Зошто не е здраво месото за јадење
Понеделник, 30 Јуни 2008 19:00
Добро е познат фактот дека стресот прдизвикува големи биохемиски промени во организмот на животните, но и хормонски промени во крвта. Пред колењето, како и за време на самиот чин, биохемијата на метаболизмот кај исплашените и возбудени животни доживува големи промени. Отровните нуспроизводи се шират по целото тело,притоа труејќи ги сите делови од животното што се коле. Сето тоа подоцна го труе човечкиото тело, но и умот.
И не само тоа. Животните се чуваат во кафези, а некои никогаш не виделе сончева светлина, освен кога ги носат на колење. Им вбризгуваат разни лекови, хормони и слични супстанции, кои подоцна завршуват во човечкиот организам.Па не ни чудо што целиот свет боледува од депресија! Сето тоа е поврзано со месото бидејќи животните лачат разни хормони кога се под стрес.
За жал, не постои соодветен збор, а зборот стрес е блага форма за она што го доживуваат животните од моментот на раѓање, па до колење.Новороденото теле или прасе само по неколку часа се одвојува од мајката, која може дури и да полуди од тага по своето чедо.И да не заборавиме дека мајчинскиот инстинкт кај животните е милиони пати поголем од човечкиот. Животните си ги сакаат своите рожби како што ги сакаме ние, луѓето, нашите новороденчиња.Истиот момент кога ќе се одвои малечкото од својата мајка, во нејзиниот организам почнуваат да се лачат разни хормнони како последица на стресот.
Што се случува, пак, со телето,кое веќе никогаш нема да ја види својата мајка, а се храни со хормони и со храна од преработени остатоци од убиени крави, а во таа храна може да биде и неговата мајка, која е принудно заклана? А телето првпат гледа светлина кога ќе го однесат на колење...Сиот тој страв, страдање, стрес... каде завршува на крај, се прашал ли некој? Во човекот!
Еве еден интересен пример. Правен е експеримент на црви со светлечки електрошокови, така што подоцна почнувале да се грчат само на светлина, односно без елекрошокот.Со истите црви се хранети глувци, кои по извеснен период почнувале да се грчат на истиот светлечки блесок.
Ова говори дека и од аспект на енергетски битија, а не само како жива материја. Целата енергија на страв што ја чувствува животното за време на колењето на крај се вградува (останува) во неговото месо, а подоцна, јадејќи го, и во луѓето, ( кај оние што го јадат тоа месо).
ЗАМИСЛЕТЕ СЕ СЕБЕСИ...
Повеќето луѓе се радуваат на богата трпеза. Но мал број помислуваат на тоа како и по која цена на трпезата се пристигнати сите тие сочни шницли, ќофтиња или шунки.
Знаете ли колкава болка и страдање поминале тие животни сиот свој живот?
Животните чувствуваат болка! Тие имаат ист нервен систем како нашиот. Исто како нас, луѓето, имаат потреба да се движат, да се дружат со припадниците на својот вид, да го одгледуваат своето потомство, но имаат потреба и од забава.
ЗАМИСЛЕТЕ СЕ СЕБЕСИ како сте цел живот затворени на мрачна и смрдлива фарма во која сé што гледате е страдање и смрт. ЗАМИСЛЕТЕ СИ дека вештачки ќе ве оплодат и по породувањето ќе ви го земат детето и ќе го однесат на колење, па пак ќе ве оплодат вештачки, и тоа така од година на година! ЗАМИСЛЕТЕ СИ некој константно да ве храни со храна што не е својствена за вас, да ве трујат со антибиотици, со хормони и со други супстанции, со цел што побрзо да пораснете и да имате повкусно месо. Замислете си колку ви е досадно бидејќи цел живот сте затворени на исто место без можност за движење или за контакт со други. И ЗАМИСЛЕТЕ СИ дека не знаете што ви се случува бидејќи животните и не знаат зошто се затворени или, пак, знаат и се плашат од тоа што може да им се случи. На крај, ЗАМИСЛЕТЕ СИ како, по цел живот поминат во страдање, болка и страв, ве носат на колење, како гледате заклани припадници на својот вид, а вам ви приоѓаат припадници на друг вид за да ве заколат!
