ако ја обвиниме за тоа науката, значи дека сè уште не сме дораснати за тоа да ја „поседуваме“и да ја користиме како неразделен дел од нашиот живот. Науката не е виновна за злоупотребата на нејзините откритија. За тоа не се виновни ниту научниците.

Научниците не ја ставаат својата наука во служба на профитот. За тоа е виновен потхранетиот и разбезнет човечки стремеж за пари, за власт над некого, за сила. Тоа е желбата да се поседува сè, да се поседува сопствената мајка, да се поседува природата.

Природата не може да се поседува, туку може да се живее само заедно со неа. Само во хамонијата на заедничкиот живот природата ќе направи отстапки и промени на сопствените закони за да го спаси своето чедо – човекот од уништување и од исчезнување од планетата.

Тоа не значи дека треба да ги запреме истражувањата и развојот на науката, затоа што ако го направиме тоа, тогаш престануваме да бидеме луѓе. Напротив, човекот мора да истражува и да бара начини за подобрување на квалитетот на својот живот, и тоа треба да се прави постојано. Но дел од вистинската и висока наука треба да биде борбата за создавање општествени заедници и општествени уредувања, каде што односите меѓу луѓето ќе бидат изградени врз основа на високи морални норми, вистински хуманизам, слобода на размислување, вреднување на трудот и подеднаква можност секој да учествува во донесувањето важни одлуки за сопствената иднина и начинот на кој ќе го живее сопствениот живот.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.