ДАРОТ ЗА ЧОВЕКОТ
Напишано од Љупчо Спасевски Вторник, 21 Јули 2009 14:10
Нашите предци имале поедноставни мудри решенија за нештата. Коренот на сето тоа бил во исконската мудрост, дар даден на човекот. Мудроста е доблест на човековиот ум, која ја карактеризира длабоко знаење, самоспознaвање и способност за расудување. Таа мудрост со тек на време бледнеела и дури денес повторно се враќа во сите сфери на човечкиот живот. Во овој број на Осумка ќе ве запознаеме со неколку древни вештини кои во поново време наоѓаат своја примена.
ПРОМЕНИ
Дали сте се чувствувале некогаш како да ви е потребна промена? Сте си рекле ли себеси дека од утре ќе го свртите листот? Но, кога ќе дојде моментот, промената изостанува. Честопати во вашето блиско опкружување сте ги слушнале луѓето како велат дека не се чувствуваат добро. И вие можеби така сте се чувствувале повеќе пати и сметате дека тоа е нормално. „Па, сите така се чувствуваат, тоа не е ништо чудно“, ќе си речете. Утредента одите на преглед бидејќи почнала и глава да ве боли, а и со притисокот нешто не е во ред. Потоа го слушате познатото клише: „Тоа ви е на нервна база“. На првиот агол има аптека, вие си купувате антидепресивни средства, и готово, тоа е тоа. Но дали тоа е тоа?
Древните предци поинаку пристапувале. Тие идентитетот, како дел од целината, го сметале за маска пред самите себе, која содржи наследни или развиени елементи во текот на животот, преку посредни влијанија. Денес сè помалку луѓето се потпираат на себеси и на своето расудување, а сè повеќе се потпираат на посредно примени сознанија преку школство, политика, обичаи, религија, медиуми, уметност, наука и сл.
Зошто е тоа така? Затоа што криењето зад таа маска е побезбедно, поедноставно и не бара размислување, замор и активно вклучување. Поедноставно е да легнеш пред телевизорот, да ги ставиш слушалките, да го вклучиш компјутерот. Сè е измислено, само гледај, слушај, уживај и следи ја процедурата или следи го упатството. Дали и нашите древни предци ја имале таа маска? Да, но за разлика од нас, колку и да звучи неверојатно, тие сепак знаеле кога и како да ја тргнат. Денес сè попопуларен е романот „Тајната“ од Ронда Брн. Таа всушност ја открива тајната којашто нашите дедовци ја знаеле од памтивек, а ние сме ја потиснале во себе. Многу одамна, во Македонија луѓето знаеле дека силата на мислата е огромна. Една ваша негативна мисла нема да го урне светот, но сигурно ќе се одрази на Вас, на Вашето здравје, расположение и на Вашата околина. Продукт на тие мисли се: стравот, гневот, грижата, лутината, зависта, исмејувањето, љубомората и што уште не. Потоа се врзувате за тие мисли и никако да се одлепите од нив. Кога ќе му кажете некому: „Не грижи се (лути, плаши и сл.)“, најчесто наидувате на две реакции. Првата е: „Остави ме да си се грижам“ (тој е премногу скриен зад својата маска и зависен од неа, таа како да е залепена за неговата душа), а другата реакција е: „Како?“ (тој сака да се ослободи од маската и негативните мисли, но тие повторно се враќаат).
Долга изложеност на таква состојба резултира со нарушено здравје и деструкција. Негативната мисла кон друг пак, има контраефект. Поедноставно кажано, она што ќе го испратите, тоа и ќе ви се врати. На кој начин наједноставно да го надминете тоа во себе? За тие со првата реакција, во друга прилика, бидејќи нема доволно простор, а за нив е многу поприфатлив директниот контакт поради многубројните варијации и специфичности. За другите пак, најдобро е после прашањето: „Како?“, да се фокусираат на убавината околу себе и да се обидат да гледаат на животот од друга перспектива, како од другата страна на огледалото. Секоја позитивна мисла ќе и го одземе местото на негативната. Замислете си сад полн со матна вода. Ако истурите мал дел од матната вода и дотурите бистра, содржината се разбиструва, за на крај, после неколку повторувања, да постане потполно бистра. Така ви е и со мислите. Морате да водите сметка дека постои ефект на доцнење.
Каков би бил светот кога мислите веднаш би се материјализирале? Направете во себе повеќе место за убавина и добра мисла и полесно ќе го доживеете овој прекрасен момент. Постојат практични едноставни техники, заинтересираните можат да не контактираат, а ние ќе Ве запознаеме со техниките.
