КОГА ОДЕВ ПО ЕДНИ ХОДНИЦИ...
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 14 Април 2010 19:33
На 10 Април, оваа година (2010), односно минатата сабота, ја гледав емисијата „Ходници“, на А1 телевизија, која обработува теми од здравството. Емисијата е кратка, но добро осмислена, односно концептуално е така направена што за тоа време може да понуди доста информации кои би ја обработиле темата сосема доволно за да се постигне целта односно за да се испрати пораката до јавноста. Емисијата ја доживувам како ТВ проект кој има информативен но и едукативен карактер и се надевам дека повеќето од гледачите го имаат истото мислење. Последнава емисија за која што пишувам ја обработуваше темата „Висок крвен притисок“ како актуелен здравствен проблем особено кај луѓето од поразвиениот свет. Се посочи фактот дека високиот крвен притисок е ризична состојба кај луѓето кои водат нездрав живот и имаат лоши навики како што се пушењето, седечкиот односно неактивниот живот, лошиот начин на исхрана, односно се она кое воглавно е особина на модерното живеење. Во емисијата покрај слики од луѓе кои се во брзање за да ги обават своите дневни обврски, луѓе кои јадат мрсни сендвичи надвор од дома, дебели луѓе кои одвај се движат, имаше и прилози од наши клинички доктори и професори. Меѓу нив имаше прилог направен со професорката од Медицинскиот Факултет Др. Катица Зафировска, која зборуваше за ризикот од високиот крвен притисок. Она што ме зачуди и непријатно ме изненади беше нејзината изјава во својство на совет кон гледачите, со која посочи дека луѓето не треба да се залажуваат дека кафето го подига крвниот притисок а лукот го намалува крвниот притисок. Сето тоа беше кажано така што требаше да се почувствува омаловажувањето на сфаќањата за тоа дека храната е нешто со кое може да се регулира притисокот или воопшто, да се заштити здравјето. Разочарувачки е фактот што кај нас универзитетските професори се сеуште далеку од вистинската изворна медицина која во развиениот свет се повеќе завзема централно место и тоа под влијание на прогресивните и високо етички медицински организации и поединци – професионалци...
Професорката може колку сака да тврди дека кафето не го подигнува крвниот притисок а лукот не го намалува, и пак нема да биде во право, заради тоа што ова го знае секој, од најмал до најстар и е потврдено во секојдневниот живот на сите луѓе на планетава, а богами и многу стручни, медицински испитувања тоа го потврдиле. Но и покрај тоа, професорката се обиде а можеби и кај некои луѓе успеа во тоа, да ги насочи во потрага по таблетите за намалување на крвниот притисок како прв избор на лекување.На професорката Катица Зафировска и помогна и колешката Др. Оливера Стојчева – Панева – нефролог исто така од Клиника, која им посочи на пациентите да не се плашат од несаканите ефекти од лековите бидејќи тие се далеку помали од позитивните ефекти кои можеле да се постигнат.
Е па докторке моја, цел свет веќе укажува на фактот дека несаканите ефекти дури и од витаминската терапија не се занемарливи а камо ли од таблетите за намалување на крвниот притисок. Колку јас што знам докторката ја има изучувано и исхраната, дури има и некаков труд објавено во врска со храната но од тоа не кажа ниту збор, туку зборуваше само за „волшебните“ таблети кои треба да се земаат. Дали и таа самата не му верува на својот труд или во меѓувреме некако успеала да се убеди во толкавата делотворност на таблетите, и покрај тоа што луѓето кои почнуваат да земаат таблети за да го регулираат крвниот притисок практично стартуваат со формирање на својата сопствена домашна аптека која ќе мора да ја одржуваат до крајот на животот.
Но како и да е, толку беше од едукацијата која дојде од врвните Клиники кај нас. Затоа пак во продолжение на емисијата имаше прилог со кој новинарката Менче Атанасова Точи, која е автор и истовремено ја уредува оваа емисија, укажа на тоа дека во светот веќе постојат и апаратчиња кои се носат во текот на денот и ја покажуваат вредноста на крвниот притисок, па пациентите кои се предходно обучени на техники на дишење, почнуваат да применуваат некоја од техниките за дишење и така го намалуваат односно го регулираат крвниот притисок. Не знам дали нашиве професори слушнале за техники на дишење или знаат само за таблети? Се сомневам дека знаат да советуваат техники на дишење. А и зошто би ги учеле таквите техники кога замислете, тие сеуште не веруваат ниту во тоа дека храната може да биде лек за високиот крвен притисок, па сега уште некакво дишење??? Еее, токму сега ми текна, можеби и кај нас ќе ги донесат апаратчињата според кои се регулира крвниот притисок преку дишењето, па тогаш и докторите ќе ги научат техниките на дишење. Ама не толку многу за да ги советуваат како метода за намалување на крвниот притисок, туку што повеќе да се купуваат апаратчињата. Всушност таква е мотивацијата кога ќе влезеш во фармако и медикобизнисот. Мислам дека продажбата на апаратчињата ќе биде мотивација за да се научат техниките за дишење како метода за намалување на крвниот притисок.
А за лукот... е па тој е многу ефтин... Кој ќе продава лук за мали пари? Затоа, можеби засега е попрактично да се кажа дека „лукот не го намалува високиот крвен притисок“...
Според мене, техниките за дишење и исхраната се сосема доволни како терапија за најголемиот број случаи со зголемен крвен притисок, така што не мора да се купува ништо, ниту апаратче ниту било кое друго направиче. Значи нема потреба да трошите пари. Треба само да ја научите здравата исхрана, да почнете да ја применувате и воопшто да почнете да градите здрави животни навики. Што се однесува до практикување на техники на дишење, и тие можат да се научат и да се вежбаат, а кога ќе почнете да ги применувате, се разбира дека самите ќе знаете кога и како треба да дишете, затоа што апарат кој ќе ви покаже дали треба да дишите длабоко или посмирено е самиот организам кого не го купивте никаде, туку самата природа ви го подари. Е оваа природа навистина знае безобразно да се меша во нечиј профит...
А пак за едукативните емисии кои може да се гладаат преку ТВ екраните, се надевам дека ќе станат многу поинакви од досега и ќе кажат и нешто ново. Јас всушност и на новинарката Точи и напишав еден меил преку кој и понудив помош за тоа во нејзината емисија „Ходници“ да се проговори и малку поинаку на овие теми, но не добив одговор. Не знам, не можам да тврдам дека таа не е заинтересирана за тоа, можеби не го добила меилот...?
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
VEROVATNO DOEDUCIRANJETO VO RAZNITE FARMA-KUKI SI GO PRAVI SVOETO........
PA VEKE NI OBICHEN PARACETAMOL NE SE PREPISHUVA BEZ PROVIZIJA...NIKOJ OKOLU NAS NE E NI GLUV NI SLEP.....NO...........SITE NIE PACIENTITE SI PATIME OD SOPSTVENIOT UM......A UMOT NASH E OVOJ......NASATA DRZAVA NISHTO NE PRAVI ZADOLZITELNO ZDRAVSTVENO DA NE PROSVETI.........A NIE SAMITE ZNAEME SAMO DA SI KUPUVAME LEKOVI....I TOA SHTO POSKAPI TOA POUBAVI..........
AMA..............