logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Семејството "Детски Пуполки"

Сабота, 18 Октомври 2008 09:48

100
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 4.50 од 5)

ТОПЛО, ЕМОЦИОНАЛНО, УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

    Во која средина пуполките би цветале подобро?
    Сигурно дека тоа би била средината во која сите ние најмногу се чувствуваме сакано, значајно и топло.
   

    Уште на самиот почеток на дискусијава, чинам, неопходно е да се фокусираме на потребата  за изградба на семејните капацитети.
    Значајна и неодминливо убава потреба е изградбата на сите семејни потенцијали. Во тоа мноштво на потенцијали е и топлата родителска грижа. Тоа е поим со огромна вредност за дискусија. Токму затоа и ќе ве запрашам: “Која е вистинската семејна грижа за вас? Како ја замислувате грижата во која би сакале спокојно да се развивате и живеете, вие и вашите деца?” 

Голема е човековата потреба за внимание и грижа, па затоа обидете се да ја набљудувате и почитувате грижата за оние на кои најмногу им е потребна, и тоа во средината каде ги развиваат своите потенцијални пуполки.
    Грижата е богат термин, односно поим вреден за дефинирање. Сето тоа богатство го структурираат свесните и несвесни намери, делувања, односи на луѓето во различните животни контексти и ситуации. Во тоа мноштво на грижливи пројавувања значајни за развојот на човековиот живот спаѓа и правилната и здрава исхрана. Значи, исхраната е само еден дел од севкупната потребна храна или грижа.

Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
       {reg} Затоа човечкиот, но и  детскиот однос кон храната (исхраната) е одраз на она што се случувало како мноштво на односи и случувања, пред сè во домот, но и насекаде околу нив. Притоа можеме да сториме нешто. Можеме свесно да ги развиваме нашите позитивни индивидуални делувања, позитивни меѓусебни делувања и различните социјално- емоционални контексти. Исто така, свесно можеме и да го избираме, но и да го развиваме контекстот, односно амбиентот во кој престојуваме, се развиваме и живееме ние возрасните, заедно со нашите деца.
    Животот и развојот на секоја личност, најслободно и најавтентично како карактеристика за детството, започнува во примарниот и безбеден амбиент на семејството. А за постигнување и постоење на таа безбедност и топлина, треба несебично и безусловно да се потрудиме, односно да се даруваме себе си. Пред сè, убавина е, а не само потреба да го исполниме детското срце со љубов, сигурност, мир и спокој, а тоа повратно и несебично, веднаш нам ни го дарува истото.
    Да го изградиме домот во семејно богатство во кое царуваат позитивните и топли односи, безбедноста, креативноста. Да го изградиме тоа семејно богатство во детското срце токму со нашето родителско присуство и учество.

Токму овде може да се насети потребата за пресликано, општествено пошироко проектирање и организирање на таков топол амбиент онаму каде што ќе избереме да престојува нашето дете, надвор од домот.
    Еден таков амбиент поставуваме и понатаму ќе го развиваме во Детските пуполки, контекст кој се карактеризира со отвореност за сечие родителско делување.
    Детските пуполки се амбиент во кој се уживаат позитивни психолошки чувства, како храна неопходна за сестран квалитетен развој на човековите потенцијали, до нивниот можен максимум. Овде, покрај тимот на професионалци, како носители  и учесници директно вклучени во детскиот сестран развој сме и ние родителите со нашите деца, сите заедно како креативци на сè подобри меѓусебни односи.
    Амбиентот на Детските пуполки директно укажува на важноста на грижата. Оваа општествено-организирана грижа и семејна клима сосема свесно и приоѓа на хуманата потреба да се развие во детски, човечки квалитет на секоја личност. Овде грижата се манифестира во меѓусебната соработка на тимот на Пуполки со родителите како најпосакуван фактор во детскиот развој. Пројавената родителска грижа и внимание надвор од домот, како и во него, го дава плодот на сестрано развиена и здрава личност која и понатаму ќе го продолжи  и продлабочи квалитетот на животот кај следните генерации на деца, млади и возрасни. Спокој и задоволство е да се биде сведок на развојот на личности кои зрачат со љубов, сигурност, самодоверба, почит и самопочит. Понатаму циклусот повторно продолжува со одразот на топлата клима во здравиот и квалитетен однос на човекот  кон себе си, кон другите личности, како и кон исхраната како квалитет кој треба постојано да се негува.

    Зошто укажувам на исхраната како квалитет кој се негува?
    Причината за ова укажување ја гледам во секојдневието во кое луѓето забораваат на грижата кон себе . Таа негрижа и непочитување на себе си е очигледна во растечкиот број на проблеми и болести во исхраната, најмногу кај младата популација, но и во растечкиот број на здравствени проблеми кај возрасните поради неправилна исхрана.
    Проблемите со исхраната, како еден значаен фактор за правилен развој, но и сите други отстапки и проблеми кај децата, се можен одраз на она што се случува во семејството, како и во пошироко општествено -организираната средина во која престојуваат, се развиваат. Од тука произлегува потребата тие да се третираат (дискутираат) во рамките на тие контексти.
    Но, целта на ова укажување не е во повторувањето на тие дисфункционалности во исхраната, туку во пројавувањето на грижата кон децата.
    Пред крајот на ова обраќање само би ја направила паралелата за важноста на психолошката грижа како храна со биолошката храна, двете подеднакво важни за нашиот квалитетно исполнет, здрав и радосен живот.{/reg}

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.