ТВОЈАТА МУЗИКА
Денешната технологија овозможува да се измери фреквенцијата на мислите, и таму каде што нема ефекти од техниките на самоспознавање, се применува звукот како терапија. За позитивниот ефект на звукот можеме да најдеме примери во сите религии, преку молитвите, мантрите и сл. (звукот на харфата, гонгот, Амин, Ом и сл.) Порано, во секојдневието на луѓето биле песните и звукот на инструментите. Тие пееле во секоја пригода, дома, во полето, на пасиштата, на работа, во битка, во свечени и тажни пригоди. Тоа ги храбрело, мотивирало и релаксирало. Тие биле активни креативни учесници. Дали е денес така? Или повеќе сме консументи, слушатели преку посредници музичари. Кога човекот пее сам, вибрацијата на звукот се пренесува низ телото и благопријатно делува на организмот. Кога е премногу изложен на слушање преку слушалки или прегласна музика, тогаш тие вибрации негативно делуваат на вибрациите на мозокот. Мозокот е електрохемиски орган. Истражувањата покажале дека мозокот генерира енергија со јачина од 10 вати. Електричната активност на мозокот се опишува со помош на мозочните бранови со различни амплитуди и фреквенции, при што секој тип претставува одредена состојба на мозокот и организмот. Фреквенциски се дели на пет подрачја: алфа 8-13 ;бета 13-40 ;тета 4-8;делта <4 и гама >40 херци. Алфа брановите се во будна, опуштена состојба. Влијанието со алфа фреквенциско подрачје ја зајакнува врската мозок-тело. Бета брановите се кога мозокот активно е вклучен во менталните процеси. Влијанието со бета фреквенциско подрачје ги зголемува менталните способности. Гама брановите се кога мозокот е на висок стадиум на процесирање на информациите. Влијанието со гама фреквенциско подрачје ги зголемува аналитичките ментални способности. Делта брановите се кога мозокот е во длабок сон. Скоро невозможно е вештачко делување во оваа состојба. Тета брановите се кога мозокот е „исклучен“, но е во будна состојба. Влијанието со тета фреквенциско подрачје ги зголемува паранормалните способности. Проучувањето на мозочните бранови е релативно нова гранка во науката која доаѓа до исти сознанија кои ги имале луѓето многу одамна. Истите бранови ги користеле во слични цели. Тие денес се користат на многу едноставен начин и секој индивидуално може да ги користи. Тие што се заинтересирани можат да не контактираат за повеќе информации.
ЧИСТЕЊЕ НА ТЕЛОТО
Сега кога направивте место за бистрата вода во мислите, направете и во телото. Хармонијата на мислите е поврзана со процесите во мозокот и неговата конекција со организмот. Кога организмот е полн со енергија, електрохемиските процеси во мозокот се поинтензивни, а мислите позитивни. Дали, од друга страна, Вие некогаш сте почувствувале дека сте уморни, постојано ви се спие, немате доволно енергија? Се прашувате која е причината? Телото ви е полно со токсини. Време е да го прочистите телото на најдобриот и наједноставен природен начин кој се темели на нашата стара традиција! Нашиот организам е оптоварен со нездрава храна исполнета со токсини од најразличен вид. Организмот мора да се бори за да ги елиминира пестицидите, загадувањата, токсините, никотинот и сл. Додадете му ги на тоа и негативните мисли, стресот, пребрзиот начин на живот, недостатокот на вежби и ќе добиете резултат на: во почетокот замор и недостаток на енергија, а подоцна депресија, прерано стареење и различни болести. Детоксикацијата ќе ви помогне да си ја вратите изгубената енергија од борбата против токсините, исто така ќе ви ја подобри концентрацијата и ќе ви го засили позитивниот став. Таа Ве подмладува и Ви го зајакнува имунитетот. Кога да ја направите детоксикацијата? Во текот на целата година, но препорачливо е на почетокот на секое годишно време, поради промените во начинот на исхрана. Сега можеби е најповолен период, бидејќи детоксикацијата ќе ви помогне и полесно да се справите со големите жештини и високите температури. Од естетски аспект е исто така корисно, бидејќи во текот на третманот ќе изгубите неколку килограми. Како да направите детоксикација на организмот? Многу едноставно, се прави програма за детоксикација, во зависност од Вашата индивидуалност и Вашата моментална состојба.
Програмата е современа, а се базира на нашата стара традиција. Постојат повеќе начини на детоксикација на организмот, како на пример: постови (со вода и со свежи сокови), исхрана со овошје и зеленчук, детоксикациски диети, билки, чаеви и сл. Покрај тоа, во зависност од состојбата на организмот, за темелно чистење понекогаш се потребни и длабински третмани за чистење на црниот дроб, бубрезите, белите дробови и чистење од паразити. Контактирајте не, и ние ќе Ви препорачаме кој третман Вам ви одговара најмногу.
ЉУПЧО СПАСЕВСКИ
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
| < Пред | Следно > |
|---|