КОГА БИ ИМАЛЕ КЛАНИЦИТЕ СТАКЛЕНИ ЅИДОВИ, СИТЕ ЛУЃЕ БИ БИЛЕ ВЕГЕТАРИЈАНЦИ!
Родени за да бидат убиени, нивниот живот нема никаква друга вредност освен пазарна. Па да се прашаме сериозно, дали е во ред сево ова? Дали е споиво со зборот хуманост - особина што гордо си ја припишуваме себеси?
Али Мек Гроу, актерка
Отсекогаш чувствувам дека начинот на кој постапуваме со животните е одличен показател колку сме чувствителни кон човештвото!
Ричард Гир, актер
Како жители на оваа планета, должност ни е да се однесуваме љубезно кон сите видови, со многу љубов и почит. Настрана од ова разбирање е страдањето што го доживуваат животните поради човечката крутост. Ве молам, помогнете да го спречиме ова лудило!
Леонардо да Винчи, (1452-1519), италијански уметник
Човекот, всушност, е крал на ѕверовите бидејќи неговата суровост ја надминува нивната. Ние сме гробишта на животните.Ќе дојде време кога на убиството на животните ќе гледаме како што гледаме денес на убиството на луѓето.
Во американската месна индустрија секоја секунда се убиваат по 289 животни. Тоа значи 17 340 секоја минута, 1 040 400 секој час и 24 969 600 секој ден.
Како вегетаријанец, спасувате живот барем на 1 000 животни за време на вашиот живот.
Многу луѓе веднаш би престанале да јадат месо ако мора сами да го заколат животното.Но мудро се сетиле дека можат да платат други да го сторат тоа наместо нив.И се поставува прашањето: Дали ги ослободува тоа од моралната одговорност? Многумина и не знаат што се случува навистина со животните.
Ако сакаме да се ослободиме од насилството во сопстевното срце, мора да ја отфрлиме храната што е дојдена до нас по пат на насилство.
Кога ќе ја загубиме почитта кон животот на животните, ја губиме и почитта кон човечкиот род.
Махатма Ганди (1869-1948), индиски политичар
Величината и моралниот напредок на една нација може да се ценат според начинот на кој се однесува таа кон животните.
Но дали можеме да ги затвориме очите пред страдањата и стравот што го предизвикуваме со колење и со консумирање на над 1,6 милијарди домашни животни и 22,5 милијарди живина секоја година?
Не, не можеме да негираме дека ваквата суровост нé прави уште покрути!
Едно е јасно, ниту сме ги создале, а уште помалку имаме право да ги убиваме и да ги јадеме. Време е да се разбудиме!!
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
Isto taka znam deka postojat profesionalci vo kolenje, odnosno kako da izvedat kolenje be da predizvikaat stres kaj zivotnoto.Pa dali taka dobienoto meso e pomalku stetno ili voopsto ne e stetno?
Životot kako i smrtaa e ist kaj sekoj,dali e čovek, kuče,mače.Site nie sme zemjani.Ideata za razlika e čovečka koncepcija za sopstvena korist.Čovekot može da živee zdravo i bez da ubiva drugi zemjani.Zemjata ni nudi izobilstvo na hrana,slobodna od krv i meso.
VENI VIDI VEGANI
http://www.youtube.com/watch?v=hZCJ_uU9lwE&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=5vj2i6xFWds
Coveku, ne izdignuvaj se nad zivotnite; tie se bezgresni, a ti so svojata nadmenost ja onecistuvas Zemjata. Ubavinata ke go spasi svetot." - Fjodor M. Dostoevski
Odlichni!!!, ste!!!. 8ka, i, samo, prodolzete, i, ponatamu.
Aneta Kirovska. Od. Shtip.