Почеток на една вистина...?
Недела, 31 Август 2008 19:00
Историските податоци се само основа за да се создаде една вистина, која треба да е резултат на севкупна анализа на читателот. Секој кој сака да дојде до „оригиналот“, мора да се труди да го открие самиот, да се едуцира и да се информира. Сегашноста и иднината на светот во голема мера зависат од начинот на кој се интерпретираат историските податоци, и од начинот на кој се презентираат пред јавноста. Оној кој има ограничен интелект само ги прифаќа „фактите“ онака како што некој друг ги прифатил и ги презентира, но оној кој располага со целокупниот човечки потенцијал на свесно и интелигентно суштество, историските податоци ги користи како извор за размислување и поттик за откривање на вистината...
СТАРОХЕБРЕЈСКАТА КНИЖЕВНОСТ
Хебрејската книжевност лежи во корените на христијанската религија. Така, таа воопшто влијае на еден континуиран начин врз создавањето и развитокот на европската култура, и во крајна линија на светската.
Евреите дошле на југ и исток од Мртвото море околу XV век п.н.е . Се работи за номадско-сточарски племиња кои се привикнувале на седентарен начин на живот. Се развиле преданија дека по доаѓањето во новите краишта, тие биле земени во ропство во Египет за градба на пирамидите .
Во тој силен склоп на преданија, клучната фигура е Мојсеј, кој ќе биде нивни избавител. Историски докази за тоа не постојат, го знаеме тоа од текстовите од Стариот завет, и оттаму можат да се извлечат дополнителни податоци. Образувале племенски сојуз во XIII век п.н.е под назив Израил. Два века подоцна, во XI век п.н.е, тој се зацврстил и прераснал во друга цврста структура- царство на Евреите (податоци има на ниво на преданија). Тогаш бил изграден првиот храм на богот Јахве во Ерусалим.
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg} Во X век п.н.е, под влијание на општествено - политичките услови, царството се распаднало на два дела - Хебрејско (Израелско) и Јудејско царство. Карактеристиката на Евреите, по која се разликуваат од другите цивилизации е една цврста монотеистичка религија. Показателот за таквата религија датира од почетокот на вториот милениум п.н.е, за тој контекст да биде зацврстен во XI век п.н.е. Тоа е првата монотеистичка религија. Верувале во еден Бог - Јахве (Јехова), но се договориле тој врховен бог да нема лично име, туку општо.
Од X до VII век п.н.е се детектира процес на социјална диференцијација, што во крајна линија придонело за развивање на социјално-политичко движење кое ќе сака да ја врати онаа првобитна положба во ,,социумот”. Таквото движење е познато како "движење на пророци". Во краиштата населени со Евреи циркулирале т.н. пророци, кои всушност биле едуцирани луѓе и вршеле тип на проповеди.
Така се викаат затоа што допирале прашања од етички - религиозен тип. Наметнувале поинакви религиозно - морални убедувања. Тие проповеди се меморирале и запишувале, па таков тип имаме и во Библијата. Се запишувале некаде од ВИИИ век п.н.е. Во ВИ век п.н.е Јудејското царство било освоено од Вавилон. Голем дел од жителите биле повлечени во Вавилон како робови. Но, овие луѓе биле со исклучително силна вера, а за да ја зацврстат уште повеќе, вовеле правило - да не може да се биде член на хебрејската религија доколку некој не знае да чита. Ги читале сите свои свети списи. Секој морал да биде писмен. Персиското царство станало силно, така што го покорило Вавилон. Персијците ги поштедиле Евреите и им дозволиле да се вратат во Израел. Им дозволиле повторно да го изградат храмот во Ерусалим. Овој период е познат како "период на втор храм". Подоцна Александар Македонски ги освоил краиштата и ги раселил Евреите. Нивната судбина е одредена - бидејќи биле писмени, ги носел со себе во центрите што тој ги формирал. Тие му требале за да ги зајакне своите центри економски и административно. По Александар доаѓа Рим. Римјаните продреле до таму и сè потпаднало под римска власт. Рим имал амбивалентен однос кон Евреите и нивната религија - до некаде ја толерирал , но главно не . Евреите кренале две востанија кои биле крваво задушени. Потоа Римјаните ги раселиле Евреите за да ја разнишаат нивната цврстина . Од II век п.н.е до I и II век од н.е може да се зборува за период на криза во еврејската религија, така што во рамките на истата се развиле поддвижења - секти (групи луѓе што се врзувале кон други толкувања на религиските списи.)
Хебрејската литература мора да се гледа во рамките на хебрејската религија. Главните текстови не се создале одеднаш, туку постепено. Тие текстови, откако поминале низ процес на канонизација, влегуваат во еден зборник. Се работи за светата книга на хебрејската религија која се нарекува ТАНАХ. Хебрејскиот Танах одговара на Стариот завет и ги опфаќа главните списи канонизирани во хебрејската религија.
