Корени
Понеделник, 30 Јуни 2008 19:00
Во минатите броеви на 8-ка пишувавме за тоа дека нашата планета во далечното минато можеби била домаќин на засега непознати посетители од бескрајните простори на вселената, кои оставиле корени во древните цивилизациии.
Во прилогот за ,,Црниот принц” пишувавме за мистериозната порака што ја слушнале космонаутите од ,,Аполо 15” на 3.8.1971 година, некаде околу 8.00 часот наутро, по пречките при трансмисијата. Длабок машки глас ја изговорил следнава реченица:
- Лама раби аларди дини ендавур еса кунис алим!..
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}Многу научници се обиделе да ја протолкуваат споредуваќи ја со древните јазици , но не успеале. Некои од нив сметале дека е скапоцена порака од далечните цивилизации наменета за човекот, а во функција на идниот развој на човештвото, кога ќе се развие технолошки до првата фаза на вселенските летови.
Во овој број ќе ви претставиме некои факти од големата историска и културна ризница на човекот, од времето на настанокот на човекот, а кои се исто така загадочни како и реченицата.
- Лама раби аларди дини ендавур еса кунис алим!..
Кај вас овој текст најверојатно ќе предизвика интерес и ќе ве поттикне да размислувате за древните корени.
Без оглед на тоа што имаат историчите на располагање голем број древни текстови и ракописи, сепак премалку знаеме за најстарата историја на човештвото. Една од причините е тоа што се тешки за читање и се неразбирливи.
Древниот критски текст
При дешифрирањето на критското писмо како клуч се користел само еден збор, чие значење било познато. Зборот содржел 18 знаци , но научниците не знаеле како звучи секој поединечно, а тебало токму тоа да се дознае за да се открие на која група јазици припаѓа јазикот на кој зборувале творците на чудната критско-микенска култура. Кога секој од тие 18 знаци би се заменил со соодветен звук, научно би можеле да се создадат 200 милијарди варијанти на совпаѓање на пишаниот дел од зборот со гласовниот, а само една од нив би била вистинската. Многуте текстови пронајдени на брегот на Црно Море би требало да се обработуваат стотици години за да се прочитаат. Од многуте смисловни и лексички варијанти на секој збор требало да се одбере само една, која би била во согласност со традиционалните текстови. Ниту една група научници немала сили за таков подвиг. За помош на истражувачите им се понудиле разни компании, кои сакале проблемот да го решат по електронски пат, а за ракописите се заинтересирал и Ватикан, затоа што содржеле битни факти за настанокот на христијанството. По долг период бил направен брз компјутер, кој ги знаел сите светски јазици и ги меморирал сите најразлични толкувања на Библијата и сите нејзини варијанти. Во него бил внесен текстот напишан од непознат автор и првпат по 2000 години некој повторно ги чул напишаните редови. Компјутерот превел:
,,И во таа пустина ние го бараме патот кон вашиот Бог.“.
Дури кога бил прочитан текстот, следувала најбитната фаза од истражувањето - анализата и проучувањето.
Древниот сумериски текст
Ова само ни покажува колку тешко се обработуваат сите податоци што ги пронаоѓаат археолозите и колку е мал квантитетот на нивните истражувања, имено иако веќе неколку генерации археолози ги ископуваат градовите што се наоѓаат во Сумер, откопани се само 1 % од 67-те градови, а 99 % лежат закопани веќе 1 милениум. Многу тајни ќе им бидат откриени на археолозите со откривањето на книгите што се наоѓаат во библиотеките на овие градови, всушност секое археолошко откритие претставува одделна алка во синџирот случајни настани од далечното минато, кои реконструираат важни историски настани и моменти. Во епот за Гилгамеш се опишани настани, кои подоцна се опишуваат во Библијата, а некои сумерски текстови, пак, запишани на глинени плочки илјада години пред пишувањето на Библијата го опишуваат потопот.
„Во зората се истури небото, а со свои очи видов како поплавува водата и ништо не остава над неа. Погледнав во лицето на времето, страшно беше да се гледа…“
Ова е еден сумерски текст што говори за потопот, но и за степенот на развојот на таа стара цивилизација.
Појавата на човекот што мисли – Хомо Сапиенс
Не е помалку интересен фактот дека долната граница на староста на човекот, односно времето од кое потекнува првиот човек е поместена на 13 милиони години.
На почетокот на 20 век научниците тврделе дека човекот во Северна Америка е стар околу 4 000 години, потоа оваа бројка постепено се менувала достигнувајќи 40 000 години.
Денеска се верува дека најстариот човек што живеел на ова тло е стар 200 000 години. По многугодишни истражувања и проучувања на потеклото и на староста на човекот низ целиот свет, конечно, на 26 февруари 1971 година археологот и професор на Харвард, Брајан Патерсон, долната граница на староста на човекот, односно времето од кое потекнува првиот човек, е поместена на 13 милиони години. Причина за ова е пронаоѓањето коска од дел од вилица во Кенија. На тој начин историјата, односно предисторијата на човекот се покажува како многу подолга од сметаното претходно.
Има и многу истражувања за да се утврди староста на некои цивилизации. На пример, денес се смета дека првите цивилизации во Централна Америка потекнуваат некаде од 2 до 3 век од н.е., но контра на овој факт одат ископувањата во скалестата пирамида во близина на Суидад Мексико, која е под снег од лавина. Според староста на лавината и со помош на радиоактивен јагероден водород се претпоставува дека пирамидата била изградена во средината на петтиот милениум пр. н. е., а луѓето ја напуштиле во 2 160 година пр. н. е..
Хипотезата дека на Земјата постоела древна високоразвиена цивилизација што била уништена во катастрофа од вселенски размери, провејува со децении низ историските и културни кругови, но науката е скептична околу заземањето конечен став за тоа дали времето од кое потекнува првиот човек е пред 13 милиони години или пред милион години.
Во светот секојдневно се откриваат нови артефакти, кои ги дополнуват историската и културната ризница, но комплетирањето на тој мозаик се уште трае. Некои нови откритија, пак, се дијаметрално спротивни на откриените.{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