Основна книга во христијанството е Библијата (Стар Завет и Нов Завет). Стариот завет одговара на некогашниот хебрејски Танах, но не е идентичен. Тоа е книга заедничка на јудаизмот и христијанството. Новиот завет му припаѓа само на христијанството. Што значи зборот Стар Завет? Тоа значи договор помеѓу Јахве и племето Израил. Значи дека Богот Јахве се обврзува дека тоа племе е под негова заштита за потоа, тој да биде Оној кој ќе ги одведе до ветената земја Ханаат , додека членовите на Израил ќе го признаат само него за Бог и ќе се придржуваат само на неговите закони и проповеди. Нов Завет значи обновен договор помеѓу бог и сите жители на целиот свет, со посредство на Исус Христос.
Танах е првата кратенка во светската религија и книжевност од три имиња:
- Тора - наука , учење;
- Невиим - пророци;
- К тувим - списи.
Создавање на Тората
Тората е веќе напишана , но нејзиниот статус сè уште е неизвесен. Почетоците водат кон 70-те години на ИВ век п.н.е, реизградбата на Ерусалимскиот храм , настан кој за многу тогашни Евреи бил горчливо искуство. Животот во Јудеа, и онака тежок, станува и повеќе од тоа. Тоа е време кога Персијците и Грците единствено се загрижени за превласт над западот. Се одигруваат и египетските востанија и бунтовите во околината на Нил. Населението во Јудеа ја платило цената на туѓите интереси. Персиските војски навлегуваат во Сирија и Палестина, а тоа резултира со зголемени даноци, принудно стапување во персиската војска.
Состојбата е толку критична што ниту силната моќ на храмот во Ерусалим не успева да го активира населението. Секој Евреин гледал да извлече корист од постоечката состојба, а верата во Бога била потполно занемарена.
Се јавуваат неколку анонимни поттикнувачи на народот кои првенствено се повикуваат на Мојсиевото петокнижие и Книгите на пророците.
,, Ах , народ грешен, народ претрупан со беззаконија,
племе на злодејци и синови погубни!
Го оставивте Господа, го презревте светецот Израилев,
Се вративте назад.
Земјата ви е опустошена , градовите изгорени со оган,
Нивите ваши, пред ваши очи туѓинци ги јадат ;
И пустош е како што запустуваат туѓинци."
Оваа осуда многу подоцна ќе се вреже во моралната свест на Евреинот, а дотогаш покорните свештеници, наместо Бога, ги слават персиските владетели. Безбожниците продолжиле да обожаваат парчиња камен или слонова коска .
Почетокот на V век п.н.е резултира со бурни осуди кон грешниците. Сега веќе изреката на Исаија станува дел од мислењето на секој Евреин, но сè уште ништо поконкретно не се презема. Пророците и понатаму продолжуваат да бидат нивна главна творечка сила . Во овој век Израел целосно станува зависен од Тората како животен водач. Законот кој со години се пренесувал вербално низ генерациите, не бил внимателно одржуван во целина и традиционално утврден како основа на еврејското граѓанство и религиозен живот.
,,Врти ја смислата , повторно, повторно и уште еднаш, допри до смислата" - биле зборови на писарите. И Евреите возвраќале со несебична посветеност. Целото постоење било запишано во петте Мојсиеви книги.
Евреите станале луѓе на Книгата. Првите Евреи ја напишале Библијата (Стар Завет) опишувајќи ги сопствените животи, а нивните потомци ги креирале своите според Библијата .
Но , Тората во себе содржи само битни принципи, кои бараат разработка и толкување. Новите закони биле засновани врз старите. Всушност , тие и не биле ништо друго освен нивна интерпретација. Набргу, се отворило и школо за појаснување на делови од Тората, чија работа продолжува натаму низ вековите и станува основа на Талмудот.
Во V И IV век п.н.е писарите победиле и Тората станала животен водач. За жал, нејзиното интерпретирање не секогаш му олеснувало на великодушниот религиски ентузијазам. Не сите писари биле благородни и нивните обиди да го извлечат скриеното значење од Законот, често дегенерирало во безначајност.
Колку присуството на Тората извршило влијание врз историјата на еврејскиот народ, говори и фактот дека Синхедринот (Синхедрин) или Големиот суд, со седиште во Ерусалим , сите закони ги донесувал ако и само ако имаат своја основа во Тората.
Инаку, Синхедринот имал пресуден збор во правно-политичкиот живот на еврејската држава.
ТАЛМУДОТ продолжува...{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








